Банки
Зелени инвестиции за почиста иднина: ТТК Банка АД Скопје, УНДП и ИОМ склучија договори за соработка
ТТК Банка АД Скопје и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) заедно со Меѓународната организација на миграции (ИОМ) потпишаа договори за соработка во рамките на Заедничката програма на Глобалниот фонд на ОН „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени, поддржана од Joint SDG Fund при Обединетите нации.
Ова е важен чекор кон обезбедување финансиска и техничка поддршка за домаќинства од недоволно опслужени групи, со цел да им се овозможи пристап до одржливи и зелени инвестиции.
Поволната и прилагодена кредитна понуда на ТТК Банка како и техничката помош и грант врз база на успешност од 30% од вредноста на кредитот преку УНДП и ИОМ ќе бидат достапни за домаќинствата од недоволно опслужените целни групи, дефинирани во програмата, како што се: домаќинства каде што главен носител на приходoт е жена; самохрани родители; домаќинства со лица со попреченост; ромски домаќинства; повратници од странство и приматели на дознаки од странство.
Програмата ќе им помогне на овие домаќинства да инвестираат во обновливи извори на енергија и енергетски ефикасни решенија, со што ќе се придонесе, не само за намалување на емисиите на штетни гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, туку и за намалување на животните трошоци и унапредување на животниот стандард на овие категории корисници.

Ова партнерство ја покажува и заложбата на ТТК Банка АД Скопје да ја поддржи заедницата преку иновации во финансиските решенија кои придонесуваат за унапредување на одржливиот развој и зачувување на животната средина.
„Со задоволство ја најавуваме нашата соработка со агенциите на Обединетите нации – УНДП и ИОМ преку програмата „Зелен финансиски инструмент“ (Green Finance Facility). Оваа програма е клучен чекор од нашата стратегија за еколошка и социјална одржливост, со цел да дадеме директен придонес во борбата со климатските промени. ТТК Банка АД Скопје е посветена на поддршка на заедницата преку иновации во финансиските решенија кои промовираат одржлив развој и заштита на животната средина“, изјави Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје – проф. д-р Драгољуб Арсовски.
Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан ја потенцираше потребата од оваа програма, со оглед на проблемот со загадување на воздухот во земјата. „Решенијата постојат, но транзицијата кон почисти технологии и практики бара значителни инвестиции, а пристапот до финансии е голема бариера. Токму затоа, Зелениот финансиски инструмент игра клучна улога. Програмата овозможува пристап до финансии и техничка помош за оние на кои им е најпотребно – недоволно опслужените домаќинства од социјални групи како жени, самохрани родители, лица со попреченост, приматели на дознаки, повратници од странство и др. Дополнително на тоа, ова е финансиски механизам во кој се здружени повеќе партнери со иста цел – забрзувањето на зелената транзиција во земјата за постигнувањето на Агендата 2030 и целите на одржливиот развој“ рече Григорјан.
Со потпишувањето на овие договори, ТТК Банка АД Скопје, УНДП и ИОМ покажуваат силна посветеност на зелениот финансиски сектор, кој игра клучна улога во борбата против климатските промени и промоцијата на одржливи и инклузивни економии.
Банки
НЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година е реализирана, информираат од НЛБ Банка.
Корисниците на оваа помош средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време, без ограничување на работното време на банките.
Воедно, клиентите се потсетуваат дека средствата можат да ги користат и безготовински, односно за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, што овозможува побрзо и поедноставно користење на средствата.
Банки
Комерцијална банка: Потпишувањето налози преку Интернет банка сега со само еден чекор
Комерцијална банка АД Скопје информира дека со користење на услугата Интернет банка потпишувањето налози може да се извршува на многу поедноставен начин. Банката посочува дека новата функционалност овозможува едноставна политика за потпишување денарски налози, при што плаќањето се реализира со само еден чекор.
Со ова решение, корисниците добиваат помалку административни процедури и поголема ефикасност во секојдневното работење, што значително го олеснува управувањето со финансиските трансакции.
Од Комерцијална банка објаснуваат дека преку Интернет банка клиентите можат побрзо и поедноставно да ги извршуваат своите плаќања, а дополнителни информации за начинот на користење се достапни во видео туторијалот објавен на официјалниот линк на банката.
Банки
Стопанска банка нуди брзи и сигурни трансакции со картичките и лесно следење на трошоците преку телефон
Со картичките на Стопанска банка клиентите добиваат брзи и сигурни трансакции, како и практична контрола врз своите финансии. Банката им овозможува на корисниците преку современи дигитални услуги лесно да ги следат своите трошоци директно од мобилниот телефон.
Со ова решение, клиентите можат во секое време да имаат увид во направените плаќања, состојбата на сметката и тековните трансакции, што овозможува подобро управување со личниот буџет. Дигиталните алатки на Стопанска банка се наменети да обезбедат поголема удобност, безбедност и контрола во секојдневното користење на банкарските услуги.
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Продуктипред 2 месециШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол



