Connect with us

Банки

КБ тимот со најмногу освоени први места на Банкарските спортски игри

Објавено

на

Тимот на Комерцијална банка уште еднаш покажа дека посветеноста, заедништвото и натпреварувачкиот дух се вредности кои ги водат и надвор од деловното окружување. На овогодинешните Банкарски спортски игри во Охрид, Комерцијална банка се пласираше на второто место меѓу финансиските институции, освојувајќи вкупно 34 поени во генералниот пласман.

Со претставници во сите дисциплини и вкупно осум освоени медали, тимот на Комерцијална банка оствари одлични резултати:

🏅 5 златни медали – во штафета, пикадо (машки), куглање (жени), одбојка (машки и женски тим)
🥈 1 сребрен медал – во куглање (машка категорија)
🥉 2 бронзени медали – во пинг понг и пикадо (жени)

Овој успех е потврда за корпоративната култура што ја негува Комерцијална банка – култура на тимска работа, мотивација и вложување во луѓето како највреден капитал. Преку спортот, вработените уште еднаш демонстрираа кохезија и лидерство, вредности што секојдневно ги применуваат и во работата со клиентите и партнерите.

Со континуирано учество и врвни резултати на Банкарските игри, Комерцијална банка се вбројува меѓу најуспешните финансиски институции и на полето на корпоративниот спорт.

Банки

Вкупната актива на банките во ЕУ порасна на 34,33 трилиони евра

Објавено

на

Вкупната актива на кредитните институции со седиште во Европската Унија достигна 34,33 трилиони евра на крајот на март 2026 година, што претставува раст од 3,63 отсто во однос на 33,13 трилиони евра во март минатата година, покажуваат најновите консолидирани банкарски податоци објавени од Европската централна банка (ЕЦБ).

Во истиот период, уделот на нефункционални кредити во банките во ЕУ се зголемил за 0,02 процентни поени на годишно ниво и во март изнесувал 1,98 отсто.

Според ЕЦБ, агрегатниот принос на капиталот на кредитните институции во ЕУ изнесувал 2,44 отсто, додека стапката на основен сопствен капитал од највисок квалитет, односно CET1, била 16,27 отсто.

Објавените квартални податоци опфаќаат 335 банкарски групации и 2.284 самостојни кредитни институции, како и подружници и филијали под контрола на субјекти надвор од ЕУ кои работат на европскиот пазар. Според ЕЦБ, податоците покриваат речиси 100 отсто од билансот на банкарскиот сектор во Европската Унија.

Базата содржи показатели за профитабилноста и ефикасноста на банките, структурата на билансите, ликвидноста и финансирањето, квалитетот на активата, капиталната адекватност и солвентноста.

ЕЦБ посочува дека повеќето институции ги применуваат Меѓународните стандарди за финансиско известување и техничките стандарди на Европската банкарска управа, иако дел од малите и средните институции користат национални сметководствени стандарди.

Поради недостапност на податоците за Данска за првиот квартал од 2026 година, при пресметката на агрегатните податоци за ЕУ биле користени податоците од четвртиот квартал од 2025 година, а кај одредени показатели и податоци од првиот квартал од 2025 година.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со каматна стапка од 4,9% за купувања со Mastercard Standard

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје нуди каматна стапка од 4,9 проценти за сите купувања направени со Mastercard Standard кредитна картичка до крајот на годината.

Од банката информираат дека заинтересираните граѓани можат да поднесат барање за кредитната картичка онлајн преку интернет-страницата на Стопанска банка, преку услугата 24/7 АлоКредит на телефонскиот број (02) 15 110 или во најблиската филијала.

Понудата е наменета за корисниците кои сакаат да ги користат можностите на кредитната картичка за своите секојдневни и летни купувања, со промотивна каматна стапка до крајот на годината.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со поволности за корисниците на Mastercard World Debit

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје нуди повеќе поволности и премиум привилегии за корисниците на Mastercard World Debit картичката, меѓу кои и бесплатен пристап до аеродромски салони ширум светот.

Според информациите објавени од банката, корисниците на картичката добиваат шест бесплатни посети во повеќе од 1.500 Lounge Key аеродромски салони низ светот, при што поволноста важи за сопственикот на картичката и неговиот сопатник.

Во пакетот е вклучена и асистенција на пат за Европа преку Халк Осигурување.

Дополнително, корисниците имаат бесплатно електронско и мобилно банкарство, бесплатно СМС информирање, како и можност за повлекување готовина без надомест од сите банкомати во земјата.

Со овие поволности, Mastercard World Debit е насочена кон корисници кои бараат дополнителни услуги при патување, но и поедноставно секојдневно банкарско работење.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange