Connect with us
no baners

Бизнис

Самитот „Македонија 2025“ продолжува со фокус на економијата, вештачката интелигенција и дијаспората

Објавено

на

Во Скопје денеска продолжува вториот ден од Самитот Macedonia 2025 Summit, на кој во фокусот се економскиот развој, дигиталната трансформација и улогата на дијаспората во развојот на државата.

Меѓу темите на денешните панел-дискусии се „Одлуки што ги обликуваат економиите“, „Победа со вештачка интелигенција: Од возбуда до вистинска конкурентска предност“ и „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“.

Самитот се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, а учесниците дискутираат за конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, новите технологии и можностите за економски раст.

Предвидено е на затворањето на настанот обраќање да има министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

На отворањето на самитот вчера говореше и премиерот Христијан Мицкоски.

Бизнис

ЕВН пушти во употреба најголем батериски систем за складирање електрична енергија во Македонија

Објавено

на

Компанијата EVN Macedonia пушти во употреба нов систем за складирање електрична енергија со батерии, кој според компанијата е најголемиот лиценциран капацитет од ваков тип во земјава.

Станува збор за батериски систем со инсталирана моќност од 10 мегавати и капацитет за складирање од 20 мегават-часови, со што EVN AG преку својата македонска подружница прави нов чекор во развојот на енергетската инфраструктура и интеграцијата на обновливи извори на енергија.

Од компанијата посочуваат дека ваквите системи имаат значајна улога во стабилизирање на електроенергетската мрежа, подобро управување со потрошувачката и поефикасно користење на електричната енергија произведена од обновливи извори.

Батериските системи за складирање енергија во последните години стануваат сè поважен дел од енергетските стратегии во Европа, особено во услови на зголемена употреба на сончева и ветерна енергија.

Продолжи со читање

Бизнис

Финтек револуција во Македонија: Flex Pay официјално доби лиценца за издавање електронски пари од Народната банка

Објавено

на

Во период на интензивна дигитализација на финансискиот сектор, Flex Group ја потврди својата стратешка доминација со уште еден клучен деловен успех. Нивната членка, Flex Pay, официјално доби дозвола од Народната банка на Република Северна Македонија за работење како институција за електронски пари.

Со оваа одлука, Flex Pay овозможува модерна алтернатива на традиционалните платежни сервиси преку брзи, сигурни и целосно дигитализирани платежни решенија, носејќи ново искуство на тивки и невидливи плаќања. Овој успех доаѓа како логично продолжение на рекордниот раст на Flex Group, групација која преку своите членки е позиционирана како број 1 на македонскиот пазар на финансиски друштва.

За менаџментот на компанијата, лиценцата е само почетна точка во реализација на една поширока, глобална амбиција.

„Добивањето на лиценцата е потврда за нашиот професионализам, но за нас вистинскиот успех ќе дојде кога ќе изградиме институција што ќе стане глобален симбол за модерни и финансиски услуги. Сакаме да поставиме нов стандард на пазарот каде довербата и иновацијата одат рака под рака, креирајќи вредност за секој корисник“, изјави Сашка Костовска-Длака, генерална директорка на Flex Pay.

Flex Pay планира да ја редефинира достапноста на паричните трансфери и трансакции, водејќи се од корпоративното мото: „Платежни услуги за секого!“.

Со ова, Flex Group го заокружува својот екосистем, нудејќи интегрирана платформа која ги опфаќа сите аспекти на личните финансии – од кредитирање и осигурување, до наплата и најсовремени дигитални плаќања.

Продолжи со читање

Бизнис

Бројот на странски туристи во Македонија пораснал за 7,4 проценти во март

Објавено

на

Бројот на странски туристи кои ја посетиле Македонија во март годинава се зголемил за 7,4 проценти во споредба со истиот месец лани и достигнал 59.367 посетители, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците, бројот на ноќевања реализирани од странските туристи изнесувал 98.646, што претставува раст од 3,8 проценти на годишно ниво.

Најголем број странски туристи во март дошле од Германија – 9.645, по што следуваат туристите од Грција со 9.090 и од Франција со 4.945 посетители.

Во периодот јануари-март, бројот на странски туристи е зголемен за 6,9 проценти и достигнал 124.891, додека бројот на нивните ноќевања изнесувал 213.913, што е раст од 0,2 проценти.

Истовремено, бројот на домашни туристи во март изнесувал 14.554, што е намалување од 6,9 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Домашните туристи оствариле 35.587 ноќевања, односно 3,7 проценти помалку во споредба со март 2025 година.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange