Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во Комерцијална банка

Објавено

на

Доколку сакате професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, стабилност, ефикасност и иновативност, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Работна позиција: Соработник за администрирање фондови

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување.

Работно време: 40 часа неделно.

Огласот важи до: 21.12.2025 година

Работни цели и задачи:

  • Вреднување на имотот на инвестициски и пензиски фондови – клиенти на Банката;
  • Следење на усогласеност со законската регулатива при чување на средствата на пензиски и инвестициски фонд, континуирано следење и контрола на структурата на вложувањата, почитување на лимитите за изложеност, оценување на квалитетот на инвестициите и мониторинг на процентуалната изложеност во секоја поединечна инвестиција;
  • Порамнување на купопродажни трансакции со хартии од вредност на Македонската берза за хартии од вредност и во странство;
  • Следење и известување за корпоративни активности за хартии од вредност купени на домашен и на странски пазар, како и континуирана комуникација со суб-чувар на имот;
  • Креирање налози во денарски и во девизен платен промет;
  • Следење и усогласување со регулативата која го третира пазарот на капитал.

Потребни квалификации и способности:                           

  • Завршено високо образование од областа на економските науки;
  • Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
  • Напредно познавање на Microsoft Excel;
  • Способност за аналитичко мислење и антиципативно одлучување;
  • Најмалку 2 години работно искуство во финансиска институција ќе се смета за предност;
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Ориентираност кон потребите на клиентите;
  • Адаптибилност во динамична работна средина;
  • Комуникациски вештини за работа во тим;
  • Способност за брзо одлучување.

Придобивки за вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Доброволно приватно здравствено осигурување;
  • Програма за спорт и рекреација;
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте на: веб-страницата на Банката на следниот линк, преку е-пошта [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Соработник за администрирање фондови”.

Телефон за контакт: (02) 3168-412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на вашата апликација за работа согласни сте вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Кариера

Агенција Thrivity: Се бара референт за поддршка на правни лица во Струмица

Објавено

на

Агенцијата Thrivity, во име на свој клиент, стабилна компанија која работи како провајдер на финансиски услуги, објави оглас за вработување на позицијата референт за поддршка на правни лица во Струмица.

Станува збор за работна позиција наменета за професионалци кои имаат интерес да работат со бизнис клиенти, финансиски анализи и развој на деловни односи. Работните задачи опфаќаат развивање и одржување односи со постојни и нови корпоративни клиенти, анализа на финансиските потреби на компаниите, како и активно управување со портфолио на правни лица. Во рамките на позицијата се предвидени и средби и презентации со клиенти на терен.

Од компанијата наведуваат дека кандидатите можат да очекуваат флексибилно работно време, можности за професионален развој и обука, како и работа во современа работна средина со силен фокус на дигитална трансформација. Работната култура е насочена кон тимска соработка, доверба и континуиран развој.

За позицијата се бара кандидат со образование од областа на економија, финансии или бизнис, како и силни комуникациски вештини.

Работното место е лоцирано во Струмица, а заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк.

Продолжи со читање

Кариера

Агенција Thrivity: Провајдер на финансиски услуги бара Database Administrator во Скопје

Објавено

на

Агенцијата Thrivity објави оглас за вработување на администратор на бази на податоци (Database Administrator) за свој клиент, компанија провајдер на финансиски услуги која активно инвестира во дигитална трансформација и современи технологии.

Работната позиција е лоцирана во Скопје, а избраниот кандидат ќе работи на реални проекти поврзани со модернизација на дигиталните системи и управување со податоци.

Од компанијата истакнуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во професионална и отворена работна средина, со флексибилно работно време и можност за работа од различни локации. Воедно, се нуди континуирана едукација и можности за професионален развој.

Од кандидатите се очекува да имаат високо образование од областа на информатичките технологии или сродна техничка дисциплина, добро познавање на англискиот јазик, како и организираност и аналитичко размислување.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк:
https://tinyurl.com/mhyyjvau

Продолжи со читање

Бизнис

Thrivity бара референт за ликвидност за финансиска компанија во Скопје

Објавено

на

Агенцијата „Thrivity“, во име на свој клиент, реномирана компанија провајдер на финансиски услуги, објави оглас за вработување на позицијата референт за ликвидност со работна локација во Скопје.

Од компанијата информираат дека позицијата е наменета за финансиски професионалци со аналитички пристап кои сакаат да работат во динамична финансиска средина и да бидат дел од процесите што ја обезбедуваат стабилноста и ликвидноста на организацијата.

Работните задачи вклучуваат следење и управување со дневната ликвидносна позиција, анализа на паричните текови и ликвидносните показатели, како и тргување со финансиски инструменти на домашниот и меѓународниот пазар. Исто така, избраниот кандидат ќе учествува во подготовка на анализи и извештаи за менаџментот и ALCO, како и во соработка со банки, инвеститори и корпоративни партнери.

Компанијата нуди работна средина со високи етички стандарди, флексибилно работно време со можност за работа од различни локации, поддршка за професионален развој и континуирана едукација, како и можност за вклучување во дигиталната трансформација на финансиските процеси.

За позицијата се бара високо образование од областа на економија, финансии или банкарство, најмалку две до три години релевантно искуство во treasury, ликвидност или финансиски пазари, ACI Dealing лиценца, одлични аналитички способности и напредно познавање на Excel, како и добро познавање на англиски јазик.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange