Connect with us
no baners

Банки

Средби со Светската банка: Мерките на Народната банка во насока на зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем

Објавено

на

no baners

Макропрудентната политика на Народната банка придонесе за дополнително зајакнување на отпорноста на банкарскиот сектор во изминатите неколку години на постојани кризи. Соодветната комбинација на мерки и политики овозможи повеќе показатели за здравоста на банкарскиот систем тековно да се подобри и во однос на предкризните нивоа. Ова беше посочено на состаноците на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Емилија Нацевска, со високи претставници на Светската банка, потпретседателката Антонела Басани, извршниот директор на Конституенцата на која ѝ припаѓаме, Јуџин Ругенаат, како и тимот на Светската банка за платните системи, за време на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, кои се одржуваат во Вашингтон, САД. Средбите беа одржани заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и нејзиниот тим. 

На средбата со претставниците од Светската банка беше посочено дека и покрај шоковите од невидени размери, банкарскиот сектор ја зголеми својата отпорност што јасно се гледа од повеќе индикатори. Адекватноста на капиталот е значајно зголемена на 19% што е највисоко ниво во изминатите две децении. Ликвидноста на банките е на високо ниво.  Квалитетот на кредитното портфолио е подобрен во однос на предпандемискиот период со учество на нефункционалните во вкупните кредити од околу 3%. 

На средбите стана збор за натамошната соработка со Светска банка, која преку повеќе проекти дава техничка помош за дополнително јакнење на капацитетите на земјата и на централната банка за унапредување на макропрудентната рамка, управување со климатските промени, оформување на регулаторната рамка за решавање банки, како и модернизирање на платните системи. Светската банка обезбеди техничка помош за Народната банка во процесот на изработката на Стратегијата за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија, како и за зајакнување на рамката за следење на системските ризици, во насока на јакнење на отпорноста на финансискиот систем, како основа за макроекономската стабилност. Светската банка дава поддршка и во изработка на подзаконската регулатива за Законот за решавање на банки, кој ќе стапи на сила од октомври 2025 година, а ќе се побара и техничка помош за усогласување со Законот за банки. 

Во делот на зелените финансии, Светската банка ѝ пружи поддршка на Народната банка за подготовката на тригодишен план на активностите на Народната банка, во доменот на управувањето со ризиците од климатските промени. Во следниот период Народната банка ќе биде посветена на приспособувањето на супервизорскиот пристап, методологијата за стрес-тестирање на банките од аспект на климатските ризици и за вршење подлабински анализи на овие ризици во банкарскиот сектор.

Во насока на имплементација на активностите на Берлинската иницијатива и Акцискиот план за заеднички регионален пазар за периодот 2021-2024 поддржан од  Европската Комисија и Светската банка, а со кој е предвиден и развој на модерен платен систем за инстант плаќања во земјите од Западен Балкан, на средбата со тимот на Светската банка се дискутираше и за можностите за имплементација на клонот на ТИПС системот во нашата земја. Клонот на ТИПС системот кој го развива Банката на Италија за извршување на инстант плаќања во земјите од Западен Балкан, се разгледува од Народната банка како  една од можностите за обезбедување побрзи, поедноставни и поевтини плаќања за граѓаните и компаниите.

no baners

Банки

Алта Банка започна со исплата на февруарските пензии

Објавено

на

Алта Банка АД Битола ги информира своите клиенти дека исплатата на пензиите за февруари започна од 27 февруари 2026 година.

Средствата се веќе достапни на трансакциските сметки на пензионерите и можат да се подигнат во сите филијали на Банката, согласно вообичаената банкарска процедура.

Со оваа активност, Алта Банка обезбедува навремена, сигурна и ефикасна исплата на пензиите, со цел олеснет пристап до средствата за своите клиенти.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за февруари од денес (петок, 27 февруари).

Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата веднаш, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат.

За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 27 февруари и во секој работен ден после тоа.

Мапата со филијалите и експозитурите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Оваа мерка ја гарантира навремената и сигурна исплата на пензиите и ја олеснува пристапноста до средствата за сите корисници на услугите на Банката.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја известува јавноста дека пензиите за февруари 2026 година се веќе достапни за подигање.

Пензионерите можат да ги примат средствата на своите трансакциски сметки во сите филијали на Банката, преку банкомати, како и електронско и мобилно банкарство.

За корисниците кои дале согласност, подигањето на пензиите е можно и преку поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange