Connect with us
no baners

Банки

Халки и неговите авантури обезбедија нова донација за децата од СОС Детско Село

Објавено

на

Слончето Халки и неговите авантури раскажани во илустрираната приказна „Сликовницата на Халки“ обезбедија нова донација за СОС Детско село. Целокупниот приход од продажбата на оваа сликовница во текот на 2022 година, Халкбанк АД Скопје го донираше како новогодишен подарок на децата и младите згрижени во СОС Детско село Скопје. Оваа активност е дел од долгорочната соработка помеѓу банката и една од најпосветените организации за поддршка на децата без родителска грижа.

„За Халкбанк важни се сите деца и токму затоа постојано правиме напори да обезбедиме еднакви услови за раст, развој и едукација на децата од СОС Детско село. Преку „Сликовницата на Халки“ од една страна обезбедуваме квалитетна литература од домашни автори за нашите нови генерации, а од друга страна ја поддржуваме мисијата на СОС Детско село“, изјави Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

Главна цел на „Сликовницата на Халки“ е да ги поттикне децата редовно да читаат книги, но и да се научат на вредности како што се заштита на животната средина, дружење во природа, прифаќање на лицата со посебни потреби и стекнување навики за штедење. Во изминатата една и пол година оваа сликовница им беше подарена на неколку илјади ученици низ целата држава. Со цел да биде достапна за што е можно поголем број деца, сликовницата е издадена на македонски, албански и турски јазик. Сликовницата се обработуваше како дел од наставата во голем број основни училишта во државата. Како дел од своите активности за промовирање на читањето, Халкбанк го донираше изданието во повеќе од 20 библиотеки во Македонија.

Халкбанк ја издаде сликовницата во соработка со Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Минатата година „Сликовницата на Халки“ го доби признанието за поттикнување општествена одговорност кое го доделува Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) во рамки на Саемот на книга во Скопје.

Својата општествена одговорност Халкбанк ја покажа и преку поддршката на ракометниот спектакл „Сите ѕвезди“, кој се одржа на 3 јануари, а средствата од продажбата на билетите беа наменети за СОС Детско село Скопје.

Доколку сакате да помогнете и да ја поддржите работата на СОС Детско село, може да донирате средства со купување на „Сликовницата на Халки“ на следниот линк.

Банки

Халкбанк и Go Digital потпишаа Меморандум за соработка – партнерство за дигитална трансформација на бизнисите

Објавено

на

Во просториите на Халкбанк АД Скопје беше свечено потпишан Меморандум за соработка со Центарот за дигитална трансформација Go Digital, со што се поставуваат темели за заеднички активности во областа на дигитализацијата и иновациите.

Од страна на Go Digital, потписник на меморандумот беше претседателот на Управниот одбор, г-дин Васко Кронески.

Соработката има за цел поддршка на дигиталната трансформација на микро, малите и средни претпријатија, преку организација на обуки, едукативни настани и иницијативи за унапредување на знаењата и вештините. Воедно, ќе се поттикнуваат инвестиции во дигитализација и зелена трансформација.

Овој чекор претставува дополнително зајакнување на заложбите за развој на современа, иновативна и конкурентна деловна средина.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка АД Скопје: Известување за неработен ден – 20.3.2026 година (петок)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод претстојниот државен празник – „Рамазан Бајрам“, на 20.03.2026 година (петок), филијалите и експозитурите на ТТК Банка АД Скопје нема да работат.

Во секое време на располагање на клиентите им се достапни услугите преку мобилното банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, како и мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје ви го честита празникот!

Продолжи со читање

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 20 март

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 20 март (петок) поради прослава на празникот Рамазан Бајрам.

На 21 март ќе работат експозитурите кои се со редовно работно време во сабота.

„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, известуваат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange