Connect with us
no baners

Анализи

Цената на златото стабилна по рекордниот раст: Над 7.900 денари за грам во Македонија

Објавено

на

Цената на златото и денеска останува на историски високи нивоа и се движи околу 4.708 долари за унца, со минимални дневни осцилации од 0,01 до 0,03 проценти во раното тргување.

Според најновите податоци од светските пазари, една унца злато се продава за меѓу 4.708,00 и 4.708,20 долари, додека цената по грам изнесува околу 151,37 долари. Вредноста на еден килограм злато достигнува приближно 151.372 долари.

На европскиот пазар цената изнесува околу 4.009 евра за унца, додека во Македонија 24-каратно злато се продава за околу 7.940,56 денари по грам.

Пазарните аналитичари посочуваат дека златото во изминатите 12 месеци бележи раст од повеќе од 40 проценти, што го прави еден од најисплатливите безбедни инвестициони инструменти во период на глобална економска неизвесност.

Денешната стабилизација на цената доаѓа по благ пад на 13 мај, кога американските инфлациски податоци влијаеја врз расположението на инвеститорите и ги намалија очекувањата за брзо и агресивно намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД.

Цените на златото продолжуваат да се менуваат во текот на денот во зависност од движењата на светските берзи и тргувањето на пазарите COMEX и APMEX.

Анализи

Волстрит руши рекорди: Аналитичарите предупредуваат на нова „дот-ком“ еуфорија поради вештачката интелигенција

Објавено

на

Волстрит повторно руши рекорди, а сè почесто на пазарот се појавуваат споредби со еуфоријата од крајот на деведесеттите и „дот-ком“ балонот. Главниот двигател овојпат е вештачката интелигенција, која ги турка технолошките акции кон нови историски врвови.

Индексите S&P 500 и Nasdaq во последните денови се движат околу рекордни нивоа, поттикнати од силните корпоративни резултати и значително повисоките очекувања за профит во 2026 и 2027 година. Истражувачката куќа Yardeni Research ја зголеми прогнозата за S&P 500 на 8.250 поени до крајот на годината, поради подобрените проценки за заработката на компаниите.

Најголемо внимание привлекуваат технолошките и полупроводничките компании поврзани со вештачката интелигенција. Аналитичарите на Evercore ISI предупредуваат дека атмосферата на пазарот сè повеќе потсетува на 1999 година, кога инвеститорите масовно купуваа интернет-компании без оглед на нивните реални приходи.

Сепак, денешната ситуација има и клучна разлика. Компании како Nvidia, Microsoft, Alphabet и Amazon остваруваат реални приходи и профити, а побарувачката за AI инфраструктура, дата-центри, чипови и cloud услуги продолжува да расте.

Но, аналитичарите предупредуваат дека растот на пазарот станува сè поконцентриран во мал број технолошки акции, додека голем дел од останатите компании не го следат истиот тренд. Инвестицискиот стратег Џонатан Крински посочува дека неодамна бил забележан редок феномен – повеќе акции од S&P 500 паднале на нови годишни минимуми, иако самиот индекс поставувал рекорди.

Главниот инвестициски директор на Bleakley Financial Group, Питер Буквар, предупредува дека ваква комбинација на рекордни индекси и слабост кај дел од акциите во историјата била забележана само во 1929, 1973 и 1999 година – периоди кои подоцна завршиле со сериозни пазарни корекции.

Брокерот Ненад Гујаничиќ оценува дека денешните технолошки компании се многу посилни од интернет-компаниите од почетокот на 2000-тите, но предупредува дека AI циклусот ги претвора во сè поинтензивни капитални бизниси, со огромни вложувања и зголемени трошоци. Според него, клучното прашање ќе биде дали тие инвестиции ќе донесат доволно профит за да ги оправдаат сегашните високи вреднувања на акциите.

Аналитичарите сметаат дека вештачката интелигенција навистина може да предизвика економска револуција, но предупредуваат дека дури и вистинските технолошки револуции во минатото често завршувале со преголеми очекувања и финансиски балони.

Извор: Финансије.хр

Продолжи со читање

Анализи

Кои европски економии растат најбрзо во 2026 година: Кипар, Бугарија и Шпанија пред остатокот од ЕУ

Објавено

на

Европската економија значително забавува во 2026 година, но неколку земји бележат раст далеку над просекот на еврозоната, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Според извештајот, економијата на еврозоната пораснала за само 0,8 проценти на годишно ниво во првиот квартал од 2026 година, што претставува значително забавување во споредба со крајот на 2025 година. Во исто време, три земји се издвојуваат со раст неколкукратно повисок од европскиот просек – Кипар, Бугарија и Шпанија.

Кипар е најбрзорастечката економија во Европската унија со раст од 3 проценти во првиот квартал. Растот е поттикнат од силната приватна потрошувачка, инвестициите поддржани од европските фондови и рекордната туристичка сезона. Сепак, земјата се соочува со нови ризици поради конфликтот на Блискиот Исток и растот на цените на енергенсите. Инфлацијата во април достигнала 3 проценти, а туристичките пристигнувања паднале за 30 проценти во март.

Бугарија, која од 1 јануари 2026 година официјално го воведе еврото, остварила раст од 2,9 проценти. Европската централна банка оценува дека бугарската економија веќе долго време е тесно поврзана со еврозоната, особено преку извозот и автомобилската индустрија. Но, економистите предупредуваат на растечки инфлаторни притисоци и проширување на буџетскиот дефицит. Инфлацијата во април достигнала 6,2 проценти, што е меѓу највисоките стапки во Европската унија.

Меѓу големите европски економии, Шпанија повторно е најуспешна со годишен раст од 2,7 проценти. Домашната побарувачка, потрошувачката на домаќинствата и инвестициите остануваат главни двигатели на растот. Шпанската невработеност паднала на 10,5 проценти, што е најниско ниво од 2008 година. Сепак, аналитичарите предупредуваат на слаб раст на продуктивноста и висок јавен долг.

Добри резултати бележат и Унгарија и Финска, додека Полска се очекува да објави уште посилен раст во наредните месеци. Аналитичарите оценуваат дека економскиот раст во Европа во 2026 година сè повеќе се префрла кон јужните и источните членки на Унијата, додека традиционалните индустриски сили како Германија, Франција и Италија растат значително побавно.

Извор: Euronews

Продолжи со читање

Анализи

Пензиските фондови во Македонија со средства од речиси 200 милијарди денари

Објавено

на

Нето средствата со кои управуваат трите задолжителни пензиски фондови во Северна Македонија достигнале 199,7 милијарди денари во април, што претставува раст од 3,5 проценти во споредба со крајот на претходниот месец, покажуваат податоците на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

Најголем дел од средствата ги управува КБ Прво пензиско друштво преку фондот КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд, со нето средства од 96,2 милијарди денари.

Следува Сава пензиско друштво со пензиски фонд и средства во вредност од 85,2 милијарди денари, додека Tриглав пензинско друштво преку Триглав отворен задолжителен пензиски фонд управува со 18,4 милијарди денари.

Според податоците на МАПАС, на крајот на април КБ фондот имал 287.931 членови, Сава 266.935, а Триглав 80.374 клиенти.

КБ Прво пензиско друштво е во косопственост на словенечката Скупина прва и Комерцијална банка.

Сава пензиско друштво е во сопственост на словенечкиот реосигурител Сава ре, додека Триглав пензиско друштво е дел од словенечката осигурителна група Триглав.

Според последните податоци, Северна Македонија има население од околу 1,8 милиони жители.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange