Банки
Панел 1, конференција на НБ: “Заштита на независноста и кредибилитетот на централните банки”

Народната банка, во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ), на 1 октомври ќе ја одржи јубилејната, Десетта меѓународна конференција. Гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и меѓународната академска заедница ќе разработуваат повеќе актуелни прашања обединети под темата „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“.
Темата на првата панел дискусија ќе биде “Заштита на независноста и кредибилитетот на централните банки“.
На панелот ќе дискутира Борис Вујчиќ (Boris Vujčić) – гувернер на Хрватската народна банка, Пол Хилберс (Paul Hilbers) – извршен директор во ММФ, Жил Ноблет (Gilles Noblet) – заменик на генералникот директор за меѓународни и европски односи во ЕЦБ, Ерве Жоли (Hervé Joly) од Здружениот Виенски институт и Пол Дермин (Paul Dermine) од Универзитетот “Libre de Bruxelles”.
Воведно обраќање ќе има Алфред Камер (Alfred Kammer), директорот на ММФ за Европа.
Банки
Шпанија започнува со повлекување на банкнотите од 50 евра од оптек

Централната банка на Шпанија нареди повлекување на банкнотите од 50 евра од оптек почнувајќи од овој месец, поради тоа што голем број од нив биле оштетени од мастилото што го испуштаат „анти-кражбените системи“ инсталирани во банкоматите, пренесува порталот 20minutos.
Иако овие банкноти се несомнено најкористени во Шпанија – заедно со банкнотите од 20 евра – тие се исто така и најчесто фалсификувани, а воедно се и најподложни на оштетување од безбедносните механизми.
Станува збор за безбедносен систем против кражби што се вградува во банкоматите и кој испушта специјално мастило врз банкнотите во случај на обид за кражба, со што тие трајно се прават неупотребливи.
Според изјавата на Централната банка, банкнотите од 50 евра повеќе не треба да се користат во ниту една трансакција.
Главната цел на ова повлекување е да се минимизира ризикот од измами и фалсификати пред пристигнувањето на летната туристичка сезона, кога употребата на готовина традиционално се зголемува.
Сепак, најновите податоци покажуваат дека мнозинството граѓани во Шпанија и понатаму го користат готовинското плаќање како свој примарен избор.
Банки
Билал Суџубаши: Халкбанк со рекордни резултати во 2024 и амбициозни планови за 2025

Изминатата 2024 година беше уште една исклучително успешна година за Халкбанк АД Скопје, која ја потврди својата позиција како една од водечките и најстабилните банки во земјата. Благодарение на стратегијата заснована на иновации, стабилност и општествена одговорност, банката постигна значаен финансиски раст – профитот порасна за 48% во однос на претходната година, кредитното портфолио се зголеми за 152 милиони евра, а депозитната база достигна речиси 1,5 милијарди евра.
Посебно значајно е зголемувањето на поддршката за физички лица, со рекордни 189 милиони евра исплатени преку кредити за населението. Во корпоративниот сектор, Халкбанк ја продолжи својата стратегија на поддршка на проектно финансирање, обезбедувајќи основа за раст на многу бизниси.
Покрај финансиските успеси, Халкбанк ја истакна својата улога како општествено одговорна институција. Со иницијативи како „Пакет за жени“, банката даде поддршка на над 300 жени претприемачи низ државата, овозможувајќи им економска независност и деловна афирмација. Исто така, се позиционира како прва банка што понуди вистинска поддршка за старт-ап компании, поттикнувајќи ја иновациската сцена во земјата.
Во текот на годината, банката значително инвестираше во дигитализација, воведувајќи нови е-услуги и алатки кои ја подобрија достапноста и квалитетот на услугите за клиентите. Овој фокус на технолошки напредок ѝ овозможи на Халкбанк да го зајакне својот статус на лидер во е-банкарството.
Халкбанк исто така продолжи со своите заложби за одржлив развој преку еколошки иницијативи како проектот „Еден милион садници за пет години“, кој има за цел обновување на деградирани подрачја и поддршка на биодиверзитетот.
За 2025 година, банката најавува уште поамбициозни цели – од понатамошно проширување на услугите и производите, до силен фокус на дигитална трансформација, иновативни решенија и нови општествено корисни проекти. Халкбанк останува посветена на долгорочниот одржлив развој, кој ќе создава вредност за клиентите, заедницата и македонската економија во целина.
Целосното обраќање на Билал Суџубаши, Главен Извршен Директор на Халкбанк АД Скопје, можете да го прочитате тука.
Банки
Годишно обраќање од менаџментот на ТТК Банка: Стабилен раст, нови иницијативи и засилена доверба во изминатата 2024 година

ТТК Банка АД Скопје ја заокружи 2024 година со позитивен финансиски резултат и значаен напредок во клучните сегменти на банкарското работење. Според годишното обраќање на Управниот одбор, Банката оствари добивка од 108,3 милиони денари, што претставува пораст од 2,9% во однос на претходната година.
Со раст на оперативните приходи од 3,6% и контролирано зголемување на расходите од 8%, ТТК Банка демонстрира силна финансиска дисциплина и ефикасност во управувањето со ризици и трошоци. Вкупната актива бележи зголемување од 9,1%, со раст на нето-кредитите за 10,1% и зголемување на депозитите од домаќинства за значајни 13,8%.
Во делот на платниот промет и картичниот бизнис, Банката бележи раст од 16% на прометот со картички и зголемување на бројот на издадени картички за 7%. Дополнително, трансакциите во денарскиот платен промет се зголемени за 3,1%, а во меѓународниот платен промет за 4,9%.
Како дел од стратешките определби за проширување на понудата и зголемување на некаматоносните приходи, ТТК Банка започна со маркетинг на капитално финансирано пензиско осигурување. Воедно, Банката ја засили и својата ESG-стратегија преку соработка со УНДП и ИОМ, обезбедувајќи 30% грантови за проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија за ранливи домаќинства.
Во 2024 година, ТТК Банка доби признание од Македонската берза за акција со најголем пораст на цената кај компании со пазарна капитализација под 50 милиони евра – уште еден доказ за довербата од инвеститорите и пазарната вредност што Банката ја создава.
Банката продолжува со инвестиции во човечкиот капитал, поддржувајќи родова еднаквост, професионален развој и благосостојба на вработените. Посветеноста на општествената одговорност е изразена преку поддршка на културата, спортот, образованието и здравството.
„Благодарност до сите вработени, акционери и соработници – заедно создаваме стабилна иднина и долгорочна вредност“, истакнува Управниот одбор на ТТК Банка во своето годишно обраќање.
Менаџментот на ТТК Банка АД Скопје, односно Управниот одбор, го сочинуваат следниве лица:
- проф. д-р Драгољуб Арсовски
- Претседател на Управниот одбор
- Генерален извршен директор
- Наталија Алексова
- Член на Управниот одбор
- Генерален директор за управување со ризици
- м-р Димитри Трповски
- Член на Управниот одбор
- Генерален директор за комерцијално банкарство
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Фондовипред 2 месеци
КБ Прво пензиско друштво: Преземете чекор и направeте ажурирање на Вашите лични податоци!
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 2 месеци
НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки
- Колумнипред 1 месец
Онлајн пристапот е лесен, но дали го чуваме доволно безбеден?
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје