Банки
Добивката падна, кредитирањето расте: Како работеше УНИ банка во првото полугодие од 2026 година?
УНИ Банка АД Скопје во првото полугодие од 2026 година оствари нето-добивка од 114,5 милиони денари (околу 1,86 милиони евра), што претставува намалување во однос на истиот период минатата година, кога добивката изнесуваше околу 3,3 милиони евра.
Од Банката оценуваат дека и покрај предизвиците од глобалната економска неизвесност, го задржале стабилното работење и продолжиле со развојот на нови производи и дигитални услуги.
Во првите шест месеци од годината продолжил растот на кредитната активност. Вкупните кредити кон населението и компаниите достигнале 349,2 милиони евра, што е зголемување од 3,1% во однос на крајот на 2025 година. Истовремено, депозитната база се намалила од 416,7 милиони евра на 400,1 милион евра, односно за околу 4%.
Вкупните приходи од работењето изнесуваат 18,8 милиони евра, што е минимално намалување од 0,4% на годишно ниво. Најголем дел од приходите се остварени од камати, кои достигнале 12,5 милиони евра и учествуваат со 66,8% во вкупните приходи на Банката. Нето-приходите од камати изнесуваат 9,6 милиони евра, а од Банката посочуваат дека благо пониските каматни приходи се резултат на намалените каматни стапки на кредитните производи, со цел проширување на клиентската база и поттикнување на кредитирањето.
Од друга страна, вкупните расходи се зголемиле за 8,8%, достигнувајќи 16,9 милиони евра. Растот, како што наведуваат од УНИ банка, главно се должи на повисоките трошоци за провизии кон картичните организации, особено за прекуграничните трансакции и лиценците, како и на повисоките издвојувања за резервации, што е дел од конзервативниот пристап во управувањето со ризиците.
Заклучно со 30 јуни 2026 година, вкупната актива на УНИ банка АД Скопје изнесува 495,4 милиони евра, што претставува намалување од 2,5% во однос на крајот на минатата година.
Банки
Светска банка мобилизира рекордни 112 милијарди долари приватен капитал
Светска банка објави дека во фискалната година завршена во јуни мобилизирала рекордни 112 милијарди долари приватен капитал, што е значително повеќе од 69 милијарди долари една година претходно и повеќе од тројно во споредба со 2022 година.
Заедно со сопствените средства од 123 милијарди долари, Банката во текот на годината одобрила вкупно 235 милијарди долари за развојни проекти.
Околу 40 проценти од средствата биле насочени кон инфраструктурни проекти, додека 26 проценти биле наменети за регулаторни реформи.
Претседателот на Светска банка, Аџај Банга, има цел во следните две до три години учеството на приватниот капитал да се зголеми на повеќе од 200 милијарди долари. Фокусот е ставен на привлекување институционални инвеститори и отстранување на пречките што ги ограничуваат инвестициите во земјите во развој.
Во таа насока, Банката работи на стандардизација на кредитните аранжмани, скратување на времето за одобрување проекти и зајакнување на соработката со финансиските институции.
Банки
Стопанска банка со промотивни камати до 3,5% за орочени депозити
Стопанска банка АД – Скопје нуди промотивни каматни стапки за орочениот депозит „МОЈ ПЛАН“, со можност за штедење во денари и евра.
Според објавата на Банката, каматната стапка изнесува до 3,5 проценти годишно за депозити во денари и до 2,6 проценти годишно за депозити во евра.
Промотивните каматни стапки се гарантирани за сите депозити орочени на период од 25 месеци.
Понудата важи до крајот на септември, а повеќе информации за условите се достапни на веб-страницата на Стопанска банка.
Банки
ЦЕБ одобри грант од 250.000 евра за високото образование во Македонија
Развојната банка на Советот на Европа (ЦЕБ) потпиша договор со Владата на Северна Македонија за доделување грант во износ од 250.000 евра за поддршка на високото образование во земјава.
Средствата ќе бидат обезбедени преку Шпанската сметка за социјална кохезија на ЦЕБ.
Како што објави SeeNews, договорот е потпишан на 16 септември, а грантот е наменет за активности поврзани со унапредување на високото образование.
Повеќе детали за конкретната намена на средствата не се наведени во јавно достапниот дел од информацијата.
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 1 месецНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 1 месецОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје





