Connect with us
no baners

Компании

Групацијата Иуте оствари нето-добивка од 10,3 милиони евра и вкупни приходи од 105,7 милиони евра во 2023 година

Објавено

на

Иуте Естонија, водечка финтек групација во Европа, под чија закрила работи Иуте Македонија, официјално ги објави неревидираните резултати од дванаесетте месеци работење во 2023 година, со нето добивка од 10,3 милиони евра и вкупни приходи од 105,7 милиони евра, што покажува пораст од 20,1% во споредба со истиот период од минатата година.

Групацијата од неодамна од Иуте Кредит се ребрендираше во Иуте, со цел обемот на работа и услуги на пазарот да оди надвор од рамките на кредитирање вклучувајќи услуги за плаќање, банкарство и осигурување.

Гледајќи ја големата слика, групацијата ги надмина проектираните таргети за 2023та, а како што вели Тармо Силд, извршен директор на Иуте групацијата, компанијата освен што бележи уште една исклучително успешна година, остана доследна на својата мисија, визија и определба за ставање фокус исклучиво на квалитетот и корисничкото искуство.

„Можеме отворено да кажеме дека клучот на нашиот успех е во нашата брза адаптација на сите промени, флуктуации и влијанија, како и тоа што сме постојано отворени кон нови можности, притоа држејќи се цврсто до компаниската ДНК, мисија, визија и стратешки цели, во насока на нудење на целосна и најдобра услуга на нашите клиенти. Како лидер во дигиталната трансформација нудиме најдобро дигитално корисничко искуство и како резултат на тоа отидовме чекор понапред, воведувајќи дополнителна автоматизација во работењето и бизнис процесите, модел што преку мерења за предвидување и варијабли навлегува во начинот на однесување и степенот на задоволство на секој клиент и процес. Сево ова не само што овозможи заштеда на трошоци и намалување на кредитниот ризик, туку на нашите клиенти им овозможи уште потранспарентен, безбеден процес и искуство. Трансформацијата на Иуте оди паралелно со промените во околината и пазарот во кој функционираме. Убедени сме дека најдоброто од Иуте е пред нас”, смета Силд.

Иуте Македонија, како дел од Иуте Естонија со новиот визуелен идентитет го означи почетокот на промените и амбициозните планови што допрва доаѓаат, а тоа е дека Иуте станува многу повеќе од кредитна компанија. Извршниот директор на Иуте Македонија, Биљана Мишиќ, вели дека групацијата мораше да се прилагоди на предизвиците на пазарот на капитал, монетарната политика, регулаторните механизми, макроекономските и геополитичките околности, но и покрај тоа перформансот на групацијата е над таргетираните очекувања во поглед на растот на активата и реализираните приходи.

„Како лидер во индустријата, продолжуваме да го револуционизираме начинот на кој работиме, интензивирајќи го користењето на напредни алгоритми и машинско учење кои ни овозможуваат да добиеме вредни информации за предвидување на изложеноста на клиентот, минимизирање на кредитниот ризик и обезбедување на одговорни практики за кредитирање. Отворивме ново поглавје во финтек дигиталната револуција, но воедно и покажавме дека гласот и потребите на нашите клиенти се најважни во ерата на вештачка интелигенција и дигитализација. Нашата мрежа на експозитури расте во континуитет, со цел да го задржиме човечкиот пристап, а паралелно во нагорна линија се движат и иновациите и трендовите кои секојдневно ги воведуваме, во интерес на нашите клиенти и корисничкото искуство. Она што е најважно е дека чекориме храбро, сплотено и подготвено за сите нови предизвици, а паралелно со сите наши нови бизнис поглавја, посветени сме секогаш и на заедницата, со континуирана поддршка во повеќе општествени сегменти”, вели Мишиќ.

Подолу следи сумирање на групациските достигнувања, а целиот извештај е достапен тука.

Стратегиски резултати на групациско ниво

  • Бројот на активни корисници се зголеми за 274 илјади (31.12.2022: 272 илјади), со приход по клиент во износ од 370 евра (12М/2022: 343 евра)
  • Вкупниот број на корисници порасна за 10,3%, броејќи 1,1 милион (31.12.2022: 928 илјади)
  • Консолидиранaта актива на групацијата се зголеми за 16,6% изнесувајќи 375.8 милиони евра, а капиталот се зголеми за 19%, изнесувајќи 63,8 милиони евра на 31.12.2023 година.
  • MyIute апликацијата достигна бројка од 813 илјади симнувања заклучно со 31.12.2023 (31.12.2022: 477 илјади симнувања)
  • Во декември 2023 година одобрена е првата исплата на дивиденда на Energbank
  • Iutepay се позиционираше како пионер на Балканот во делот на e-money институции

Оперативни резултати на групациско ниво

  • Исплатата на кредити порасна за 11%, достигнувајќи 291 милион евра (12М/2022: 262 милиони евра)
  • Бројот на одобрени кредити се намали на 331 илјади (12/2022: 357 илјади)
  • Бруто портфолиото на кредити порасна за 16.9 изнесувајќи 252 милиони евра (31.12.2022: 215.5 милиони евра), од коишто принципалниот износ на кредити порасна за 17.3%, изнесувајќи 232.3 милиони евра (31.12.2022: 198.1 милиони евра)
  • Нето портфолиото на кредити порасна за 19.7% изнесувајќи 232.2 милиони евра (31.12.2022: 193.9 милиони евра),
  • Вкупната мрежа на бескартични банкомати достигна бројка од 75

Финансиски резултати на групациско ниво

  • Приходите од камати и провизии се зголемија за 18%, изнесувајќи 91.4 милиони евра (12М/2022: 77.4 милиони евра), небанкарско портфолио
  • Нето приходите од камати и провизии пораснаа за 10.4%, изнесувајќи 63.2 милиони евра (12M/2022: 57.2 милиони евра), небанкарско портфолио
  • Вкупниот приход порасна за 20.1%, изнесувајќи 105.7 милиони евра (12М/2022: 88 милиони евра).
  • ЕБИТДА, приспособена за курсни разлики и приходи од Енергбанк, се зголеми за 34.4%, изнесувајќи 46.7 милиони евра (12М/2022: 34.8 милиони евра).
  • Нето добивката порасна на 10.3 милиони евра, споредбено со 7.1 милиони евра во истиот период од минатата година, по усогласување на еднократниот ефект од аквизицијата на Енергбанк.

Целта на Групацијата Иуте е да продолжи да работи уште понапорно и попосветено, користејќи уште понапредни технологии, надградба на релациите со клиентите на долги патеки и отворање нови бизнис поглавја.

Бизнис

Зајакнување на финансиската едукација: Минт Кредит дел од работилницатана Светска банка и Народната банка

Објавено

на

Минт кредит со учество на работилницата за кампањи за финансиска едукација, која се одржа на 16-ти јуни во организација на Светската банка и Народната банка на Република Северна Македонија.

Учеството на наш претсавник беше од клучно значење за исполнување на целите на нашето финансико друштво, во насока на препознавање на важната улога на финасиската едукација, а во насока накако директни даватели на финансиски услуги за граѓаните.

„Ваквиот тип на настани е посебно важен за нас како финасиски друштва, бидејќи во голема мера ни дава насоки како да го дисеминираме процесот до нашите клиенти. Како директни учесници во финасиските процеси, ние во Минт Кредит, посветуваме големо внимание на финасиската едукација за нашите клиенти, а ова беше одлична можност за запознавање со новите светски трендови како и размена на искуства.“ – изјави Марјан Вучковиќ, маркетинг менаџер.

Работилницата, која ја предводеше Арон Кореневски, експерт за односи со јавност од Канцеларијата за односи со јавност и корпоративни односи на Светската банка во Вашингтон, им овозможи на учесниците да се стекнат со нови знаења и вештини за дизајнирање и имплементација на ефективни кампањи за подигнување на финансиската свест од комуникациска перспектива.

Присуството на претставниците од финансиските друштва, заедно со учесници од централната банка, банкарскиот сектор и невладини организации, овозможи плодна дискусија и размена на искуства за предизвиците и можностите за унапредување на финансиската писменост во земјата.

Нивниот ангажман е од суштинско значење за приближување на комплексните финансиски теми до пошироката јавност.

ПР објава

Продолжи со читање

Бизнис

Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред!

Објавено

на

Флекс Кредит и СОС Детско село на 7 мај, во просториите на Флекс Кредит, го потпишаа договорот за понатамошна соработка. Со тоа, двете организации по трет пат го формализираат своето партнерство, потврдувајќи ја заедничката посветеност на поддршка на децата без родителска грижа и социјалното загрозени семејства.

Оваа година, првиот дел од договорот предвидува финансиска поддршка во износ од 300.000 денари, наменета за директно финансирање на програмските активности на СОС Детско село. Покрај оваа донација, Флекс Кредит останува посветен партнер и преку дополнителни ангажмани и иницијативи кои, иако не се изразени со конкретна финансиска вредност, имаат длабоко и долгорочно влијание врз заедницата.

„Секоја година, ова партнерство станува посилно и поисполнето. За нас во Флекс Кредит, општествената одговорност не е само обврска, туку искрена и долгорочна посветеност кон иднината на децата. Горди сме што СОС Детско село е наш доверлив и посветен партнер“, изјави генералната директорка на Флекс Кредит, Јоана Спасовска.

Соработката помеѓу Флекс Кредит и СОС Детско село претставува пример за одржливо и искрено партнерство меѓу приватниот сектор и граѓанските организации, насочено кон создавање подобри услови за раст и развој на децата во Северна Македонија.

Продолжи со читање

Бизнис

Новите производи се тука! Mint Bonus со нови изненадувања за лојалните клиенти

Објавено

на

Дали знаете дека секоја Ваша активност на Mint App ви носи поени? Не зборуваме само за заштеди и поволности – туку за вистински поени кои можете да ги искористите за некој од производите на Mint Store!

Од технологија, па сè до дресови на омилени спортски клубови, ваучери и корисни додатоци за секојдневието – Mint Bonus е Вашата врата до производи кои вредат!

Како функционира Mint Bonus?

Секоја Ваша интеракција со Mint Credit, Mint Ins, и Mint Travel (сите достапни на едно место преку Mint App), како и P2P.mk Ви носи Mint Coins – поени за лојалност кои ги собирате без никаква дополнителна обврска. Потоа, во Mint Store, тие поени можете даги искористите за некој од многуте достапни производи.

Што сè е достапно на Mint Store?

Технологија за гејмери и љубители на новитети

Забава со стил

Стил и удобност

Авто-додатоци и освежување

Заштитна прекривка за шофершајбна – зима или лето, Вашето возило ќе биде заштитено за само 450 Mint Coins.
Навлажнувач и освежувач на воздух – свежина и комфорт во домот или канцеларијата за 450 Mint Coins.
Освежувач Mint Fintech Group – свежина во вашиот автомобил за 100 Mint Coins.
Ракавица за чистење снег и мраз – бидете спремни за ненајдените врнежи

Спортска опрема

Официјални дресови само за вистинските фанови!

Останати Mint Bonus производи

Ваучери што вредат

Ваучери за практична помош за Вашите инвестиции, патувања и осигурувања.

Mint Credit ваучери:

Mint Ins ваучери:

Mint Travel ваучери:

MINT SN ваучери:

P2P.mk ваучери:

ЈК Травел ваучери:

Не чекајте! Изберете го Вашиот омилен производ денес!

Mint Bonus е повеќе од програма за лојалност – тоа е Вашата мотивирачка сила да штедите, инвестирате, патувате и добивате назад. Влезете во светот на програма за лојалност што Ве почитува како корисник и исполнете го секојдневието со производи кои носат радост!

Разгледајте ги производите на Mint Store и искористете ги Вашите Mint Coins уште денес!

ПР објава

Продолжи со читање

Популарно