Connect with us

Останато

На самитот на БРИКС, Русија ќе предложи алтернативна платформа за плаќање

Објавено

на

На самитот на БРИКС кој деновиве се одржува во Казан, Русија ќе им предложи на членките на БРИКС формирање нова платформа за меѓународни плаќања која ќе се натпреварува со сегашниот централизиран систем СВИФТ и ќе биде фокусирана на плаќањата во националната валута, наместо досега утврдениот американски долар.

Новата инфраструктура за прекугранични плаќања ќе вклучува систем за пораки и мрежа на комерцијални банки кои ќе вршат прекугранични трансакции исклучиво во национални валути.

Централните банки би имале централно место во трансакциите со цел да го заштитат платежниот сообраќај од надворешни влијанија, објаснува руското претседателство со БРИКС во нацрт-документот.

Воспоставувањето директни врски меѓу централните банки би можело да го намали ризикот на минимум, бидејќи исклучувањето на комерцијален кредитор од системот би значело и исклучување на „нејзината“ централна банка, објаснуваат тие, наведувајќи ја можноста за заедничка мултилатерална платформа за плаќања, која би се базирала на модерна технологија.

Кризите ги истакнаа недостатоците на меѓународниот финансиски систем и потенцијалот за дестабилизација претставена со „прекумерното потпирање на единствена валута и на централизирана финансиска инфраструктура“, тврдат тие. Системот треба да се прилагоди за подобро да се справи со „предизвиците кои ги носи фрагментацијата на светската трговија“ и да ги следи потребите на светската економија, се наведува во документот.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и неговите посебни права на влечење не го следеа развојот на светската економија, е заклучокот на руското претседателство со БРИКС.

Според првичниот план, овие посебни права на влечење требаше да станат алтернативно средство во државните резерви, па дури и нова глобална валута, но нивната ефективност, генерално, сè уште е ограничена, наведуваат тие, предлагајќи дискусија за нивната можна улога во глобалната економија и во контекст на приватниот сектор.

Анализи

Инфлацијата падна од 5,7% на 2,3% во јули – но зошто граѓаните не чувствуваат олеснување?

Објавено

на

Инфлацијата во Македонија во јули се намали на 2,3%, што претставува значително забавување во однос на претходните месеци – во јуни изнесуваше 3,4%, а во април високи 5,7%.

Сепак, пониската инфлација не значи дека производите поевтинеле. Таа покажува дека цените сега растат со побавно темпо, додека поскапувањата од претходните години и натаму се вградени во цените на храната, домувањето и останатите основни трошоци.

Според Државниот завод за статистика, трошоците на животот во јули биле 2,3% повисоки во однос на истиот месец лани, додека на месечно ниво се зголемиле за 0,1%.

Иако денешните стапки се значително пониски од инфлацискиот удар во 2022 година, за граѓаните останува поинаква слика. Семејните буџети и натаму се под притисок, бидејќи платите и куповната моќ треба да растат доволно брзо за да го надоместат претходниот раст на цените.

Токму затоа, намалувањето на инфлацијата е позитивен сигнал за економијата, но не значи автоматско поевтинување на животот. Реалното олеснување за домаќинствата ќе се почувствува тогаш кога приходите ќе овозможат повторно да се купува повеќе со истиот месечен буџет.

Со други зборови: инфлацијата паѓа, но сметките и трошоците не се враќаат на старото ниво.

Продолжи со читање

Останато

НЛБ предупредува на лажни СМС пораки: Не отворајте сомнителни линкови

Објавено

на

НЛБ ги предупредува граѓаните на појава на лажни СМС пораки во кои се злоупотребуваат името и брендот на банката, со цел од корисниците да се приберат лични и банкарски податоци.

Во пораките, примателите се повикуваат да отворат линк и да внесат или потврдат лични податоци, информации од платежни картички или податоци поврзани со електронското и мобилното банкарство.

Од НЛБ апелираат корисниците да не кликаат на непознати и сомнителни линкови и да не внесуваат доверливи информации преку нив.

„НЛБ никогаш нема да побара од вас лозинка, ПИН или други доверливи податоци преку СМС линк“, посочуваат од банката.

Граѓаните се советуваат внимателно да ја проверат секоја порака и нејзиниот извор пред да споделат какви било податоци.

Ваквите пораки се форма на т.н. „smishing“ измама, односно обид преку СМС и лажен линк да се дојде до чувствителни податоци кои подоцна можат да бидат злоупотребени.

Од НЛБ порачуваат корисниците да бидат внимателни и навремено да ги заштитат своите лични податоци и финансиски средства.

Продолжи со читање

Останато

КБ Прво пензиско друштво со промени во Надзорниот одбор

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја извести Македонската берза за промени во составот на Надзорниот одбор на Друштвото.

Согласно одлуките донесени од Собранието на акционери, за членови на Надзорниот одбор повторно се избрани Аленка Жнидаршич Крањц, Јанез Крањц и Анита Бислимовска, додека Кирил Јовановски е избран за нов независен член на Надзорниот одбор.

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС донела решенија со кои се одобрува изборот и реизборот на членовите, а нивниот мандат започнал на 4 август 2026 година.

Истовремено, на независниот член на Надзорниот одбор Душица Стевчевска-Србиноска ѝ престанал мандатот заклучно со 3 август 2026 година.

Согласно Решението на Централниот регистар од 6 август 2026 година, Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво сега го сочинуваат:

  1. Аленка Жнидаршич Крањц – член
  2. Маја Стевкова Штериева – член
  3. Јанез Крањц – член
  4. Анита Бислимовска – член
  5. Рок Папич – независен член
  6. Кирил Јовановски – независен член

Информацијата е објавена преку Македонската берза, согласно обврските за известување утврдени со Законот за хартии од вредност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange