Connect with us

Компании

Алкалоид АД Скопје – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

Објавено

на

Компанијата „Алкалоид АД Скопје“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022 година, според анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување „Вработување.ком“. На јавното анкетно истражување спроведено во периодот од 26.5.2022 до 19.6.2022 година дури 41% од вкупно 1.468 испитаници одговориле дека би сакале да работат во “Алкалоид“.

На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а “Алкалоид АД Скопје” ја доби наградата како апсолутен победник, односно се закити со титулата “Најпосакуван работодавец за 2022 – најпосакувана македонска компанија”.

Наградата му беше врачена на Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“, г. Живко Мукаетов, на манифестацијата конципирана како оскари за работодавците, „Работодавец на годината“, реализирана низ симболиката на 20-годишниот јубилеј на „Вработување.ком“.

Наградите за најпосакуван работодавец се доделуваат врз база на три критериуми: бројот на посети на огласите и на објавите на сајтот „Вработување.ком“, покажаниот интерес од апликантите и јавното анкетно истражување.

Како компанија во чија деловна стратегија и во стратегијата за општествена одговорност Луѓето се пред сѐ, „Алкалоид АД Скопје“ ќе продолжи да одржува и да креира високи професионални стандарди во работната средина која претставува кариерен предизвик за сѐ повеќе млади професионалци кои тежнеат својата кариера да ја градат во сопствената земја.

Компании

КИБС АД Скопје – лиценциран оператор согласно платежната регулатива на ЕУ

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија издаде Решение со коешто Клириншката куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје – КИБС АД Скопје, доби дозвола и стана лиценциран оператор на платен систем во Република Македонија согласно новиот Закон за платежни услуги и платни системи, кој пак е целосно усогласен со европската платежната регулатива. Воедно, платниот систем КИБС е запишан во Регистарот на оператори на платните системи кој го води Народната банка.

Покрај тоа, Народната банка издаде претходна согласност за именување на досегашните членови на Управниот одбор на КИБС АД Скопје: Горан Анастасовски, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на КИБС АД Скопје и Биљана Адамческа, Директор на дирекција за платежни услуги и системи во земјата во Комерцијална банка АД Скопје. 

Ова претставува уште една потврда за долгогодишното беспрекорно работење на КИБС, како единствен оператор на платен систем со одложено нето-порамнување за мали плаќања врз основа на кредитни трансфери, кој во изминатите повеќе од 20 години професионално испорачува услуги од меѓубанкарски интерес, услуги за потребите на државата, деловната заедница и граѓаните. 

КИБС останува стабилен и доверлив партнер при испорака на клучни услуги поврзани со плаќањата и продолжува да ги унапредува истите, следејќи ги глобалните трендови.  

Продолжи со читање

Компании

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

Објавено

на

Во годината кога славиме 15 години успешно работење на финансискиот пазар, со задоволство ве известуваме дека КБ Публикум инвест АД Скопје станува КБ ИНВЕСТ АД Скопје.

Промената на името на Друштвото значи нов импулс за уште поголем раст и развој врз основа на веќе цврсто поставени вредности и стандарди во работењето.

КБ ИНВЕСТ добива дополнителен стимул за уште подобри деловни резултати благодарејќи и на засилената позиција на Комерцијална банка во акционерскиот капитал на Друштвото. Банката со зголемување на својот удел во КБ ИНВЕСТ на 78,43%, придонесе не само за јакнење на акционерскиот капитал на Друштвото туку и за додавање вредност на брендот кој веќе е синоним за доверба, одговорност и успешност.

КБ ИНВЕСТ АД Скопје како Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, основано во 2009 година, практично беше основоположник на развојот на нов сегмент на финансискиот пазар во земјава, кој отвори нови можности за инвестирање на граѓаните и на компаниите. Друштвото, кое денес управува со 6 отворени инвестициски фондови со вредност од околу 110 милиони евра, на илјадници инвеститори им нуди нови можности и алтернативи за оплодување на нивниот капитал и за остварување на нивните инвестициски цели. Со инвестициските фондови, кои се со различна инвестициска стратегија и се концепирани на начин да ги задоволат барањата и потребите и на најсофистицираните инвеститори, КБ ИНВЕСТ придонесе и за збогатување и развој на пазарот на капитал во земјава.

Силата на брендот КБ ИНВЕСТ произлегува од деловната политика на Друштвото кое во континуитет ги следи најсовремените трендови во светот на инвестицискиот менаџмент, понудата на финансиски инструменти, можностите за инвестирање и довербата на клиентите со кои секојдневно ги освојуваме пазарите на капитал во земјава и во странство.

Освежениот бренд КБ ИНВЕСТ сега значи и нов поттик и предизвик за уште поголеми постигнувања на задоволство на клиентите, акционерите и на целиот тим на Друштвото.

Комерцијален текст

Продолжи со читање

Компании

Динерс Клуб Македонија – првата финансиска институција во Македонија со одобрение за извршување платежни трансакции со платежни картички при Народната банка

Објавено

на

Со задоволство ја информираме пошироката јавност дека со Решение на Народната банка на Република Северна Македонија од 27.5.2024 година, „Динерс Клуб Интернационал МАК“ АД Скопје беше запишан во регистарот на платежни институции, кој се води во рамките на Народната банка. Со ова, компанијата стана прва финансиска институција во државата која доби одобрение за извршување на платежни трансакции кај коишто паричните средства се обезбедени со кредитна линија за корисникот на платежни услуги и извршување на платежни трансакции со платежни картички или слични телекомуникациски, дигитални или информатички уреди, како и издавање платни инструменти и/или прифаќање платежни трансакции што одговараат во согласност со новиот Закон за платежни услуги и платни системи. 

Со успешно завршениот процес на лиценцирање во рамките на супервизорскиот процес кој се одвиваше во изминатиот период, „Динерс Клуб Интернационал МАК“ уште еднаш ја докажа својата професионалност како прва финтек компанија во нашата држава која успешно опстојува на домашниот финансиски пазар и која на континуирана основа настојува да работи на највисоко професионално ниво, преку целосна усогласеност со позитивното законодавство во нашата држава од областа на финансиите.   

Влегувањето на Динерс Клуб Македонија во НБРМ, значи поголема заштита на членовите, потранспарентна средина на работа, но и можност за проширување на портфолиото на компанијата. Ние сме горди на овој значаен чекор, а ни претставува особена чест од причина што оваа година е токму јубилејна година на нашата компанија. Со ваквото постигнување, нашите членови можат да бидат уверени во својата сигурност и безбедност во вршењето на финансиските трансакции, а нас ни овозможи да продолжиме да ги унапредуваме нашите услуги. Воедно, се заблагодаруваме на нашите членови и партнери за нивната континуирана поддршка и доверба во изминатите 30 години. – изјавија од Динерс Клуб Македонија.

Продолжи со читање

Популарно