Connect with us
no baners

Банки

„Рати по твој избор само во Шпаркасе Банка!“ – за потрошувачки, станбен и хипотекарен кредит

Објавено

на

Ти го избираш темпото: кредит со рати по твој избор

Повеќе контрола, помалку грижи – нов кредитен модел на Шпаркасе Банка. Со „Рати по твој избор!“, Шпаркасе Банка на своите клиенти им нуди вистинска финансиска флексибилност и чувство на сигурност кога им се најпотребни. Оваа флексибилност на клиентите им овозможува да направат избор на висината на ратата во оние месеци во кои тие имаат потреба и/или можност да плаќаат повисока или пониска месечна рата. Наместо фиксна висина на рата што не се менува, клиентите може претходно да изберат периоди кога сакаат пониска или повисока рата, а со фиксна камата.

„Рати по твој избор!“ важи во фиксниот каматен период, а тоа овозможува јасна предвидливост и сигурност во планирањето.

Кај потрошувачките кредити со фиксна каматна стапка во текот на целото времетраење на кредитот, клиентите имаат можност да изберат пониски или повисоки рати во кој било дел од периодот на отплата ‒ на почетокот, во одредени месеци од годината или на крајот на отплатата. Доколку се избере сезонски распоред во одредени месеци од годината, тој се повторува секоја наредна година во текот на договорниот период. Ова е идеално решение за нов почеток, реновирање, преселба, заминување во пензија, промена на работната позиција, непланирано патување или други поголеми животни потреби.

„Рати по твој избор!“ се достапни за:

„Со оваа понуда, Шпаркасе Банка покажува дека ги разбира реалните потреби на клиентите. Наместо клиентот да се приспособува на кредитот, кредитот се приспособува на клиентот. Овој модел нуди краткорочно олеснување во периоди кога трошоците се зголемени или приходите се намалени, без да се наруши дисциплината на редовна отплата. Иако вкупната обврска може да се разликува од класичен кредит со еднаков ануитет, придобивката е јасна – поголема слобода, поголема флексибилност и поголема приспособливост во месечното и во секојдневното планирање“, изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации.

Рати по твој избор – само во Шпаркасе Банка.

За повеќе информации, посетете ја најблиската експозитура, контактирајте го Сервисниот центар на бројот 02 15 050 или информирајте се преку официјалната веб-страница на Банката – www.sparkasse.mk

ПР објава

Банки

Добивката на УНИ Банка намалена за 61 отсто во првиот квартал

Објавено

на

УНИ Банка во првиот квартал од годинава остварила нето-добивка од 56,6 милиони денари, што претставува пад од 61 отсто во споредба со истиот период лани, објави SeeNews повикувајќи се на финансиските резултати на Банката.

Според објавените податоци, добивката на Банката во периодот јануари – март изнесувала околу 915 илјади евра.

Во кратката објава не се наведуваат дополнителни детали за причините за намалувањето на профитот, но резултатите покажуваат значително послаб финансиски резултат во однос на првиот квартал минатата година.

Продолжи со читање

Анализи

Монетарни движења во април: Пад на депозитите, но силен раст на кредитите

Објавено

на

Во април 2026 година паричната маса забележа месечен пад од 1,3%, главно како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Вкупните депозити на месечно ниво се намалени за 1,4%, при што падот е концентриран кај корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата продолжиле да растат. На годишно ниво, депозитите бележат зголемување од 9,3%.

Во истиот период, вкупните кредити се зголемени за 1% на месечно и за 13,3% на годишно ниво, што укажува на континуирана кредитна активност кај компаниите и домаќинствата.

Кредитирањето на корпоративниот сектор бележи годишен раст од 15%, додека кредитите на домаќинствата се зголемени за 11,9%. Кај граѓаните, најизразен раст и понатаму имаат потрошувачките и станбените кредити. Потрошувачките кредити во април пораснале за 1,2% на месечно и 11,2% на годишно ниво, додека станбените кредити бележат раст од 1,3% месечно и 16,2% на годишна основа.

Од Народната банка посочуваат дека депозитите на домаќинствата во април се зголемени за 1,6% на месечно ниво и за 10,5% на годишно ниво, поттикнати од растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.

Податоците упатуваат на комбинирани движења во монетарниот сектор – умерено забавување на депозитната динамика во корпоративниот сегмент, при истовремено засилена кредитна активност и стабилен раст кај населението.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со нова инвестиција од 40 милиони евра го зајакнува капиталот во Македонија

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје доби нова докапитализација во вредност од 40 милиони евра од матичната банка Halkbankası AŞ, со што дополнително ја зајакнува својата позиција на македонскиот банкарски пазар.

Со најновото зголемување на капиталот, вкупната актива на Халкбанк АД Скопје достигна 2,15 милијарди евра, додека вкупниот капитал на Банката сега изнесува 412 милиони евра.

Од Банката посочуваат дека ова е уште една потврда за континуираната поддршка од матичната банка, која и во изминатите години инвестираше во развојот и капиталното јакнење на Халкбанк во земјава.

Новата докапитализација, според Банката, ќе овозможи поголем кредитен потенцијал, поддршка за компаниите и граѓаните, како и натамошни вложувања во дигитални и финтек решенија.

„Оваа докапитализација е потврда дека Халкбанк не е само финансиска институција, туку долгорочен партнер на македонската економија. Со поддршка од нашиот силен сопственик, продолжуваме да градиме банка која е синоним за доверба и напредок“, велат од Банката.

Оттаму додаваат дека со засилен капитал и стабилна актива, Банката ќе продолжи да финансира развојни проекти и да обезбедува поддршка за домашната економија во услови на глобални економски предизвици.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange