Банки
Halk EZ – банкарски пакет на Халкбанк создаден за динамичниот живот на младите
Халкбанк го нуди пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy) – современ и иновативен банкарски пакет наменет за млади на возраст од 16 до 24 години, кој комбинира практични банкарски услуги со бројни дополнителни поволности прилагодени на нивниот динамичен животен стил.
Покрај основните банкарски услуги, пакетот Halk EZ нуди и активности насочени кон финансиска едукација на студентите и младите претприемачи, како и културно-забавни и општествено-одговорни иницијативи. Дел од овие активности се фокусирани на заштита на животната средина, поддршка на едукацијата, поттикнување на активен спортски живот и создавање простор за дружба и забава меѓу младите.

Пакетот е дизајниран да биде целосно усогласен со современите навики на младата генерација – дигитален, брз и без непотребни трошоци.
Во рамки на Halk EZ, корисниците добиваат бесплатно мобилно и електронско банкарство, како и дебитна платежна картичка Visa PayWave и/или Mastercard Debit Halk EZ без надоместок за годишна членарина. Дополнително, пакетот вклучува платежна сметка без трошоци за водење, како и бесплатно подигнување готовина во земјата и во странство со картичката издадена во рамки на пакетот.
Младите корисници имаат можност и за дигитализирање на платежната картичка преку Apple Pay, Google Pay и Garmin Pay, како и пристап до иновативни банкарски услуги како SmartSend, SmartCash и Е-касичка, кои овозможуваат поедноставно и побрзо управување со личните финансии.
Со пакетот Halk EZ, Халкбанк настојува да создаде банкарско искуство прилагодено на потребите на младите, комбинирајќи модерни дигитални услуги со едукативни и општествено корисни активности.
Банки
Приспособи ја ратата според твојот буџет со новиот потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка
Шпаркасе Банка им нуди на клиентите потрошувачки кредит до 2.400.000 денари со каматна стапка од 4,9% и флексибилни рати преку моделот „Рати по твој избор“.
Со ова решение, клиентите можат однапред да го прилагодат износот на месечната рата според своите финансиски обврски, сезонски трошоци или лични приоритети.
Дополнителна предност е што поволната каматна стапка од 4,9% е достапна при користење пакет-понуда која вклучува Visa кредитна картичка и дозволено пречекорување по платежна сметка, со што клиентите добиваат комплетно и интегрирано банкарско решение за управување со своите финансии.
Кредитот е наменет за нови планови, реновирање, патување или другите значајни животни чекори.
Рати по твој избор – само во Шпаркасе Банка.
За повеќе информации, посетете ја најблиската експозитура, контактирајте го Сервисниот центар на бројот 02 15 050 или информирајте се преку официјалната веб-страница на Банката – www.sparkasse.mk.
Банки
Google Pay сега достапен и за корисниците на Силк Роуд Банка
Корисниците на платежни картички на Силк Роуд Банка сега можат да плаќаат брзо и безбедно преку Google Pay на Android уреди.
Вашиот мобилен телефон отсега е ваш паричник
Со Google Pay, корисниците на Android уреди можат да извршуваат бесконтактни трансакции без потреба од физички паричник. Со оваа услуга, мобилниот телефон станува паричник – трансакции во продавници, ресторани и други објекти се извршуваат без контакт и без потреба од физичка картичка.
Google Pay е достапен за сите клиенти на Банката, а картичките може лесно да се дигитализираат по едноставна инсталација и активирање на апликацијата. Отворањето сметка во Силк Роуд Банка овозможува целосен пристап до сите дигитални привилегии.
Повеќе информации за Google Pay се достапни на официјалната веб-страница на Банката.
Банки
Поддршка од Комерцијална банка за врвното книжевно творештво – Избран добитникот на наградата „Роман на годината“ за 2025
Со континуирана посветеност кон поддршка на македонската литература, Комерцијална банка и оваа година како Генерален покровител го одбележува прогласувањето на добитникот на престижната книжевна награда „Роман на годината“.
Наградата за 2025 година ѝ припадна на авторката Оливера Ќорвезироска за романот „Три Марии“, објавен од издавачката куќа „Арт Либрис“. Признанието традиционално го доделува Фондацијата Славко Јаневски, со цел да се афирмира современото македонско книжевно творештво и да се поттикне развојот на домашната литературна сцена.
Преку ова партнерство, Комерцијална банка активно придонесува кон зачувување и унапредување на културните вредности, охрабрувајќи ги авторите да создаваат книжевни дела кои оставаат траен белег и значајно наследство за идните генерации.

„Поддршката на наградата „Роман на годината“ претставува важен дел од нашата заложба за афирмација на квалитетното домашно книжевно творештво. Горди сме што веќе деветта година по ред сме дел од оваа значајна културна приказна, која поставува високи критериуми во македонската литература. Во мое лично и во име на Комерцијална банка ѝ упатувам искрени честитки на годинашната добитничка“, изјави Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка.
Како Генерален покровител на наградата, Комерцијална банка и оваа година обезбеди финансиска поддршка во износ од 360.000 денари. Од нив, 150.000 денари се наменети како парична награда за лауреатот, додека останатите средства се користат за надоместок на членовите на жири-комисијата, како и за изработка на плакета и оригинална статуетка.
Од Комерцијална банка посочуваат дека ваквата поддршка има за цел да биде поттик за нови книжевни дела и инспирација за идните генерации македонски автори, а воедно ја потврдува и долгорочната посветеност на банката кон развојот на културата и општествената одговорност.
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Продуктипред 2 месециШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 1 месец„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски



