Банки
Комерцијална банка со добивка од 45,5 милиони евра во првото полугодие од 2026 година – кредитирањето продолжува да расте!
Комерцијална банка АД Скопје во првите шест месеци од 2026 година оствари добивка од 2,798 милијарди денари или 45,5 милиони евра, што е за 5,5% помалку во споредба со истиот период минатата година. И покрај намалувањето на профитот, Банката ја надмина планираната бруто-добивка, реализирајќи 110,9% од предвидениот план.
Од Комерцијална банка посочуваат дека работењето во првото полугодие се одвивало во услови на засилена глобална економска неизвесност, геополитички тензии, притисоци врз инфлацијата и повисоки каматни стапки. Вкупните приходи од работењето изнесуваат 4,336 милијарди денари или 70,5 милиони евра, што претставува намалување од 3,3% на годишно ниво.
Најголем придонес во приходите и понатаму имаат нето-приходите од камати, кои достигнаа 3,476 милијарди денари (56,5 милиони евра) и се повисоки за 2,4%, благодарение на зголемените вложувања во државни хартии од вредност и растот на кредитирањето на населението и компаниите. Истовремено, приходите од провизии и надоместоци пораснале за 6,6%, достигнувајќи 661,5 милиони денари, како резултат на зголемениот обем на активности со клиентите.
Оперативните расходи изнесуваат 1,256 милијарди денари (20,4 милиони евра) и бележат раст од 4,4%, главно поради повисоки трошоци за вработените и амортизација. Воедно, нето исправката на вредност на финансиските средства е намалена за 10,9%, што упатува на подобрено управување со кредитниот ризик.
Комерцијална банка најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со поддршка на кредитната активност за граѓаните и компаниите, со посебен фокус на одржување на квалитетот на кредитното портфолио, дигитализација на услугите, модернизација на деловната мрежа и усогласување со новите регулаторни стандарди во банкарскиот сектор.
Банки
Светска банка мобилизира рекордни 112 милијарди долари приватен капитал
Светска банка објави дека во фискалната година завршена во јуни мобилизирала рекордни 112 милијарди долари приватен капитал, што е значително повеќе од 69 милијарди долари една година претходно и повеќе од тројно во споредба со 2022 година.
Заедно со сопствените средства од 123 милијарди долари, Банката во текот на годината одобрила вкупно 235 милијарди долари за развојни проекти.
Околу 40 проценти од средствата биле насочени кон инфраструктурни проекти, додека 26 проценти биле наменети за регулаторни реформи.
Претседателот на Светска банка, Аџај Банга, има цел во следните две до три години учеството на приватниот капитал да се зголеми на повеќе од 200 милијарди долари. Фокусот е ставен на привлекување институционални инвеститори и отстранување на пречките што ги ограничуваат инвестициите во земјите во развој.
Во таа насока, Банката работи на стандардизација на кредитните аранжмани, скратување на времето за одобрување проекти и зајакнување на соработката со финансиските институции.
Банки
Стопанска банка со промотивни камати до 3,5% за орочени депозити
Стопанска банка АД – Скопје нуди промотивни каматни стапки за орочениот депозит „МОЈ ПЛАН“, со можност за штедење во денари и евра.
Според објавата на Банката, каматната стапка изнесува до 3,5 проценти годишно за депозити во денари и до 2,6 проценти годишно за депозити во евра.
Промотивните каматни стапки се гарантирани за сите депозити орочени на период од 25 месеци.
Понудата важи до крајот на септември, а повеќе информации за условите се достапни на веб-страницата на Стопанска банка.
Банки
ЦЕБ одобри грант од 250.000 евра за високото образование во Македонија
Развојната банка на Советот на Европа (ЦЕБ) потпиша договор со Владата на Северна Македонија за доделување грант во износ од 250.000 евра за поддршка на високото образование во земјава.
Средствата ќе бидат обезбедени преку Шпанската сметка за социјална кохезија на ЦЕБ.
Како што објави SeeNews, договорот е потпишан на 16 септември, а грантот е наменет за активности поврзани со унапредување на високото образование.
Повеќе детали за конкретната намена на средствата не се наведени во јавно достапниот дел од информацијата.
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 1 месецНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 1 месецОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје





