Connect with us
no baners

Бизнис

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги со лиценцирање на институција за електронски пари на Европскиот пазар.

Објавено

на

Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари, со добиената лиценца за започнување со работа на IutePay во Бугарија, доделена од страна на Бугарската Народна Банка.Истото претставува голем исчекор, овозможувајќи ѝ на групацијата да ги прошири своите платежни услуги освен на Балканот и на тлото на Европа. 

На овој начин, Бугарија се приклучува на албанската Иуте подружница, која ја доби лиценцата за електронски пари во 2022 година, додека во Молдавија групација Иуте нуди платежни услуги преку Energbank.

Со оваа лиценца корисниците ќе имаат можност да отворат платежни сметки за добивање на приливи по основ на плата, трансфер на пари во реално време, плаќање сметки за комунални услуги или отплата на рати по кредити.

Лиценцата за институција за електронски пари е клучен чекор во стратегијата на групацијата да стане меѓународен давател на платежни услуги, на начин што нѝ овозможува да го прошириме делокругот на делување ширум сите пазари на ЕУ, нудејќи брзи, беспрекорни и клиентски ориентирани решенија за плаќање. Ова овозможува и на другите Иуте подружници и нивните клиенти пристап до инстант плаќања во евра, без разлика дали нивните земји имаат инфраструктура за инстант плаќања“, изјави Тармо Силд, Извршен директор на Групацијата.

Групацијата Иуте е финтек компанија основана во 2008 година во Естонија, специјализирана во делот на лични финансии, платежни услуги, банкарство и осигурителни производи. Иуте услужува клиенти во Албанија, Бугарија, Молдавија и Северна Македонија, притоа финансирајќи ги своите кредитни портфолија со капитал, депозити и обезбедени обврзници на регулираниот пазар на Франкфуртската и Балтичката берза.

Иуте Македонија како дел од Иуте Естонија, дигиталнонајмоќната земја во Европа, од својата мајка компанија гицрпи сите технолошки дигитални новини, имплементирајќиги и на домашниот пазар и корисници.

Во изминативе 15 години, Иуте еволуираше стабилно, од компанија за кредитирање во банкарска групација во повеќе бизнис сегменти, продолжувајќи цврсто и сигурно да ги следи зацртаните цели.

Потврда за истото беше и неодамна добиениот прв Фич рејтинг, како огромен успех и доказ за кредибилитетот. Групацијата исто така се најде на листата на елитни европски компании кои, според истражувањето на Фајненшал Тајмс (Financial Times) и Статиста (Statista), покажале континуиран, стабилен и одржлив раст на приходите во изминатата декада.

Бизнис

Андоновски: Ќе се појасни законската рамка за инфлуенсерите, ЕУ прави јасна разлика меѓу платформи и креатори на содржини

Објавено

на

Министерството за дигитална трансформација е во завршна фаза на усогласување на домашната регулатива со европските правила за воведување на моделот „Роаминг како дома“ со Европската Унија, а паралелно се отвора и прашањето за појасна законска рамка за инфлуенсерите и креаторите на дигитални содржини.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, информираше дека Европската комисија пред две недели официјално го започнала процесот за сите земји од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. Според него, секоја држава ќе мора поединечно да ги исполни условите пред да започнат билатералните преговори.

Тој посочи дека државата веќе ги доставила измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации до Европската комисија, со кои се врши целосно усогласување со европските барања во делот на безбедноста, фер користењето на роаминг услугите, како и утврдувањето на прекуграничните цени. По добивањето на коментарите од Европската комисија, предлог-законот ќе биде испратен во Собранието.

Андоновски изрази очекување дека Северна Македонија ќе биде првата земја од регионот што ќе ги исполни сите критериуми за воведување на „роаминг како дома“. Потоа, како што појасни, ќе следуваат преговори со Европската комисија, која ќе биде посредник меѓу земјата и европските телекомуникациски оператори. Според неговите очекувања, договорите би можеле да се постигнат во текот на 2026 година, но динамиката ќе зависи од Европската комисија.

Во меѓувреме, институциите разгледуваат и можности за регулирање на статусот на инфлуенсерите и креаторите на содржини. Министерот соопшти дека веќе се одржала средба со претставници на Здружението на инфлуенсери, а планиран е и состанок со директорот на Агенцијата за аудио-визуелни медиумски услуги.

Според него, во постојната законска рамка постои недореченост, бидејќи Законот за аудио-визуелни медиумски услуги не прави јасна разлика меѓу платформите и креаторите на содржина. Во Европската Унија, како што нагласи, јасно се прави дистинкција меѓу платформи како Инстаграм, Фејсбук или Јутјуб и поединечните креатори кои ги користат тие платформи за објавување содржини.

Во наредниот период ќе се разгледува дали ова прашање ќе се решава со измени на правилниците или ќе биде потребна законска измена за целосно усогласување со европските стандарди.

Продолжи со читање

Бизнис

Во Владата денеска ќе се одржи панел дискусија посветена на економскиот раст и економската сигурност на граѓаните

Објавено

на

На панелот ќе учествуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Дискусијата ќе ја модерира портпаролката на Владата, Марија Митева.

Настанот ќе се одржи во Медија центарот на Владата и ќе може да се следи во живо преку официјалниот Јутјуб канал на Владата.

По завршувањето на панел дискусијата е предвидена и сесија за прашања од новинарите.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонија е меѓу 10-те земји каде најлесно може да се добие државјанство

Објавено

на

Северна Македонија е меѓу земјите во светот што нудат релативно едноставни и транспарентни услови за добивање државјанство, покажува најновиот извештај на „Интернешнал ливинг“, кој ги анализира програмите за стекнување државјанство во 2026 година.

Покрај традиционалните механизми како државјанство по потекло или таканаречените „златни визи“, сè поголемо внимание привлекуваат програмите за државјанство преку инвестиција. Иако во јавноста често се нарекуваат „купување пасош“, овие модели подразбираат исполнување на јасно дефинирани инвестициски критериуми, по што следува постапка за стекнување државјанство.

Во изминатите години, ваквите програми беа под засилен надзор. Кипар ја укина својата шема во 2020 година по низа скандали, додека Малта ја затвори програмата по правна постапка со Европската Унија. Брисел сигнализира дека може да преземе мерки против земји кои нудат државјанство со безвизен пристап до Шенген зоната без доволно строги проверки.

Оттука, актуелните програми во 2026 година се карактеризираат со значително построги процедури за проверка на потеклото на капиталот и безбедносниот профил на апликантите.

За инвеститорите, второто државјанство претставува инструмент за диверзификација на ризик и проширување на опциите во услови на зголемена глобална неизвесност. Во европски контекст, покрај Северна Македонија, како релевантна дестинација се издвојува и Турција.

Трендот укажува дека побарувачката за алтернативни правни и резиденцијални опции ќе остане висока, но во рамки на построги регулаторни стандарди и зголемена меѓународна контрола.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange