Банки
Шпаркасе Банка станува генерален спонзор на Првата женска кошаркарска лига
Шпаркасе Банка АД Скопје и Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) официјално потпишаа договор за соработка, со кој Шпаркасе Банка АД Скопје станува генерален спонзор на Првата женска кошаркарска лига.
Од новата натпреварувачка сезона, лигата ќе го носи името „Sparkasse Life Прва лига жени“, што претставува стратешки и значаен чекор кон поддршка и афирмација на женската кошарка во државата.
Женската кошарка во Македонија долги години се соочува со низа предизвици како недостиг на финансиска поддршка и низок интерес од јавноста. и недоволна институционална поддршка. Последниот позначаен успех беше забележан во 2012 година, кога женската репрезентација го освои второто место на Европското првенство за мали земји. Ова спонзорство доаѓа во момент кога потребата од инвестиции во женскиот спорт за негов раст и развој е поизразена од кога било.
Преку ова партнерство, Шпаркасе Банка АД Скопје ја потврдува својата долгорочна заложба за унапредување на еднаквоста и инклузивноста во општеството, а воедно ја презема улогата на двигател на позитивна промена. Спонзорството е дел од платформата за општествена одговорност Sparkasse Life, чија цел е поддршка на општествено одговорни, инклузивни и инспиративни општествени вредности кои инспирираат, охрабруваат и создаваат трајно позитивно влијание во заедницата.
„Драго ни е што денес стоиме зад еден исклучително значаен чекор за македонскиот спорт. Партнерството со КФСМ е потврда на нашата долгорочна заложба за еднаквост и инклузивност, вредности што се длабоко вградени во корпоративната култура на Шпаркасе Банка. Преку платформата Sparkasse Life, вложуваме во разни области во заедницата и подаваме рака и нудиме долгорочна поддршка. Преку ова спонзорство, сакаме да дадеме ветер в грб на иднината на женскиот спорт и сакаме да пратиме јасна порака: До вас стои партнер што верува, поддржува и создава услови за успех“ – изјави Александар Џорџевиќ, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.
Името „Sparkasse Life Прва лига жени“ ќе биде новиот симбол на вербата во спортскиот потенцијал на македонските девојки и млади жени, на секој тим и на секоја спортска сала низ државата.
„Нашата визија отсекогаш била создавање рамноправни услови за развој на сите категории и овој договор е голем чекор во таа насока. Соработката со Шпаркасе Банка претставува историски момент за женскиот спорт во нашата земја, а поддршката што ја добиваме преку платформата Sparkasse Life е стратегиска, суштинска и долгорочна бидејќи сите средства ќе се искористат за развој на женската кошарка. Со новото име „Sparkasse Life Прва лига жени“, женската кошарка добива нов идентитет, нова енергија и заслужено внимание. Заедно, праќаме јасна порака дека веруваме во потенцијалот на жените во спортот и дека сме тука да го поддржиме нивниот пат до врвот“ – изјави Младен Ѓуроски, потпретседател на КФСМ.
Стратешко партнерство за долгорочен раст
Шпаркасе Банка АД Скопје, членка на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе со повеќе од 200 години традиција, преку платформата за општествена одговорност Sparkasse Life активно поддржува проекти и иницијативи кои придонесуваат за развој на заедницата, унапредување на младите, спортот, културата, образованието и еднаквите можности. Со овој потег, Банката уште еднаш ја потврдува својата посветеност на создавање трајни вредности во заедницата и стимулирање на позитивни општествени промени преку финансиска поддршка, партнерства и ангажман.
Банки
НЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година е реализирана, информираат од НЛБ Банка.
Корисниците на оваа помош средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време, без ограничување на работното време на банките.
Воедно, клиентите се потсетуваат дека средствата можат да ги користат и безготовински, односно за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, што овозможува побрзо и поедноставно користење на средствата.
Банки
Комерцијална банка: Потпишувањето налози преку Интернет банка сега со само еден чекор
Комерцијална банка АД Скопје информира дека со користење на услугата Интернет банка потпишувањето налози може да се извршува на многу поедноставен начин. Банката посочува дека новата функционалност овозможува едноставна политика за потпишување денарски налози, при што плаќањето се реализира со само еден чекор.
Со ова решение, корисниците добиваат помалку административни процедури и поголема ефикасност во секојдневното работење, што значително го олеснува управувањето со финансиските трансакции.
Од Комерцијална банка објаснуваат дека преку Интернет банка клиентите можат побрзо и поедноставно да ги извршуваат своите плаќања, а дополнителни информации за начинот на користење се достапни во видео туторијалот објавен на официјалниот линк на банката.
Банки
Стопанска банка нуди брзи и сигурни трансакции со картичките и лесно следење на трошоците преку телефон
Со картичките на Стопанска банка клиентите добиваат брзи и сигурни трансакции, како и практична контрола врз своите финансии. Банката им овозможува на корисниците преку современи дигитални услуги лесно да ги следат своите трошоци директно од мобилниот телефон.
Со ова решение, клиентите можат во секое време да имаат увид во направените плаќања, состојбата на сметката и тековните трансакции, што овозможува подобро управување со личниот буџет. Дигиталните алатки на Стопанска банка се наменети да обезбедат поголема удобност, безбедност и контрола во секојдневното користење на банкарските услуги.
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол


