Connect with us

Останато

Шеста година по ред „Среќно прваче“ -Халкбанк им подари Буквар за финансиска писменост на првачињата

Објавено

на

Со Буквар за финансиска писменост и училиштен прибор, Халкбанк им посака топло добредојде на првачињата од општините Кисела Вода, Прилеп и Берово. Активноста е дел од иницијативата „Среќно прваче“, која банката ја спроведува шеста година по ред, со цел да ја поддржи едукацијата на децата уште од најмала возраст. Годинава, првачињата на училишните клупи ги пречека пакетче со ликот на слончето Халки, кое е симбол на детското штедење на Халки и носител на голем број активности за општествена одговорност на банката. 

Букварот за финансиска писменост содржи триесетина основни финансиски поими кои се илустрирани и опишани на јазик разбирлив за возраста на првачињата. Преку него тие можат да ги научат основите на финансиската писменост и да стекнат корисни навики за штедење. 

Среќно прваче е една од нашите најдраги активности бидејќи е посветена на првачињата, кои денес, на 1-ви септември, почнуваат нова епизода во својот живот. Нашата цел е преку специјално дизајнираните пакетчиња да им испратиме порака дека учењето нови работи може да биде забавно и на тој начин да се почувствуваат прифатени во новата училишна средина. Букварот на Халки е уникатно издание кое на првачињата ќе им овозможи да научат и нешто ново и интересно за финансиската одговорност“, вели вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Иницијативата „Среќно прваче“ секоја година се спроведува во различни општини од повеќе региони во Македонија. Годинава, од скопските општини, е вклучена Кисела Вода, каде активноста ќе се реализира во сите осум основни училишта. 

Грижата за децата е еден од стожерите во работата на Општина Кисела Вода и токму затоа со задоволство се вклучивме во иницијативата „Среќно прваче“ на Халкбанк, која веќе традиционално претставува симбол на внимание и посветеност кон најмладите. Образованието не е само она што се стекнува во училишните клупи, туку и градењето корисни навики кај децата преку примери на општествена одговорност и креирање подобри услови за нивен непречен раст и развој. Само заедно, со учество на сите општествени фактори, можеме да изградиме подобра заедница за нашите млади, за нашата иднина“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода. 

Дополнително, Халкбанк ќе им посака среќен почеток и на сите првачиња во општините Прилеп и Берово. 

Горд сум што Општина Прилеп се приклучува на овааопштествено – одговорна иницијатива „Среќно прваче“ на Халкбанк. Со подарување пакетчиња за првачињата, заедно се грижиме да им обезбедиме радосен и достоинствен почеток на новата учебна година. Особена вредност има што покрај основниот училишен прибор, децата го добиваат и „Букварот на Халки“, кој ги запознава со важните теми на финансиската писменост уште од најмала возраст“, изјави градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

Искрена благодарност до Халкбанк за донираниот училишен прибор за нашите најмали – првачињата. Оваа донација е прекрасен гест и силна поддршка за нивниот прв чекор во образованието. Заедно со вакви партнери градиме посветла иднина за децата и вложуваме во највредното –знаењето“, рече градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

Покрај „Среќно прваче“, Халкбанк преку слончето Халки спроведува голем број активности за поддршка на децата и младите, кои главно се насочени кон градење позитивни навики за инклузија, заштита на животната средина, развој на креативноста, одговорно родителство.

Останато

Трамп доби своја монета од еден долар во САД

Објавено

на

Ликот на американскиот претседател Доналд Трамп се најде на нова монета од еден долар, издадена по повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави. Со тоа Трамп стана првиот жив американски претседател во последните сто години чиј лик се појавува на монета во оптек.

Американската ковница ја пушти монетата во продажба во средата, 2 септември. На предната страна е портретот на Трамп, заедно со натписите „LIBERTY“, „IN GOD WE TRUST“ и „1776 ~ 2026“, додека на задната страна е претседателскиот печат и бројот 250, во чест на големиот јубилеј.

Ролна од 25 монети се продава за 61 долар, а пакет од 100 монети за 154,50 долари. Побарувачката била голема, а дел од понудата била распродадена само неколку часа по почетокот на продажбата.

Иако имаат златна боја, монетите не содржат вистинско злато. Според американската Ковница, тие се изработени претежно од бакар, со 6 проценти цинк, 3,5 проценти манган и 2 проценти никел.

Монетите имаат номинална вредност од еден долар и можат да се користат како законско платежно средство, иако Ковницата ги промовира и како колекционерски изданија. Дополнително, 250.000 примероци биле исковани на 4 јули со специјална ознака и по случаен избор се вклучени во пакетите што се продаваат.

Појавувањето на ликот на жив претседател на американска валута предизвика и правни полемики, бидејќи американските прописи генерално го ограничуваат прикажувањето живи личности на парите. Администрацијата, сепак, се повикува на законските овластувања поврзани со специјалните дизајни за одбележување на 250-годишнината на САД.

Продолжи со читање

Останато

МФ: За првпат национална сертификација за внатрешните ревизори во јавниот сектор

Објавено

на

Министерството за финансии за првпат ќе организира национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор, со што се воведува и национална сертификација за оваа професионална функција.

Од Министерството оценуваат дека ова е важен чекор во зајакнувањето на системот на внатрешна финансиска контрола и во професионализацијата на ревизорските единици во јавните институции.

Спроведувањето на испитот, како што посочуваат, треба да придонесе за поголеми капацитети на единиците за внатрешна ревизија, но и за поодговорно, законско и транспарентно работење на институциите.

Од Министерството нагласуваат дека националната сертификација е дел и од активностите за зајакнување на механизмите за спречување на корупцијата и подобрување на контролата во јавниот сектор.

Воведувањето на националниот испит е значајно и во контекст на евроинтегративниот процес. Со неговото организирање се исполнува дел од препораките на Европската Унија во рамки на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, а истовремено се придонесува и кон реализација на обврските од Реформската агенда.

Материјалите за подготовка, како и испитните прашања, веќе се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии.

Тие се подготвени со техничка и експертска поддршка од Европската Унија за Централната единица за хармонизација при Министерството за финансии.

Министерството најавува дека во следниот период дополнително ќе информира за роковите и останатите чекори поврзани со организирањето и спроведувањето на испитот.

Продолжи со читање

Останато

Привремено недостапни телефонските линии на Контакт центарот на УЈП

Објавено

на

Управата за јавни приходи информира дека телефонските линии на Контакт центарот се привремено недостапни, а во тек се активности за отстранување на причините за прекинот.

Од УЈП посочуваат дека во моментов не се во функција телефонските броеви 198, 02/3253-200 и 0800 33 000, при што последниот број е достапен само од фиксни оператори.

До повторното воспоставување на телефонските линии, граѓаните и даночните обврзници се упатуваат да ги користат останатите канали за комуникација.

Физичките лица можат да се обратат во надлежната канцеларија на УЈП според адресата, додека правните лица според седиштето на компанијата. За информации е достапна и електронската адреса [email protected].

Од Управата за јавни приходи им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и најавуваат дека се преземаат активности за нормализирање на работата на Контакт центарот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange