Connect with us

Банки

Гувернерот Славески на средба со претставникот на ЕБОР: Макроекономската стабилност е клучот за побрза конвергенција

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денес оствари средба со раководителот на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава, Фатих Туркменоглу. Средбата претставуваше можност за размена на мислења за економската состојба и потенцијалот за зајакнување на соработката меѓу двете институции заради поддршка на одржливиот развој.

Тие разговараа пред сѐ за значењето на макроекономската стабилност како предуслов за побрза економска конвергенција кон Европската Унија. Гувернерот Славески ја нагласи заложбата на Народната банка за водење предвидлива и одговорна монетарна политика, што придонесува кон ценовна и финансиска стабилност, создавајќи сигурна основа за економски раст и структурни реформи.

Цврстата макроекономска основа, којашто ја одржуваме преку стабилноста на девизниот курс, контролата на инфлацијата и преку стабилниот банкарски сектор, е важен двигател на довербата кај инвеститорите и поддршка за домашната економија“, истакна гувернерот Славески.

Во контекст на најновиот извештај на ЕБОР, соговорниците се осврнаа и на предизвиците поврзани со ниската продуктивност, потребата од унапредување на деловното окружување и поттикнување на дигитализацијата и иновациите. Беше истакнато дека зајакнувањето на конкурентноста, отпорноста и на владеењето на правото е суштествено за одржливоста на пазарната економија.

Гувернерот посочи дека пристапот до финансирање и солидната кредитна поддршка на компаниите, овозможени и преку мерките на Народната банка, се важен столб за поттикнување на продуктивноста и за вклучување на економијата во светската производствена мрежа.

Двајцата соговорници ја нагласија важноста од натамошното унапредување на соработката меѓу Народната банка и ЕБОР, особено во областите поврзани со дигитализацијата, одржливото финансирање и зајакнувањето на отпорноста на финансискиот систем.

Банки

10% поврат на средства за плаќања во угостителство со Mastercard од Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Секој прв ден во месецот може да стане дополнителен повод за уживање, благодарение на оваа понуда од Капитал Банка АД Скопје. Банката овозможува 10% поврат на средства за сите плаќања со Mastercard картичка во угостителски објекти.

Промоцијата важи за плаќања во ресторани, барови, кафулиња и ноќни клубови, како и за услуги за достава на храна. На овој начин, секоја трансакција станува можност за дополнителна заштеда и поголема вредност за корисниците.

Од банката истакнуваат дека целта на оваа понуда е да се поттикне поголемо уживање во секојдневните активности, со дополнителни привилегии за клиентите кои користат Mastercard картички.

Повеќе информации за условите и придобивките од оваа понуда се достапни на платформата на Mastercard.

Продолжи со читање

Банки

Инвестициското злато повторно во фокус: УНИБанка нуди сигурна алтернатива за вложување

Објавено

на

Златото со векови важи за симбол на сигурност и стабилна инвестиција, а во време на економска неизвесност повторно добива на значење кај инвеститорите.

Во тој контекст, УНИБанка ја проширува својата понуда со инвестициско злато, кое се претставува како долгорочно решение за зачувување на вредноста на капиталот.

Од банката посочуваат дека инвестициското злато нуди стабилност на која граѓаните можат да се потпрат, без временски ограничувања, при што неговата вредност има тенденција да се одржува и расте со текот на времето.

Овој вид вложување е достапен преку експозитурите на банката, каде заинтересираните можат да добијат подетални информации за условите и понудата.

Инвестициското злато сè почесто се разгледува како заштита од инфлација и финансиски турбуленции, особено во периоди кога традиционалните форми на штедење носат поголема неизвесност.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка го претставува „NLB Next“ – Пакет за млади што ги следи нивната амбиција и независност

Објавено

на

Секој „следен“ чекор во животот носи возбуда – прва голема одлука, прва плата, втор дејт – прва девојка, нова работа. И секој „следен“ чекор значи нешто повеќе – возбуда, чувство на раст, на слобода, на сопствен пат. За младата генерација, овие моменти се доказ за напредок. И токму тука започнува приказната за „NLB Next“.

Во време кога Генерацијата Z активно чекори кон независност, нивните очекувања од финансиските институции го надминуваат концептот на банка – тие очекуваат сопатник кој ја следи нивната слобода, флексибилност, нивниот свет на можности.

Препознавајќи го ова, НЛБ Банка го воведува „NLB Next“ – пакет наменет за млади, кој ја редефинира улогата на банкарството во нивниот живот – од функционална услуга, до партнер што ги поддржува амбициите, моментите и личниот напредок на новите генерации.

Стефан Тодоров (19 год), македонски пливач

„NLB Next“ е многу повеќе од пакет за млади – тој е платформа што ги препознава и поддржува нивните „следни“ чекори, овозможувајќи им дигитално банкарско искуство преку мобилен телефон.

„NLB Next“ е „mobile first“ искуство, бесплатен пакет наменет за сите млади на возраст од 18 до 25 години. Во себе вклучува: онлајн отворање и бесплатно одржување на денарска платежна сметка, мКлик мобилна апликација со право на плаќање, MasterCard дебитна – дигитална картичка веднаш и мобилен паричник преку NLB Pay апликацијата.

„Генерацијата Z живее во постојан „следен“ режим – следен испит, следна работа, следно патување, следно лично надградување. Името „NLB Next“ симболизира амбиција, движење и континуиран развој – глобално разбирливо и вклопено во нивниот јазик и динамика. Концептот зад „NLB Next“ комбинира емоционални животни моменти со јасни и конкретни придобивки од дигиталните услуги. Со тоа, дигиталната трансформација ја правиме културно релевантна и блиска до младите“ – истакнуваат од НЛБ Банка.

Меѓу другото, предностите на пакетот се и: студентски поволности од типот на бесплатни е-налози кон факултети, специјални попусти и привилегии кај трговци преку NLB Next Клуб за млади, а она што дефинитивно го прави овој пакет поразличен е секоја „следна“ придобивка – секој месец нешто повеќе, пристап до поволности и услуги прилагодени на нивните потреби, со што пакетот е секогаш свеж и возбудлив за младите.

„NLB Next ја следи индивидуалноста и животната слобода на младите. На оние кои го сакаат светот на музиката, на оние кои ја наоѓаат возбудата во спортот, гејмерите, скејтерите, оние кои истражуваат нови начини на учење… NLB Next е твој момент, твој ритам.“ – заклучуваат од НЛБ Банка.

Отворање на пакетот за млади „NLB Next“ се врши лично во експозитурите на НЛБ Банка, со документ за идентификација – лична карта или пасош.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange