Connect with us
no baners

Банки

Народната банка објави повик за трудови за 57. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

no baners

Народната банка ги повикува истражувачите да се пријават за учество на 57. сесија на Клубот на истражувачите, која ќе се одржи на 27 март 2025 година (петок) со почеток во 13 часот, во просториите на Народна банка на Република Северна Македонија.

Од институцијата ги охрабруваат сите заинтересирани автори да достават свој работен материјал за презентација на сесијата најдоцна до 18 март 2025 година (среда), на електронската адреса [email protected].

Трудовите треба да бидат подготвени во согласност со современите научноистражувачки стандарди, што подразбираат примена на емпириска анализа и јасно систематизирани заклучоци. На Клубот може да се презентираат и истражувања во работна верзија, со цел поттикнување стручна дебата и размена на мислења.

Клубот на истражувачите функционира како отворена платформа за презентација и дискусија на научни трудови, со посебен фокус на монетарната политика и макроекономијата. Членството е од отворен карактер, а повеќе информации за условите и начинот на приклучување се достапни на веб-страницата на Народната банка.

no baners

Банки

Централна кооперативна банка: Исплатени пензиите за февруари

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека средствата по основ на пензии за месец февруари 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.

Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (2 март 2026 година).

Продолжи со читање

Банки

Нето-добивката на Erste Групација лани достигна 249 милиони евра

Објавено

на

Нето-добивката на „Erste&Steiermärkische Bank“ (ESB) на ниво на групација, по одбивање на малцинските интереси, во 2025 година изнесува 249 милиони евра, што претставува раст од 0,8 проценти во однос на претходната година.

Нето-приходот од камати на ESB групата достигнал 442 милиони евра, што е зголемување од 1,8 проценти во споредба со 2024 година. Истовремено, нето-приходот од провизии и надоместоци изнесувал 144 милиони евра, што претставува значителен раст од 7,5 проценти на годишно ниво.

Вкупната актива на групата на крајот на декември 2025 година достигнала 17,6 милијарди евра, што е за 6,8 проценти повеќе во однос на крајот на 2024 година, кога изнесувала 16,5 милијарди евра. Кредитите кон клиентите на крајот на минатата година изнесувале 10,5 милијарди евра, бележејќи раст од 8,5 проценти. Истовремено, депозитите на клиентите достигнале 13,6 милијарди евра, што претставува зголемување од 8,3 проценти во однос на претходната година.

„Во текот на 2025 година ги задржавме стабилните и позитивни оперативни трендови, што резултираше со солидни финансиски резултати на банката и локалната групација. Забележавме раст на кредитирањето и во сегментот на населението и во сегментот на корпоративните клиенти, додека депозитите продолжија со стабилен пораст. Истовремено, користењето на нашите дигитални канали бележи силен и континуиран раст“, изјави претседателот на Управата на „Erste&Steiermärkische Bank“, Кристоф Шефбек.

Според неревидираниот неконсолидиран финансиски извештај, кој ги опфаќа резултатите на банката без зависните друштва, нето-добивката на Erste банката во 2025 година изнесува 230 милиони евра, што е зголемување од 1,8 проценти во однос на претходната година.

Во истиот период, нето-приходот од камати е зголемен за 5,9 проценти и достигнал 397 милиони евра, додека нето-приходот од провизии и надоместоци пораснал за 15,3 проценти, на 113 милиони евра. Најголем дел од овој раст се должи на интеграцијата на сегментот за издавање кредитни картички од Erste Card Club во рамки на Erste банката, се наведува во соопштението.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка ја зајакнува заштитата на готовинскиот платен промет со нова напредна технологија

Објавено

на

Дирекцијата за трезорско работење при Народната банка ја унапреди својата техничка опременост со современ уред за спектрална анализа од типот „Regula“, со цел дополнително зајакнување на сигурноста на готовинскиот платен промет и заштитата на граѓаните од фалсификувани банкноти.

Со примената на оваа напредна технологија се овозможува брзо, прецизно и детално откривање на најсуптилните разлики меѓу оригиналните и фалсификуваните банкноти, без разлика дали станува збор за денари или за други валути што циркулираат во оптек. Новиот систем овозможува и засилена контрола на квалитетот на новите изданија на банкноти, што дополнително ја зголемува безбедноста и довербата во готовинските плаќања.

Со ова се очекува:

  • Поголема заштита од фалсификати
  • Побрза и поточна анализа на сомнителни банкноти
  • Засилена контрола на квалитетот кај новите изданија банкноти

Од Народната банка истакнуваат дека ваквите инвестиции значат директна заштита на финансиските средства на граѓаните и компаниите и претставуваат дел од континуираните напори за примена на највисоки стандарди и современи технологии во функција на стабилен и безбеден финансиски систем.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange