Connect with us

Банки

Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје го именуваше Тони Стојановски за нов Претседател на Управниот одбор на Банката

Објавено

на

Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје на денешната седница го именуваше Тони Стојановски за нов Претседател на Управниот одбор. Тони Стојановски ќе ја преземе функцијата Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје по добиена согласност од Народната банка на Република Северна Македонија. Во меѓувреме ќе ја преземе функцијата Помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. До добивање согласност од Народната банка за нов Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, функцијата ќе ја извршува актуелниот Претседател на Управниот одбор, Бранко Грегановиќ.

Тони Стојановски доаѓа од Стопанска банка АД – Скопје каде до неодамна, 15 години беше член на Управниот одбор на Банката. Од 2020 година, Стојановски е Генерален директор за корпоративно банкарство, а во периодот помеѓу 2010 и 2020 година, тој беше и генерален директор за управување со ризици. Пред да се приклучи на менаџерскиот тим на Стопанска банка Скопје, Стојановски извршуваше високи раководни функцииво Народната банка на Република Северна Македонија, вклучително и функцијата Генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност. 

Тони Стојановски е банкарски професионалец со повеќедецениско работно искуство во финансискиот сектор и долгогодишен член на релевантни одбори и организации: Претседател на Управниот одбор на Македонска берза АД Скопје, Заменик претседател на Македонската банкарска асоцијација и Претседател на Надзорниот одбор на Стопанска Лизинг Скопје. 

Тој е магистер на економски науки од областа на монетарната економија, сопруг и татко на две деца. 

„Почестен сум од довербата да бидам именуван за Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Ја прифаќам оваа улога со благодарност иуште поголема одговорност. Посветеноста на тимот на Банката кон напорна работа и колективната посветеност за постигнување врвни резултати, доволно зборува за потенцијалот што оваа Банка го има за да ги постигне своите цели и да ја исполни својата мисија“. истакнува Стојановски по денешната седница на Надзорниот одбор. 

Бранко Грегановиќ ја извршува функцијата Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје од јануари 2022 година. Под раководство на Грегановиќ, НЛБ Банка Скопје постигнува одлични деловни резултати, а истовремено реализирани се и бројни општествено одговорни проекти со значајно влијание во заедницата.

По именувањето на новиот Претседател на УО на Банката, Бранко истакнува: „Промените се дел од процесот на развој и составен дел од растот на Банката. Драго ми е што можам да кажам дека НЛБ Банка Скопје е добро подготвена да се соочи со идните предизвици. Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам на Тони за именувањето и да му посакам многу деловни успеси и лично задоволство во новата улога.“

Банки

Паричната маса М1 во Македонија зголемена за 11% на крајот на август

Објавено

на

Паричната маса М1 во Северна Македонија достигна 344,5 милијарди денари на крајот на август 2026 година, што претставува раст од околу 11% на годишно ниво, покажуваат податоците на Народната банка.

Во истиот период минатата година, паричната маса М1 изнесувала 309,8 милијарди денари.

Изразено во странска валута, вредноста на М1 на крајот на август изнесувала околу 5,6 милијарди евра, односно 6,4 милијарди долари.

М1 е еден од основните показатели за количината на најликвидни пари во економијата и ги опфаќа готовите пари во оптек и средствата на трансакциските сметки кои можат веднаш да се користат за плаќање.

Годишниот раст укажува на зголемување на количината на ликвидни парични средства во домашната економија во споредба со август минатата година.

Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ го лансира „Pontes“: Парите на централните банки влегуваат во светот на токенизираните средства

Објавено

на

Европскиот финансиски систем направи нов чекор кон поширока примена на дигиталните и токенизираните средства. Евросистемот го лансираше „Pontes“, решение што овозможува трансакциите со токенизирани средства на големопродажниот финансиски пазар да се порамнуваат директно во пари на централната банка.

Станува збор за првата иницијатива во рамки на пошироката стратегија на Евросистемот, чија цел е парите на централните банки да се приспособат на развојот на токенизираните финансии и на сè поголемата примена на технологијата на дистрибуирана книга на податоци – DLT.

Токенизацијата подразбира издавање или претставување финансиски и други средства во форма на дигитални токени, кои најчесто се евидентираат на DLT мрежи.

Од Европската централна банка посочуваат дека „Pontes“ ќе овозможи поврзување на постојните платежни сервиси на Евросистемот со платформи што користат DLT технологија.

„Евросистемот работи на создавање поинтегриран, поиновативен и поотпорен европски финансиски пазар во дигиталната ера“, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, додавајќи дека развојот ќе продолжи во соработка со учесниците на финансискиот пазар.

Банките и инфраструктурите на финансискиот пазар постепено ќе се приклучуваат кон системот „Pontes“.

Лансирањето на решението претставува прв конкретен чекор во пошироката стратегија на Евросистемот за развој на инфраструктура што ќе овозможи и трансакциите со токенизирани средства да се порамнуваат со користење пари на централната банка.

Овој модел е значаен бидејќи парите на централната банка се сметаат за најбезбедно средство за конечно порамнување на финансиските трансакции. Со тоа, ЕЦБ настојува да ја задржи оваа улога и во услови на развој на новите дигитални финансиски пазари.

„Pontes“ е дел од поширокиот процес во кој европските монетарни власти ја поврзуваат традиционалната финансиска инфраструктура со новите технологии и пазарите на дигитални средства, при што фокусот останува на финансиската стабилност, сигурноста и ефикасноста на плаќањата.

Продолжи со читање

Банки

Мастеркард и Стопанска банка најавуваат нови решенија за развој на дигиталните плаќања

Објавено

на

Дигиталните плаќања во Македонија продолжуваат да растат, а вредноста на електронските и картичните трансакции се зголемува со побрзо темпо од повлекувањето готовина, што укажува на промена во платежните навики на граѓаните.

Ова го посочува Бартож Циолковски од Мастеркард, говорејќи за новото партнерство со Стопанска банка и потенцијалот за понатамошен развој на дигиталниот платежен екосистем во земјата.

„Тоа претставува јасен показател за структурни промени во навиките и однесувањето на клиентите“, истакнува Циолковски, посочувајќи дека просторот за понатамошен развој останува значителен.

Партнерството меѓу Мастеркард и Стопанска банка е насочено кон унапредување на дигиталните плаќања и подобрување на корисничкото искуство, како и кон воведување нови дигитални решенија.

Следната фаза од дигитализацијата, според Циолковски, ќе подразбира пошироко прифаќање на безготовинските плаќања кај трговците, развој на понапредни дигитални банкарски услуги и дополнително зајакнување на електронската трговија.

Посебен фокус се очекува да има и на малите бизниси и нивното поголемо вклучување во дигиталната економија.

За забрзување на овој процес ќе биде потребна континуирана соработка меѓу банките, трговците, регулаторите и технолошките компании, со цел создавање подостапни, побезбедни и поедноставни дигитални платежни решенија за корисниците.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange