Бизнис
Потпретседателот на ЕБОР, господин Матео Патроне во посета на Северна Македонија на 10 и 11 септември
Матео Патроне, Потпретседател за банкарство во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја посетиСеверна Македонија на 10 и 11 септември, во неговата прва официјална посета на земјата, по именувањето на оваа функција.
За време на посетата оствари средба со Премиерот Христијан Мицкоски, Министерката за финансии и Гувернер на ЕБОР, Гордана Димитриеска Кочоска и Министерот за транспорт, Александар Николоски.
Господинот Патроне потпиша и три финансиски договори со клиенти во приватниот сектор. Еден од нив е договор во износ од ЕУР 20 милиони од Програмата за споделување на ризикот, потпишан со ПроКредит Банка Македонија (ПКБМ), кој е прв договор од овој вид со ПКБМ и втор во земјата. Со овој финансиски инструмент ПКБМ ќе го сподели ризикот со ЕБОР на определени изложувања кон клиентите, каде ЕБОР ќе даде гаранции до 50 отсто од определеното портфолио. Оваа структура ќе и овозможи на ПКБМ, да се стекне со придобивки од ограничувањата на капитал и лимитите на изложување, со што ќе се зајакне капацитетот на поддршка на локалните бизниси.
Како дел од тековната поддршка на ЕБОР, за развој на приватниот сектор во одделот за производство и услуги на Западен Балкан, господин Патроне ја потпиша третата транша од Договорот за кредит со Варус ДООЕЛ, ексклузивен дистрибутер на фармацевтски и хемиски производи на Мерк во Северна Македонија и Косово, и хемиски производи во Албанија. Новите средства ќе се користат за финансирање на аквизицијата на дополнително земјиште, за да се оптимизира логистиката и за реновирање на административните капацитети на компанијата. Инвестицијата е дел од поголем финансиски пакет во вредност од ЕУР 4,6 милиони, од кои ЕУР 2,4 милиони се ново финансирање и се насочени во поддршка на развојот на компанијата, за изградба на нов логистички и магацински центар, и надградба на постоечката инфраструктура. Варус, преку нејзината подружница Бионика Фармацеутикалс, е исто така активна во производство и дистрибуција на лекови, додатоци во исхраната, медикаменти во слободна продажба, медицински помагала и козметика, и соработува со ЕБОР од 2021 година.
Банката продолжува да ја поддржува конкурентноста на клиентите во прехранбениот и земјоделскиот сектор, преку поддршка на Макпрогрес ДОО Виница. Шпаркасе банка ќе обезбеди до ЕУР 2,5 милиони кредит за локалниот производител на храна, со гаранција од ЕБОР до ЕУР 1,25 милиони преку Програмата за споделување на ризикот. Финансирањето ќе се искористи за поддршка на потребите на Макпрогрес за обртен капитал, овозможувајќи и на компанијата да ја имплементира стратегијата на раст и да продолжи да придонесува во развој на локалната економија.
По завршувањето на посетата, господин Патроне изјави: ,,Нашиот ангажман во Северна Македонија ја потврдува улогата на ЕБОР како клучен партнер на Западен Балкан. Посетата обезбеди можност за формализирање на неколку значајни договори и водење на конструктивен дијалог со владините претставници. Преку зајакнување на врските во јавниот и приватниот сектор, продолжуваме да го поддржуваме растот на земјата кон одржлив и инклузивен економски развој.”
Од 1993 година, кога Северна Македонија стана членка на ЕБОР, Банката има инвестирано над ЕУР 3 милијарди во 205 проекти во земјата, вклучувајќи ЕУР 151 милиони во 13 проекти во 2024 година.
ЕБОР е мултилатерална банка која го промовира развојот на приватниот сектор и претприемачката иницијатива во земји во 39 економии долж три континенти. Банката е во сопственост на 77 земји, како и ЕУ и ЕИБ. Инвестициите на ЕБОР се насочени кон поттикнување на економиите во регионот кон поголема конкурентност, инклузивност, добро управување, еколошка одржливост, отпорност и интегрираност. Следете нè на веб страната, Фејсбук,ЛинкдИн, Инстаграм, X и ЈуТјуб.
Анализи
Македонците секојдневно активни на интернет за социјални медиуми, но не и за онлајн купување, е-банкарство и плаќање
Според податоците презентирани во Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025 година изработен од Асоцијацијата за е-трговија, користењето на интернетот во Македонија бележи силен и забрзан раст, односно во 2024 година, дури 91,1% од граѓаните користеле интернет во последните три месеци, што претставува највисок раст во регионот (+6,8 процентни поени) и ја позиционира Македонија веднаш под просекот на ЕУ-27 (92,8%). Овој резултат не е само статистика, тој е јасен сигнал дека дигиталниот потенцијал на пазарот е реален и активен. Сè повеќе граѓани се онлајн, сè почесто и сè подлабоко интегрирани во дигиталниот секојдневен живот.
Дополнително, 96,6% од нив го користат интернетот секојдневно, што ја става земјата над голем број развиени европски економии. Ова покажува дека, еднаш кога пристапот е обезбеден, интернетот станува навика, алатка и простор за комуникација, информирање и купување. Но, високата онлајн активност не значи сама по себе и силна е-трговија.

Имено, иако интернетот е секојдневие за поголемиот дел од граѓаните, само 63,2% од интернет корисниците практикуваат онлајн купување. Во развиените земји како Ирска, Холандија и Норвешка, над 90% од интернет корисниците купуваат онлајн, додека европскиот просек е 76,6%.
Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025 година укажува и на јасен парадокс: иако граѓаните во Македонија се многу активни онлајн, тоа не секогаш се претвора во економска активност. Користењето на интернет за комуникација односно телефонирање, видео пораки и инстант пораки го прават 97% од македонските корисници, што е повеќе во споредба со европскиот просек од 91,6%. Слично, учеството на социјални мрежи е високо застапено: 84,1% од македонските корисници ги користат, наспроти 70% од европските интернет корисници.
Сепак, кога станува збор за активности клучни за развојот на е-трговијата, Македонија значително заостанува зад Европа. Интернет банкарство користат само 43% од македонските корисници, во споредба со 72,4% на ниво на Европа. За онлајн продажба на производи интернетот го користат 13,8% од македонските корисници, додека европскиот просек изнесува 24,5%. Исто така, користењето на е-пошта е присутно кај 52,9% од македонските корисници, наспроти 86,6% од европските, што укажува на значително заостанување под европскиот просек.

„Фактот дека над 90% од граѓаните се онлајн, а речиси сите користат интернет секојдневно, покажува дека дигиталната основа за е-трговија во Македонија постои. Следниот чекор е таа масовна употреба да се претвори во економска вредност во главно преку градење доверба, зајакнување на дигиталните вештини и поддршка за онлајн бизнисите“, изјави Нина Ангеловска Станков, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија во Северна Македонија.
Инаку, Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025 година е изработен од
Асоцијацијата за е-трговија и беше традиционално презентиран на 8-та регионална конференција за е-трговија. Како седмо издание од серијата, оваа публикација по втор
пат е објавена на англиски јазик и со проширен фокус кој го опфаќа целиот регион на
Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија
и Србија.

Повеќе информации за „Прегледот на е-трговијата во Западен Балкан 2025“, како и можност за преземање и читање на извештајот, се достапни на следниот линк: https://ecommerce.mk/analizi-i-izveshtai/
Бизнис
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
MINT Ins продолжува со своите активности за поддршка на образованието и локалната заедница, овојпат преку донација на училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“.
Донацијата вклучува комплети со геометриски прибор, едукативни материјали и наставни помагала кои ќе придонесат за поквалитетна и подинамична настава, особено во делот на математиката и практичното учење. Со оваа поддршка, MINT Ins има за цел да создаде подобри услови за учење и да ги охрабри децата да го развиваат своето знаење со сигурност и љубопитност.

„Веруваме дека инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината. Малите работи, како квалитетен училишен прибор можат да направат голема разлика во секојдневието на учениците и наставниците. Затоа со задоволство ја реализиравме оваа донација“, велат од MINT Ins.

Од ОУ „Елпида Караманди“ упатија благодарност за поддршката, истакнувајќи дека ваквите донации се значајна помош во унапредувањето на наставниот процес и создавањето позитивна средина за учење.
Во две основни училишта донирани се и клима уреди.
Оваа активност е дел од пошироката општествено одговорна стратегија на MINT Ins, насочена кон поддршка на образованието, децата и заедницата во која компанијата активно делува. Компанијата и понатаму ќе продолжи со иницијативи што носат реална вредност и долгорочно позитивно влијание.
Бизнис
Минт Кредит – Роденденска акција што носи подарок
Време е за нови можности и убави изненадувања, затоа што Минт Кредит слави роденден, а кога се слави роденден – подароците се задолжителни. Овој пат, Минт Кредит те изненадува со специјален роденденски Mint Store ваучер покрај брзата финансиска поддршка.
Избери износ што ти одговара и добиј подарок:
- Кредит до 30.000 МКД – ваучер од 1.000 МКД
- Кредит до 60.000 МКД – ваучер од 2.000 МКД
- Кредит до 300.000 МКД – ваучер од 3.000 МКД
Брзо, едноставно и без компликации:
- ✔️ Минимум 12 рати рок на отплата
- ✔️ Онлајн апликација од каде било
- ✔️ Одобрување за само 10 минути
Искористи ја роденденската акција и добиј повеќе вредност со секоја апликација финансиска поддршка плус Mint Store ваучер за шопинг.
Минт Кредит – Кога вредноста е двојна, изборот е јасен.
Аплицирај на Минт Кредит!
За повеќе информации јави се контактирај се на 15 107, или во една од нашите канцеларии.
*Подарокот важи за одобрени и исплатени кредити.
ПР објава
-
Продуктипред 2 месециГолема наградна игра на НЛБ Банка: Со НЛБ Visa освојте го новиот Opel Frontera Hybrid
-
Продуктипред 2 месециХалкбанк денес официјално стартува со Apple Pay
-
Продуктипред 2 месециПразници со 0% камата – Мастеркард кредитна картичка од ПроКредит Банка
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | СИЛВАНА МИЛЕНКОВА И РАДИСАВ БУЛАТОВИЌ: Најважни се добрата комуникација, емоционалната интелигенција, искреноста и создавање на долгорочни односи на доверба со клиентите
-
Осигурувањепред 2 месециКЗК “удри” по осигурителните компании: Над 17 милиони денари казни за картелско однесување
-
Продуктипред 1 месецХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Останатопред 2 месециУЈП започна засилени проверки на приливи од странство остварени од 2020 година досега
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје




