Connect with us

Компании

Македонски Телеком продолжува со раст и фокус на инвестиции во новите технологии во првите три месеци на 2023 година

Објавено

на

Во првиот квартал на 2023 година, Македонски Телеком продолжи со стабилен раст во сите сегменти, фокус на новите технологии и зголемување на бројот на корисници во сите сегмени. Приходите од продажбата се зголемени за 3,7 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 2,9 милијарди денари.

За разлика од 2022 година кога оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA), бележеше пад, во првите три месеци на 2023 таа е зголемена за 5,6 проценти споредено со истиот период минатата година. И нето добивката бележи пораст од дури 33,2 проценти.

Интензивно ширење на оптичката мрежа

Со фокусот на интензивното ширење на оптичката мрежа, сè повеќе се зголемува бројот на оптички пристапи во земјата. Споредено со истиот период во 2022 година, Телеком го зголеми бројот на пристапи до оптика за 11 проценти и сега тој изнесува 281 000. Во март, бројот на корисници на оптика надмина 100 000. Оваа година се планира масовно мигрирање на корисниците од бакар на оптика во поголемиот дел од главниот град, како и во сите делови на државата каде што има оптичко покривање.

Продолжува ширењето и на 5G мрежата, којашто сега е достапна во 27 градови и нивните околини.

Инвестициите во новите технологии ќе продолжат во текот на целата година.

Лидерство на пазарот и зголемување на бројот на корисници

Бројот на корисници продолжи да расте во првите три месеци на 2023 година во сите сегменти. Остануваме лидер на ТВ пазарот со удел од 33,6 проценти и раст од 1,2 проценти или 148 илјади корисници.
Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 2,8  проценти и изнесува 204 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи исто така порасна за 2,8 проценти.
Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена за 3,3 проценти, со што бројот на корисници достигна 1,25 милиони. Во фиксната телефонија, остануваме на водечка позиција со удел од 61,2 проценти и 224 илјади корисници.

Компании

ЕОС Матрикс: ЕСГ стандардите ќе помогнат за развој и на компаниите и на заедницата

Објавено

на

Преку инвестиции во иновации, континуирана едукација и креирање на проекти од интерес на компанијата и на заедницата се создаваат услови за одржлив развој според ЕСГ стандардите. ЕОС Матрикс Македонија постојано работи на имплементација и надоградување на ЕСГ стандардите во чии рамки се одвиваат сите активности во компанијата. Унапредување на бизнисот со побарувања, создавањето на одржливи пракси кои ќе овозможат успешно справување со задолжувањата на долг рок, заштита на животната средина согласно Парискиот Договор и воведување на промени кон подобро за целото општество се четирите основни области во кои делува компанијата и создава услови за одржлив развој.(повеќе…)

Продолжи со читање

Компании

Маја Кадиевска-Војновиќ нов член на Надзорниот одбор на КИБС АД Скопје

Објавено

на

Во согласност со одредбите од член 166-б од Законот за хартии од вредност, Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје, (КИБС АД Скопје), како Акционерско друштво го доставува следново тековно соопштение за спроведени промени во органите на управување:(повеќе…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување Советник за продажба во НЛБ Lease&Go

Објавено

на

НЛБ Lease&Go д.о.о. Скопје која е дел од НЛБ Групацијата го проширува својот тим на успешни професионалци.
Нашите корпоративни вредности се одговорност, чесност, кредибилност, соработка, насоченост кон решенија, иновации и едноставност. Работиме чесно и одговорно и работењето кај нас не е само работа туку и мисија која ја живеат сите вработени.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно