Connect with us
no baners

Банки

Вицегувернерката Нацевска на јубилеј на АЦИ Македонија: Народната банка спроведе реформи за развој на финансиските пазари со видливи резултати

Објавено

на

„Народната банка посветено работеше во изминатиот период и спроведе значајни реформски процеси за поставување на домашните финансиски пазари. И во иднина, ќе остане активен двигател и поддржувач на реформските процеси за унапредување на домашните финансиски пазари, во тесна соработка со сите релевантни банкарски здруженија, државните институции и со останатите чинители на домашните финансиски пазари. Нашата цел е да создадеме посигурно, поефикасно и поконкурентно финансиско окружување, кое ќе го поддржи економскиот раст и ќе придонесе за просперитетот на нашата земја“. Ова беше посочено од страна на вицегувернерката Емилија Нацевска во поздравното обраќање на 30-тото јубилејно Годишно собрание на Здружението на финансиски пазари – АЦИ Македонија.

Домашните финансиски пазари се клучната алка во спроведувањето на монетарната политика, па затоа Народната банка уште од монетарното осамостојување активно соработува со банките со цел воспоставување на функционален, ликвиден и транспарентен  девизен пазар и пазар на пари. Истовремено, Народната банка активно го поддржува примарниот пазар на државни хартии од вредност на којшто се формира т.н. безризична крива на принос, значајна за развој на останатите сегменти од финансиските пазари, при што го воспостави и секундарниот пазар на државни хартии од вредност. Воспоставувањето и континуираниот развој на овие пазари овозможи ефикасно спроведување на интервентната политика на Народната банка за одржување на стабилноста на девизниот курс на домашната валута, поефикасна трансмисија на сигналите на монетарната политика и посигурно и поевтино позајмување на финансиски средства помеѓу учесниците на пазарите. Сето тоа придонесе за постепено јакнење и одржување на стабилноста на домашниот финансиски сектор  во функција на континуирана поддршка на економската активност на фирмите и домаќинствата.

„Во контекст на пошироките развојни процеси во финансискиот сектор, сакам да истакнам едно значајно достигнување оваа година, кое ја рефлектира заедничката заложба на Народната банка, банките и другите релевантни институции, прифаќањето на нашата земја во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). За граѓаните, компаниите, но и институциите, ова значи можност за подигнување на нивото на финансискиот квалитет и стабилност, што дополнително ќе го зајакне целокупниот економски амбиент, отворајќи простор за натамошен развој и продлабочување на тргувањето на домашните, но и на меѓународните пазари“, посочи вицегувернерката Нацевска во обраќањето.

Во таа насока, беше истакнато дека Народната банка активно го следи процесот на подготовка на банките за пристапување во СЕПА шемата за кредитен трансфер, обезбедувајќи континуирана техничка и стручна поддршка. „Иако процесот е долг и најраниот датум за прифаќање на банките од новите земји членки е 6 октомври 2025 година, со задоволство можам да споделам дека една банка веќе поднесе апликација за членство до Европскиот совет за плаќања, а повеќето банки се во напредна фаза на подготовка. Ова е јасен сигнал дека сме на добар пат – со одговорен пристап, стратешка визија и соработка меѓу институциите – да се вградиме рамноправно во европскиот финансиски простор“, посочи Нацевска.

Соработка на Народната банка со АЦИ Македонија е од почетоците на здружението во 1996 година, кое беше основано на иницијатива и со поддршка на Народната банка. Здружението АЦИ Македонија ги обединува претставниците на банкарскиот сектор коишто работат на домашните финансиски пазари и претставува платформа за развивање добри професионални односи, зголемување на меѓусебната доверба, размена на искуства и постојана професионална едукација на вработените во банкарскиот сектор. Здружението во 2001 година стан дел од меѓународното семејство на здружение на банкарски работници на финансиските пазари, кое оваа година прославува исто така значаен јубилеј, односно 70 години постоење. Едукацијата и промовирањето на етичко однесување на овој сегмент на банкарски професионалци и во иднина ќе биде во фокусот на активностите на Народната банка како партнер на здружението АЦИ Македонија.

Банки

Предности и поволности на новата Халки картичка за деца

Објавено

на

Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.

Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.

Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior
картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.

  • Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
  • Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
  • Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
  • Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
  • Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
  • Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
  • Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година

Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.

Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.

Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.

Продолжи со читање

Банки

Естонската групација Иуте го доби државниот тендер во Украина за основање на дигитална банка

Објавено

на

Групацијата Иуте – дигитална банкарска групација основана во Естонија под чијашто капа работи Иуте Македонија, го доби државниот тендер во Украина за преземање на средства и депозитни обврски на RWS Bank Украина, банка со повеќе од 30 години историја која во минатото беше дел од Swedbank групацијата, со што официјално го означува својот влез на украинскиот пазар и отпочнување на процесот за основање целосно дигитална банка, по официјалното регулаторно одобрување кое следи наскоро.

IuteBank ќе биде основана како целосно лиценцирана дигитална банка, изградена од темел и под супервизија на Народната Банка на Украина. Вкупната инвестиција на Иуте во Украина ќе изнесува 15 милиони евра.

Финализирањето на трансакцијата, вклучително и преносот на околу 13.000 клиенти, ќе биде спроведено по финалното одобрување од Народната банка на Украина, кое се очекува до крајот на месецов. 

Според Извршниот директор на групацијата, Тармо Силд, овој чекор е дел од долгорочната стратегија на групацијата за поставување на темелите на дигитална банка, при што географската експанзија претставува природна еволуција на бизнисот.

Влезот во Украина се темели на нашата доверба во иднината на земјата и нејзината интеграција во европскиот економски простор. Украина ја гледаме како значајна можност за раст – и за Иуте и за Европа. Војната ја трансформираше земјата во еден од најдигитализираните финансиски пазари, со шеста најголема популација во Европа и со значајна промена во националниот менталитет. Верувам дека Украина ќе го предводи растот во следните пет години, благодарение на храброста на нејзиниот народ,“ изјави Силд.

IuteBank ја градиме од почеток – преземаме внимателно селектирани средства и соодветни депозитни обврски од RWS Bank. Овој пристап резултира со ниска почетна актива, под 10 милиони евра,“ појасни Силд.

Новата банка ќе работи под името IuteBank и ќе биде под супервизија на Народната Банка на Украина, со целосна банкарска лиценца што овозможува нудење на основни банкарски услуги за физички и правни лица, вклучувајќи сметки, картички, депозити, кредити, плаќања, девизно работење, како и готовински и клиринг услуги.

IuteBank ќе ја предводи Артур Муравицки, искусен банкарски професионалец од Украина со повеќе од 22 години искуство во финансискиот сектор. Според Муравицки, фокусот е на изградба на целосно дигитална банка уште од првиот ден.

Следните чекори вклучуваат докапитализација на банката, формирање на клучниот тим и исполнување на сите барања на Народната Банка на Украина за започнување со редовно работење. Од самиот почеток, процесот е поддржан од Фондот за гарантирање на депозити и од Националната банка на Украина, чија соработка беше од суштинско значење за напредокот на проектот,“ изјави Муравицки.

Во првата година, фокусот ќе биде ставен на лансирање на дигиталната апликација и клучните финансиски производи, како и на иницијално привлекување клиенти. Во следната фаза, банката ќе се насочи кон еволуирање на бизнисот, зголемување на обемот и проширување на понудата на производи и услуги.

Иуте нагласува дека експанзијата во Украина се спроведува со истата дисциплина во управувањето со ризикот, како и на сите други пазари на кои групацијата е присутна.

Ризиците во Украина ги третираме на ист начин како и во секоја друга земја. Поставивме внатрешен праг според кој вкупната инвестиција во Украина нема да надмине 15 милиони евра, сè додека не се постигнат одредени прагови на приходи и профитабилност и додека не заврши војната. За 2026 година, очекуваме нето-загубата на банката да не надмине 3 милиони евра,“ додаде Силд.

Започнува ново поглавје за групацијата Иуте и сите земји подружници.

Продолжи со читање

Банки

Народна банка: Натамошен динамичен раст на дигиталните плаќања

Објавено

на

Обемот и вредноста на платежните трансакции растат и во текот на третиот квартал од 2025 година. Дигиталните начини на плаќања и понатаму бележат особено брз раст, со што се потврдува сѐ поголемата дигитализација и модернизација на плаќањата.

Во однос на плаќањата со кредитни трансфери, во споредба со истиот период од минатата година, нивниот број е зголемен за 7,0%, а вредноста за 15,3%, што упатува на зголемена активност и поголеми износи по извршена трансакција.

Електронските плаќања преку дигиталните канали остварија динамичен годишен раст од 19,0% кај бројот и 29,3% кај вредноста. Од вкупниот број платежни трансакции иницирани по електронски пат, 71,8% се извршени преку мобилни апликации, што ја потврдува главната улога на мобилното банкарство во секојдневните плаќања.

Истовремено, плаќањата со платежни картички во трговијата и натаму растат, па и во третиот квартал од 2025 година, бројот на трансакции е зголемен за 9,9%, а нивната вредност за 12,4%. Раст од 9,9% е забележан кај плаќањата на физичките продажни места, како и кај купувањето преку интернет 9,3%, што укажува на поширока и почеста употреба на картичките преку сите продажни канали.

Наведените движења потврдуваат дека корисниците сè повеќе ги прифаќаат електронските и картичните плаќања, придонесувајќи кон натамошен развој на платежниот екосистем.

До објавените податоци може да пристапите на следнава врска: Платежна статистика на Народната банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange