Connect with us

Банки

Именувана нова Генерална директорка за управување со ризици во Стопанска банка

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави дека на 28 јануари 2026 година соодветните регулаторни лиценци се издадени и е именувана д-р Емилија Стојанова Ивановска за Генерална директорка за управување со ризици и член на Управниот одбор на банката. 

Д-р Стојанова Ивановска е долгогодишен професионалец со повеќе од 20 години искуство во банкарскиот сектор, од кои 15 години на менаџерски позиции. Таа има длабоко аналитичко и стратешко знаење во областа на управување со кредитни, ликвидносни и пазарни ризици, како и во развојот на модели за оценување на кредити и политики за управување со ризици. 

Во текот на својата кариера, таа водела значајни проекти во делот на ризиците, вклучувајќи развој и подобрување на кредитни модели и учество во важни одбори на банката. Д-р Стојанова Ивановска е исто така активен учесник во професионални и академски форуми и често се појавува како гостин-говорник на високообразовни институции. 

Со ова именување, Стопанска банка повторно ја потврдува својата заложба за силно корпоративно управување и усвојување на највисоки стандарди во системот за управување со ризици, што е клучно за одржлив раст и стабилност на банката на пазарот. 

Банки

Наградна игра за млади со ZIPP картичката од Комерцијална банка

Објавено

на

Клиентите на возраст од 18 до 29 години кои се корисници на Zipp Mastercard Debit World картичката од Комерцијална банка, со секоја трансакција учествуваат во Наградната игра ZIPP & WIN и добиваат можност да станат добитници на електричен MATE велосипед или 30.000 денари на нивната Zipp сметка.

Во периодот до 10 септември 2026 година, секоја трансакција со Zipp картичката направена во земјата со физичка картичка, преку телефон или смарт часовник, носи по една шанса (еден код) за освојување на една од наградите.

Колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за освојување на една од наградите.

Извлекувањето на добитниците ќе се одржи на 14 септември 2026 година.

Сите детали и правилата за Наградната игра се достапни на следниот линк.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со добивка од 1,41 милијарда денари во првото полугодие

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје во првите шест месеци од 2026 година остварила добивка пред оданочување од 1,412 милијарди денари, што претставува намалување од 30 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Според консолидираните неревидирани финансиски извештаи, позитивниот финансиски резултат пред оданочување и резервации изнесувал 1,781 милијарда денари и бил за 31 отсто понизок на годишно ниво.

Од Банката наведуваат дека намалувањето се должи на регулаторните и пазарните услови, пониските каматни стапки и каматни приходи, намалените провизии од платниот промет и меѓународните трансакции, како и на еднократните приходи наплатени во 2025 година од претходно отпишани побарувања.

Во првото полугодие Банката издвоила 368,4 милиони денари за исправка на вредноста на финансиските средства и за посебна резерва за вонбилансна изложеност.

Вкупната актива на Банката на 30 јуни 2026 година изнесувала 159,035 милијарди денари, при што е забележан органски раст.

Консолидираните извештаи ги опфаќаат финансиските резултати на Стопанска банка АД – Скопје и на Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк нуди кредитна картичка со патничко осигурување и асистенција на пат

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја промовира Visa Travel кредитната картичка, наменета за корисниците кои сакаат дополнителна сигурност и поволности за време на патувањата.

Со картичката корисниците добиваат асистенција на пат, како и патничко осигурување со покритие во времетраење од десет дена.

Дополнително, на корисниците им се овозможува попуст од 10 проценти при купување полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на интернет-страницата на Халкбанк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange