Банки
Стопанска банка, Министерството за култура и туризам и Природонаучниот музеј – Скопје потпишаа Меморандум за стратешко партнерство за модернизација и дигитализација на музејот
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков; генералниот извршен директор на Стопанска банка АД-Скопје, Хрисула Кутуди и директорот на Природонаучниот музеј – Скопје, Ивица Заркадов, денеска потпишаа Меморандум за тригодишно стратешко партнерство, со кој се воспоставува соработка за модернизација и дигитално обогатување на музејот. Потпишувањето на меморандумот се случува во пресрет на 100-годишниот јубилеј од основањето на оваа музејска институција во следната 2026 година.

Министерот Љутков во изјава за медиумите изрази благодарност до Стопанска банка што ја препозна важноста и потенцијалот на музејот како национален центар за еколошко и научно образование.
„Овој Меморандум е потврда за тоа како јавниот и приватниот сектор можат успешно да соработуваат за создавање подобри услови за учење, иновативни културни и научни содржини и за поддршка на младите генерации. Особено ме радува што проектите што ќе се реализираат, од „Магичната соба“ до подобрената пристапност, модерната веб-страница и новите дигитални алатки, директно ќе влијаат врз развојот на љубопитноста, знаењето и креативноста кај најмладите посетители“, потенцираше Љутков.
Генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка, Хрисула Кутуди, нагласи дека Банката негува долга традиција во поддршката на образованието, науката и јавните институции.

„Ми претставува особено задоволство да бидам денеска тука како претставник на тимот на Стопанска банка, посветени на новото партнерство со Природонаучниот музеј и со Министерството за култура и туризам. Стопанска банка негува долга традиција на поддршка на образованието, науката и на јавните институции. Се надевам дека со ова партнерство ќе придонесеме за нови интерактивни искуства за илјадниците деца кои го посетуваат Музејот секоја година продолжувајќи ја со тоа научната мисија градена веќе еден век. Им благодарам на Министерството за нивната насока и поддршка и на тимот на Музејот за нивната енергија и инспирација во соработката со нашиот тим. Со нетрпение очекувам да се сретнеме повторно тука на отворањето на новите дигитални поставки“, истакна Кутуди.

Директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, изрази благодарност до Стопанска банка за значајната донација од 150.000 евра, која ќе овозможи обновување на влезниот портал и холот, изградба на првата интерактивна „MAGIC ROOM“ во Македонија и целосна модернизација на веб-страницата. Тој истакна дека овие промени ќе го направат музејот поатрактивен за учениците, младите и за туристите, како и дека ова претставува прва ваква поголема донација директно вложена во музејската зграда, во неговото стогодишно постоење.
Банки
Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс
„Стабилноста на курсот на денарот е приоритет за Народната банка, којашто ја унапреди оперативната рамка за монетарната политика заради подобро управување со ликвидноста и зајакнување на преносот на монетарните сигнали“, се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, којашто го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на „ББ-“ со стабилен изглед.
Во извештајот се бележи дека, во последниот квартал од 2025 година, централната банка изврши приспособување на оперативната монетарна рамка ставајќи поголем акцент на инструментите со пократок рок на достасување и на почестите операции, што овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот на пари, без да се менува поставеноста на монетарната политика. Овие промени ја потврдуваат посветеноста на Народната банка на ефективното спроведување на монетарната политика и на одржувањето на финансиската стабилност.
Во 2026 година, според оцената на „Стандард и Пурс“, се очекува дека инфлациските притисоци ќе се намалуваат, поткрепени од умереното движење на цените на храната, претпазливата поставеност на монетарната политика и поволната споредбена основа. Агенцијата заклучува дека согласно состојбите, на краток рок, Народната банка ќе продолжи со примена на внимателна монетарна политика, заради задржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.
Во делот на банкарскиот сектор, Агенцијата ја оценува солвентноста како солидна, со адекватност на капиталот од 19,5% во третото тримесечје од 2025 година, додека квалитетот на активата и натаму е висок, со историски најниско ниво на нефункционалните кредити од 2,3% од вкупните кредити. Овие показатели, според Агенцијата, ја потврдуваат отпорноста на банкарскиот систем.
Банки
Од Visa трансакција до клучеви од нов автомобил: НЛБ Банка исполни уште еден сон!
НЛБ Банка со големо задоволство му го додели новиот Opel Frontera на Фатмир Алили од Гостивар, среќниот добитник на главната награда од наградната игра „Со НЛБ Visa, вози ги своите соништа!“.
Со новиот автомобил, секое патување за Фатмир и неговото семејство од денес добива ново значење – повеќе удобност, сигурност и нови авантури, но и уште повеќе причини за насмевка.
Од НЛБ Банка истакнуваат дека наградната игра донела возбудување и кај голем број клиенти, кои во текот на кампањата освоија и бројни неделни награди, меѓу кои парични износи и iPhone 16E.
„Нè радува што преку оваа наградна игра создадовме моменти што се паметат и што им донесовме радост на нашите клиенти. Им честитаме на сите добитници, а на корисниците на НЛБ Visa им благодариме за укажаната доверба“, порачуваат од НЛБ Банка.
Со вакви иницијативи, НЛБ Банка продолжува да ја зајакнува врската со клиентите и да креира вредност преку иновативни производи, наградни кампањи и позитивни кориснички искуства.
Банки
Извлечени добитниците од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција” на Комерцијална банка
Комерцијална банка ги извлече среќните добитници од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција“ со Mastercard картичките на Банката.
Извлечени се добитниците на Главната награда – Патување и посета на карневалот во Рио де Жанеиро за две лица и на останатите вредни награди:
- 5 мобилни телефони – iPhone 17 PRO 265 GB
- 10 Ray Ban AI Meta Wayfarer очила за сонце
- 10 смарт часовници – Samsung Galaxy Watch 7
- 50 подарок-картички во вредност од 3.000 денари за шопинг во Skopje City Mall
- 50 подарок-картички во вредност од 3.000 денари за шопинг во East Gate Mall
Комерцијална банка им честита на сите добитници!
За да проверите дали сте добитник на награда, кликнете на следниот ЛИНК или посетете ги профилите на Комерцијална банка на социјалните мрежи.
Правилата за Наградната игра и информации за подигнување на наградите се објавени на веб-страницата на Банката.
-
Продуктипред 2 месециГолема наградна игра на НЛБ Банка: Со НЛБ Visa освојте го новиот Opel Frontera Hybrid
-
Продуктипред 2 месециХалкбанк денес официјално стартува со Apple Pay
-
Продуктипред 2 месециПразници со 0% камата – Мастеркард кредитна картичка од ПроКредит Банка
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | СИЛВАНА МИЛЕНКОВА И РАДИСАВ БУЛАТОВИЌ: Најважни се добрата комуникација, емоционалната интелигенција, искреноста и создавање на долгорочни односи на доверба со клиентите
-
Осигурувањепред 2 месециКЗК “удри” по осигурителните компании: Над 17 милиони денари казни за картелско однесување
-
Продуктипред 1 месецХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Останатопред 2 месециУЈП започна засилени проверки на приливи од странство остварени од 2020 година досега
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје




