Банки
ОМФИФ: И годинава Народната банка е светски лидер според застапеноста на жените на раководни места
Британскиот официјален форум на монетарни и финансиски институции ‒ ОМФИФ, годинава ја рангира Народната банка како прва во светот меѓу централните банки и финансиските институции според застапеноста на жените на раководни позиции. Ова е дел од објавата посветена на Индексот на родова еднаквост во финансиските институции за 2022 година, со кој веќе десет години по ред се рангираат финансиските институции според родовата застапеност.
Во објавата за застапеноста на жените во раководните структури на Народната банка се истакнува дека 70% од раководните позиции во Народната банка ги извршуваат жени. Инаку, на листата на централни банки на ОМФИФ со најголема застапеност на жените на раководни позиции се најдоа и федералните резерви на Сан Франциско, Чикаго, Минеаполис и Кливленд, централните банки на Австралија и Норвешка, а од регионот и Србија. Во извештајот се наведува дека во светот само 22 жени се на чело на централните банки (за една повеќе во однос на претходната година) и оваа состојба е практично непроменета во однос на 2013 година кога за првпат беше поставен овој индекс, што говори за многу бавни промени на ова поле во светот на финансиите.
Индексот на ОМФИФ ја мери родовата еднаквост во 336 институции, меѓу кои 186 централни банки, 50 пензиски фондови, 50 суверени фондови и 50 комерцијални банки ширум светот, во согласност со застапеноста на мажите и жените меѓу вработените, стажот, како и позицијата којашто ја имаат во организацијата. Според последните податоци, родовата еднаквост се подобрува во сите набројани институции, но многу бавно за 1 до 2 поена, додека најдобар резултат имаат пензиските фондови. Од 336 институции само 14% се предводени од жени, што е минимално подобрување на резултатот во однос на 2021 и 2022 година (13,3% и 13,7%). Во извештајот се наведува дека со ова темпо ќе бидат потребни 140 години за да се надмине овој јаз помеѓу мажите и жените. Оттаму, претстои уште работа за да се зголеми застапеноста на жените на раководните позиции во финансиите во светски рамки.
Банки
Потрошувачки кредит на НЛБ Банка до 2.500.000 денари – поголема поддршка и побрзо решение
Поголемите планови бараат поголема поддршка и побрзи решенија. Во време кога финансиските одлуки не трпат одложување, НЛБ Банка нуди решение кое обединува повеќе средства, потрошувачки кредит сега и до 2.500.000 денари, и процес на одобрување што трае само неколку минути.
Потрошувачкиот кредит со зголемен износ на НЛБ Банка е дизајниран да ги задоволи потребите и амбициозните планови на клиентите. Кредитот овозможува неспоредлива флексибилност преку повисок износ на средства, рок на отплата до 120 месеци и фиксна каматна стапка за целиот период на отплата (почнувајќи од 5,7% до 95 месеци) – што овозможува финансиско планирање без компромис помеѓу достапноста и стабилноста, сигурност и предвидливост на долг рок.
Една од клучните придобивки на потрошувачкиот кредит на НЛБ Банка е брзиот процес на одобрување на кредитот, а средствата се достапни за само неколку минути на сметката на клиентот.
Клиентите можат да изберат да аплицираат за кредит во експозитурите на Банката, но и преку мобилната апликација НЛБ мКлик во кое било време и од кое било место. НЛБ мКлик овозможува уште поедноставно искуство и кредит од удобноста на домот.
Флексибилноста на потрошувачкиот кредит на НЛБ Банка ги поддржува клиентите во остварување на нивните цели без одложување. Од продолжени викенди и годишни одмори, преуредување на домот и образовни трошоци, до значајни животни настани и посебни изненадувања.
Брзото одобрување и достапноста на средствата ги трансформираат плановите во реалност, правејќи ги животните авантури и соништа подостапни од кога било.
Со овој тип на кредит клиентите добиваат осигурување на живот „Сигурност плус“, во соработка со Кроациа Осигурување Живот. Дополнителна придобивка од полисата е што истата покрај животното осигурување во себе вклучува и осигурување од незгода. Корисниците на полисата добиваат олеснето плаќање на премијата преку месечните рати со кредитот.
Банки
Стопанска банка планира промена на седиштето
Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје утврдил предлог-одлука за промена на седиштето на Банката, за која треба да одлучува Собранието на акционери закажано за 27 април 2026 година.
Според предлогот, новото седиште на Банката ќе биде на улица „Филип Втори Македонски“ бр. 6 во Скопје, наместо досегашната адреса на улица „11 Октомври“ бр. 7.
Предлог-одлуката е подготвена врз основа на Статутот на Банката и Законот за банки, а за нејзино усвојување е потребно двотретинско мнозинство од акциите со право на глас.
Како дел од постапката, Банката веќе поднела барање за претходна согласност до Народна банка на Република Северна Македонија, која треба да утврди дали новото седиште ги исполнува сите технички, организациски и безбедносни услови за вршење банкарска дејност.
Промената на седиштето е дел од стратешките планови на Банката, насочени кон модернизација, подобрување на оперативната ефикасност и унапредување на услугите за клиентите.
Доколку Собранието ја усвои одлуката, ќе следи упис на промената во Централниот регистар на Република Северна Македонија и спроведување на сите неопходни административни постапки.
Банки
ЕЦБ ги предупредува банките: време е за враќање на редовните кредитни операции
Банките во еврозоната треба да започнат подготовки за почесто користење на стандардните кредитни операции на Европската централна банка, со оглед на тоа што вишокот ликвидност во финансискиот систем постепено се намалува, се наведува во блог-објава на централната банка.
Повикајќи се на годишното истражување меѓу банкарските трезори, ЕЦБ истакнува дека банките кои претставуваат околу една четвртина од вкупната актива на банкарскиот систем во еврозоната веќе работат блиску до посакуваното ниво на резерви. Тоа е значително зголемување во однос на 15 проценти една година претходно, а се очекува овој удел до крајот на годината да достигне околу 50 проценти.
„Како што резервите продолжуваат да се намалуваат, важно е банките да бидат подготвени да ги користат операциите на Евросистемот како рутинска алатка за управување со ликвидноста и поддршка на пазарните активности“, наведува група економисти на ЕЦБ.
По години обележани со кризен пристап, вклучително долгорочни кредити и масовни откупи на обврзници, ЕЦБ сега се подготвува за премин кон систем во кој нивото на резерви повеќе ќе зависи од реалните потреби на банките.
Вишокот ликвидност достигна врв кон крајот на 2022 година на околу 4,7 трилиони евра, но оттогаш речиси се преполови, главно поради истекување на кредитите и прекинот на реинвестирањето на доспеаните обврзници.
Иако користењето на стандардните седмични и тримесечни операции на ЕЦБ и натаму е релативно ниско, бројот на банки што учествуваат во нив постепено расте. Меѓу оние кои ја поттикнуваат нивната редовна употреба е и членката на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел.
Анализата на пазарот на пари покажува дека ликвидноста и понатаму е рамномерно распределена меѓу банките и државите од еврозоната, без знаци на фрагментација. Банките кои се најблиску до оптималното ниво на резерви се воедно и најактивни на краткорочните репо-пазари.
Краткорочните каматни стапки во моментов се движат блиску до депозитната стапка на ЕЦБ од околу два процента, но евентуален раст, особено на пазарите со подолги рочности, може да сигнализира промени во потребите за ликвидност и атрактивноста на кредитните операции на централната банка.
ЕЦБ подоцна во текот на годината ќе го преиспита оперативниот рамковен систем воспоставен во 2024 година, со цел негово прилагодување на новите услови на финансиските пазари. Во план се и дополнителни инструменти, вклучително рефинансирачки операции и структурен портфолио на средства, кои треба да им помогнат на банките во управувањето со идните потреби за ликвидност.
-
Бизниспред 2 месециУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 2 месеци„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Анализипред 2 месециПрофитот на најголемите македонски банки се броеше во милијарди денари – со колкав профит ја завршија 2025 година водечките три банки?
-
Продуктипред 2 месециГрупацијата Иуте го лансираше Iute Affinity – за целосно дигитални осигурителни решенија
-
Берзапред 2 месециНеколку акции ја носат ликвидноста: кој доминираше на Македонската берза во јануари 2026-1?
-
Банкипред 2 месециЗлатници од Комерцијална банка за паметна и сигурна инвестиција и подарок што станува наследство
-
Бизниспред 2 месециПлатите во јавната администрација наскоро повисоки – Владата го прифати барањето на УПОЗ!


