Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Сектор за развој на понуда и маркетинг на НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во сегментот на развој на продукти, услуги и канали.

Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на НЛБ тимот и заедно да ги споделувате предизвиците на работењето, НЛБ Банка те мотивира да се пријавиш на отворената работна позиција:

Специјалист за развој на продукти, услуги и канали

Улога во тимот:

  • Развој на продукти – Водење на развојот и унапредувањето на банкарските продукти и услуги со фокус на дигитални решенија. Работа во различни тимови, вклучувајќи технологија, дизајн и маркетинг.
  • Анализа на пазар – Следење на пазарот и идентификација на нови трендови, потреби на клиентите и следење на конкуренцијата во дигиталното банкарство. Употреба на резултатите за унапредување на карактеристиките на продуктите и услугите со функционалност/дизјан кои ќе ја издвојат понудата на Банката на пазарот.
  • Дигитална стратегија – Инволвираност во креирањето и следењето на дигиталната стратегија на Банката преку насочување и усoгласување на развојот на продукти и услуги во рамките на стратегијата (познавање на клиентите и нивното однесување, познавање на дигиталните канали и искуство во индустријата).
  • Комуникација со засегнати страни – Комуникација со клучни засегнати страни, вклучувајќи менаџмент, надворешни партнери и корисници. Анализа на барањата и потребите со цел комуникација на визијата на продуктот/услугата и управување со очекувањата и плановите. Работа во тимови за успешна и навремена имплементација на банкарските продукти.
  • Креирање на позитивно корисничко искуство (UX – User Experience) – Свесност за важноста на дизајнот на продуктот/услугата гледани од аспект на корисник (кориснички поставен дизјан, беспрекорно корисничко искуство, интуитивни и визуелно привлечни решенија).
  • Тестирање на продукти и оптимизација – Соработка со тимови во насока на контрола на изведбата, квалитет и сигурност преку тестирање на развојот. Анализа на feedback од корисници и користење на резултатите и перформанси со цел оптимизација и постојано унапредување на продуктот.
  • Познавање на индустријата – Познавање на најновите регулативи и прописи за дигитални банкарски продукти. Задолжителна контрола на запазени правни, сигурносни стандарди и заштита на клиентите/податоците во процесите.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование;
  • Креативно и иновативно размислување (Digital mindset);
  • Познавање и користење на нови технологии;
  • Познавање и користење на дигитални алатки и напредни алатки за работа со податоци;
  • Познавање на банкарските продукти;
  • Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
  • Проактивен пристап, динамичност, иницијативност, мотивираност и насоченост кон реализација/исполнување на цели;
  • Одлични организациски вештини;
  • Напредни комуникациски и аналитички вештини, способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Напредно користење на Office пакетот;
  • Одлично познавање на aнглискиот јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV) најдоцна до
25.01.2025 на [email protected] со назнака за Специјалист за развој на продукти, услуги и канали.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Кариера

Агенција Thrivity: Се бара референт за поддршка на правни лица во Струмица

Објавено

на

Агенцијата Thrivity, во име на свој клиент, стабилна компанија која работи како провајдер на финансиски услуги, објави оглас за вработување на позицијата референт за поддршка на правни лица во Струмица.

Станува збор за работна позиција наменета за професионалци кои имаат интерес да работат со бизнис клиенти, финансиски анализи и развој на деловни односи. Работните задачи опфаќаат развивање и одржување односи со постојни и нови корпоративни клиенти, анализа на финансиските потреби на компаниите, како и активно управување со портфолио на правни лица. Во рамките на позицијата се предвидени и средби и презентации со клиенти на терен.

Од компанијата наведуваат дека кандидатите можат да очекуваат флексибилно работно време, можности за професионален развој и обука, како и работа во современа работна средина со силен фокус на дигитална трансформација. Работната култура е насочена кон тимска соработка, доверба и континуиран развој.

За позицијата се бара кандидат со образование од областа на економија, финансии или бизнис, како и силни комуникациски вештини.

Работното место е лоцирано во Струмица, а заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк.

Продолжи со читање

Кариера

Агенција Thrivity: Провајдер на финансиски услуги бара Database Administrator во Скопје

Објавено

на

Агенцијата Thrivity објави оглас за вработување на администратор на бази на податоци (Database Administrator) за свој клиент, компанија провајдер на финансиски услуги која активно инвестира во дигитална трансформација и современи технологии.

Работната позиција е лоцирана во Скопје, а избраниот кандидат ќе работи на реални проекти поврзани со модернизација на дигиталните системи и управување со податоци.

Од компанијата истакнуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во професионална и отворена работна средина, со флексибилно работно време и можност за работа од различни локации. Воедно, се нуди континуирана едукација и можности за професионален развој.

Од кандидатите се очекува да имаат високо образование од областа на информатичките технологии или сродна техничка дисциплина, добро познавање на англискиот јазик, како и организираност и аналитичко размислување.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк:
https://tinyurl.com/mhyyjvau

Продолжи со читање

Бизнис

Thrivity бара референт за ликвидност за финансиска компанија во Скопје

Објавено

на

Агенцијата „Thrivity“, во име на свој клиент, реномирана компанија провајдер на финансиски услуги, објави оглас за вработување на позицијата референт за ликвидност со работна локација во Скопје.

Од компанијата информираат дека позицијата е наменета за финансиски професионалци со аналитички пристап кои сакаат да работат во динамична финансиска средина и да бидат дел од процесите што ја обезбедуваат стабилноста и ликвидноста на организацијата.

Работните задачи вклучуваат следење и управување со дневната ликвидносна позиција, анализа на паричните текови и ликвидносните показатели, како и тргување со финансиски инструменти на домашниот и меѓународниот пазар. Исто така, избраниот кандидат ќе учествува во подготовка на анализи и извештаи за менаџментот и ALCO, како и во соработка со банки, инвеститори и корпоративни партнери.

Компанијата нуди работна средина со високи етички стандарди, флексибилно работно време со можност за работа од различни локации, поддршка за професионален развој и континуирана едукација, како и можност за вклучување во дигиталната трансформација на финансиските процеси.

За позицијата се бара високо образование од областа на економија, финансии или банкарство, најмалку две до три години релевантно искуство во treasury, ликвидност или финансиски пазари, ACI Dealing лиценца, одлични аналитички способности и напредно познавање на Excel, како и добро познавање на англиски јазик.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange