Connect with us

Бизнис

Продолжува нагорниот тренд на раст на Македонски Телеком и во првата половина од 2026 година

Објавено

на

Македонски Телеком го продолжи нагорниот тренд на раст и на инвестиции во иновации и инфраструктура во првата половина од 2026 година, потврдувајќи го своето лидерство и преку Ookla®признанија за најдобрата мрежа и национално признание за одржлив развој.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот на првата половина на 2026 изнесуваат 895 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 7,3 проценти споредено со истиот период минатата година, а нето добивката за 9,5 проценти. Зголемени се и приходите од продажбата за 5,1 проценти.

Рекордни 6 награди за најдобрата мрежа

Македонски Телеком повторно го освои престижното Ookla® Speedtest Awards™ признание, потврдувајќи го своето лидерство со најдобрата мрежа во Македонија и во првата половина на 2026 година. Според најновите мерења, компанијата има најдобра мобилна и фиксна мрежа на пазарот и е добитник на наградите за најдобра мобилна мрежа, најбрза мобилна мрежа, најдобро мобилно гејминг искуство, најдобро мобилно видео искуство, како и за најдобра фиксна мрежа и најбрза фиксна мрежа.

Денес, 5G мрежата покрива 97,8% од населението со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Со оптичката инфраструктура покриваме 386 илјади пристапи до оптика, што е речиси двојно повеќе во споредба со сите останати оператори на пазарот заедно и за 9 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Раст на бројот на корисници во сите сегменти

Нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство донесе  зголемување на бројот на корисници и лидерство во сите сегменти.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3 проценти и изнесува 227,9 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 2,6 проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена за 1,7 проценти и изнесува 1,291 милиони.

Во фиксната телефонија останавме на водечката позиција со 240 илјади корисници. На ТВ пазарот имаме лидерска позиција со удел од 38,6 проценти, со раст од 5,6 проценти или 173 илјади корисници на крајот на првата половина на 2026 година.

Со нашата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 448 000 корисници. Според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, ние сме број 1 телекомуникациски бренд во Македонија.

Зголемување на заработката по акција и на дивидендата

Успешните резултати доведоа и до повисока заработка по акција, како и дивиденда за акционерите. Просечната цена по акција на крајот на првата половина на 2026 година бележи раст од 5,8% споредено со крајот на 2025 година. Бруто износот на дивидендата по акција е зголемен за 4,7% во споредба со минатата година.

Национално признание за одржлив развој

Во вториот квартал на 2026 година добивме национално признание за одржлив развој за иницијативата „Нет без хејт“ – младинско движење на Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ коешто придонесува за создавање побезбеден, похуман и поинклузивен дигитален простор без кибернасилство и говор на омраза.

Продолжуваме да работиме на еднакво дигитално општество и на намалување на штетните влијанија врз животната средина.

ПР објава

Бизнис

Горивата поевтинуваат: Дизелот за 8 денари, бензините за 4 денари

Објавено

на

Од полноќ горивата во Македонија ќе се продаваат по пониски цени, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто во однос на претходната одлука од 4 август.

Од 00:01 часот на 11 август, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 87 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 89 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе изнесува 91,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство 92,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе чини 43,538 денари за килограм.

Со новата одлука, двата вида бензин поевтинуваат за по 4 денари за литар, дизелот за 8 денари за литар, а екстра лесното масло за 6 денари за литар. Цената на мазутот се намалува за 2,881 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светските пазари во однос на претходната пресметка бележат пад. Кај бензините намалувањето изнесува во просек 6,186 отсто, кај дизелот 10,435 отсто, кај екстра лесното масло 8,138 отсто, а кај мазутот 7,151 отсто. Истовремено, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,0313 отсто.

Од Комисијата нагласуваат дека утврдените цени се максимални, а трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.

Продолжи со читање

Бизнис

Владата усвои листа со 41 предлог-проект за јавни инвестиции

Објавено

на

Владата ја усвои првата конечна приоритетна листа на предлог-проекти за јавни инвестиции, на која се наоѓаат вкупно 41 проект, соопшти Министерството за финансии.

Листата е подготвена на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции, а ги опфаќа проектните идеи доставени од институциите, кои претходно биле проверени, оценети и одобрени согласно утврдената постапка.

Станува збор за проекти со средна и голема вредност, односно над пет милиони евра, од областите на инфраструктурата, образованието, здравството, енергетиката, дигитализацијата, земјоделството и водостопанството.

Од Министерството посочуваат дека при оценувањето биле земени предвид комплетноста на документацијата, квалитетот на податоците, стратешката релевантност, како и подготвеноста на проектите за понатамошна разработка.

Усвоената листа ќе претставува основа за дефинирање на новите капитални инвестиции во буџетскиот процес за 2027 година, како и во инвестициските програми на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост.

Од Министерството нагласуваат дека вклучувањето на одреден проект на листата не значи автоматски дека тој ќе биде финансиран или реализиран. Одлуките за финансирање ќе се носат во рамки на капиталното буџетирање, согласно расположливите средства, степенот на подготвеност на проектот и приоритетите на Владата за соодветната фискална година.

Новото управување со јавните инвестиции произлегува од Законот за буџети и од Уредбата за управување со јавни инвестиции, а е дел и од Реформската агенда 2024–2027. Комитетот за јавни инвестиции беше формиран минатата година, а првиот состанок го одржа во април годинава.

Целта на новиот систем, според Министерството за финансии, е одлуките за капиталните проекти над пет милиони евра да се носат на потранспарентен и посистематски начин, а идните буџети полесно да се планираат.

Продолжи со читање

Бизнис

Германската индустрија се враќа во игра: Производството повторно расте и ги надмина очекувањата на пазарот

Објавено

на

Германската индустрија забележа подобри резултати од очекувањата во јуни, што претставува дополнителен сигнал за стабилизирање на најголемата европска економија во вториот квартал од годинава.

Според податоците на германскиот Федерален завод за статистика, индустриското производство во јуни пораснало за 0,2% на месечно ниво, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа раст од 0,1%. Истовремено, индустриските нарачки се зголемиле за 3,1%, иако растот главно се должи на неколку големи поединечни нарачки.

Позитивни сигнали пристигнаа и од надворешната трговија. Германскиот извоз во јуни се зголемил за 0,9% во однос на претходниот месец, значително над очекувањата од 0,2%, додека увозот пораснал за 4,4%.

Во првата половина од 2026 година, Германија извезувала 3,7% повеќе стоки во споредба со истиот период лани, а увозот е повисок за 4,4%. Извозот кон земјите членки на Европската Унија пораснал за 1,3%, додека испораките кон земјите надвор од ЕУ се зголемиле за 0,3%. Наспроти тоа, извозот кон САД бележи значителен пад од 14,2% на месечно ниво.

Податоците укажуваат дека германската индустрија постепено закрепнува, иако аналитичарите предупредуваат дека одржливоста на растот ќе зависи од идната побарувачка и глобалните економски услови.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange