Connect with us

Вработување

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.

Банката има тековна потреба за вработување во Служба за внатрешна ревизија и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Раководител на Служба за внатрешна ревизија
(1 извршител)

Вработување

Оглас за вработување банкарски службеник во Силк Роуд Банка

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. Банката вработува БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ, Служба за мрежа на експозитури. 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации: 

  • Најмалку средно образование, по можност универзитетска диплома;
  • Најмалку 1 година искуство, пожелно во благајничко работење ;
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point); 
  • Одлично познавање на англиски јазик – Добро познавање на локалниот пазар;
  • Добро познавање на банкарските производи;
  • Добри организациски и комуникациски вештини;
  • Можност за самостојна работа;
  • Флексибилност;
  • Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност.

Дел од работните задачи на банкарски службеник во Служба за мрежа на експозитури се следните: 

  • Ефикасно го врши сето готовинско и безготовинско работење; 
  • Го следи трезорот на експозитурата за да се осигура дека готовинскиот биланс е точен; 
  • Врши управување со готовина, броење и верификација на соодветната документација; 
  • Го развива и одржува клиентскиот однос со клиентите, така што обезбедува професионални финансиски решенија во областа на комерцијално позајмување; 
  • Ги исполнува таргетите за пораст/продажба на портфолиото; 
  • Ги одредува финансиските потреби на клиентите и ги следи трендовите на пазарот/конкуренцијата со цел советување на клиентите и предлагање на конкретни производи на банката кои ќе ги исполнат нивните барања; 
  • Ги промовира производите и услугите на банката на постоечките и потенцијалните клиенти со цел да се постигнат личните таргети и да се придонесе за перформансите и профитабилноста на експозитурата; 
  • Им пренесува информации на претпоставените и на другите служби за конкретни потреби на клиентите, нивните барања или пазарните трендови, со што придонесува за осмислување и на нови производи; 
  • Го започнува процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити на банката; 
  • Врши вкрстена продажба на банкарските производи. 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected] со задолжителна назнака за “Банкарски службеник во Скопје во Служба за мрежа на експозитури”, најдоцна до 28.11.2024 година.

Силк Роуд Банка замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот. Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата [email protected]

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Деловниот сектор за управување со продажна мрежа во НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Експозитура Битола.

Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на НЛБ тимот и заедно да ги споделувате предизвиците на работењето, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Раководител на
Експозитура Битола

Улога во тимот:

  • Обезбедување континуирано оперативно функционирање на експозитурата;
  • Раководење со процесите на благајничко и картично работење, платен промет, кредитирање, девизно работење, лично банкарство;
  • Остварување на продажните цели и резултати со цел зголемување на пазарното учество, портфолиото и конкурентската предност на Банката;
  • Управување со динамични процеси за обезбедување насоченост кон клиентите;
  • Континуирано унапредување на процесите, учество во креирање и следење на деловната стратегија на Банката;
  • Организирање и следење на работата, мотивирање и професионален развој на вработените;
  • Одржување на тимска синергија и високо ниво на комуникација со колегите и раководството на Банката;
  • Познавањето на работењето и работните процеси во Банката, како и изразените комерцијални предиспозиции ќе бидат твојата предност која се надеваме дека ќе можеш да ја искористиш на наведеното работно место.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование;
  • Претходно работно искуство од минимум 3 години на менаџерска позиција за работа со клиенти;
  • Развиени лидерски, менаџерски и продажни вештини;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
  • Способност за тимска работа, самоиницијативност и аналитички вештини;
  • Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV) најдоцна до 25.11.2024 година на: [email protected] со назнака за Раководител на Експозитура Битола.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува две лица заинтересирани за работно место Дипломиран Правник – Соработник за правни работи во Дирекцијата за правни работи во Скопје.

Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на застапување на Банката во постапките пред надлежните судови, нотари, извршители и другите органи и институци, изработување на целокупната останата документација и извршување на работни задачи во надлежност на Дирекцијата за правни работи.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

  • Најмалку високо образование Дипломиран правник;
  • Положен правосуден испит;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
  • Возачка дозвола „Б“ категорија со две годишно возачко искуство;
  • Претходно работно искуство во банкарскиот сектор ќе се смета за предност.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Позитивен приод кон работата;
  • Висок степен на прецизност.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете CV и пропратно писмо на: [email protected].

Огласот ќе биде активен заклучно со 01.12.2024 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Продолжи со читање

Популарно