Connect with us
no baners

Интервјуа

FinSight интервју: Марија Томеска | Еуролинк Осигурување

Објавено

на

no baners

Во оваа епизода на FinSight, разговараме со Марија Томеска, Претседател на Управен одбор на Еуролинк Осигурување.

Разговараме за клучните движења во осигурителниот сектор:

🔹 Порастот на осигурувањето по различни типови и што го движи овој раст?

🔹 Зошто ПЗУ станува толку актуелно и кои се неговите главни придобивки?

🔹 Што може да направи клиентот ако не е задоволен од исплатената штета – сите опции за приговор?

🔹 Дали клиентските навики се менуваат и се зголемува интересот за онлајн полиси?

Дополнително, Марија споделува и еден неверојатен податок: најголемата исплатена штета во Еуролинк изнесува 1.200.000 евра и се однесува на одговорност кон трети лица.

Гледај ја епизодата и дознај повеќе за трендовите, предизвиците и иднината на осигурувањето!

Новинар: Наташа Мерсовска

no baners

Интервјуа

Костовски во FinSight: „Стечајот на Еуростандард можеше да се спречи, но некој имаше други интереси“

Објавено

на

Пет и пол години по згаснувањето на Еуростандард банка, случајот сѐ уште нема правна завршница. На 12 август 2020 година, поради неисполнување на минималните стандарди и несолвентност, Народната банка ѝ ја одзеде лиценцата на банката. Денес, постапката и натаму „тапка во место“, а одговорите на клучните прашања сѐ уште се очекуваат.

Во ексклузивно интервју за FinSight, сопственикот на банката, Трифун Костовски, тврди дека стечајот можел да биде спречен, но дека „некој имал други интереси“.

Костовски открива дека досега бил повикан во Обвинителството само двапати, и очекува што поскора разрешница – дури и ако тоа значи поднесување кривична пријава против него. Во меѓувреме, со замрзнат имот, вели дека изгубил околу 100 милиони евра.

Клучни прашања без одговор

Дали причината за ликвидацијата е лош менаџмент или регулаторен притисок?

Дали обвинувањата за незаконско и високоризично кредитирање, систем на меѓусебни позајмици и злоупотреба на службена должност се основани?

Дали чувствува лична одговорност како сопственик?

Што се случува со истрагите против членови на Управниот и Надзорниот одбор?

Дали граѓаните и компаниите се целосно обесштетени?

Ова се дел од темите на кои Костовски одговара отворено и директно.

Од нула до милиони и повторно назад кон политиката?

Бизнисмен кој вели дека богатството го создал сам, Костовски зад себе има компании како Технометал, Порцеланка и меѓународни деловни ангажмани во Виена и Варшава. Беше и градоначалник на Скопје од 2005 до 2009 година.

И покрај финансиските загуби и замрзнатиот имот, порачува дека не се откажува од Македонија – земјата каде што, како што вели, почнал од нула и изградил успешна кариера. Најавува и можно враќање во политиката.

Дали ќе атакува на градоначалничка функција или на друга позиција?

Од која партија би барал поддршка?

И дали политиката му донела поголемо разочарување од бизнисот?

Одговорите – во новото издание на FinSight.

Новинар: Наташа Мерсовска

Продолжи со читање

Интервјуа

Гацов во FinSight: Една неиздадена сметка значи над 60% загуба за државата

Објавено

на

Разговараме со Павле Гацов, даночен експерт, за реалната цена на сивата економија и ефектот од неиздавањето фискални сметки врз јавните финансии.

Според него, најчесто јавноста ја сведува штетата на 18% ДДВ, но вистинската загуба е далеку поголема.

„Неиздавањето фискални сметки не значи само губење на 18% ДДВ. Тоа е само првиот слој на проблемот“, посочува Гацов.

Доколку истиот износ влезе во формалната економија, на него дополнително би се платил персонален данок на доход од 10%, данок на добивка од 10%, како и социјални придонеси од околу 28%.

„Кога ќе ги собереме сите овие ставки на неоданоченост, државата губи повеќе од 60% на секоја неиздадена фискална сметка“, објаснува тој.

Ова, според него, е клучен податок кој често се игнорира во јавната дебата.

„Овој податок треба да се знае секогаш кога некој зборува лефтерно за неиздавање сметки. Зад тоа стои лавина од неплатени јавни давачки“, вели Гацов.

Проблемот не застанува само на фискалниот аспект. Средствата кои остануваат надвор од системот, додава тој, често се користат за исплата на плати „во плико“, но и за поттикнување на пошироки форми на корупција, од мито до злоупотреби во јавните набавки.

Прашањето што останува е: колку навистина ја чини државата секоја неиздадена фискална сметка и кој на крајот ја плаќа таа цена?

Продолжи со читање

Интервјуа

Пензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени

Објавено

на

Разговараме со Павле Гацов, даночен експерт, за актуелните трендови во исплатата на плати и нивното влијание врз одржливоста на пензискиот систем.

Според него, исплатата на плата „во плико“ останува сериозен проблем, особено за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

„Кога констатираме дека се исплаќа плата во плико, тоа е сериозен проблем и за фондот за пензиско“, вели Гацов.

Но, тој забележува и нов тренд кај помладата генерација, кој не е нужно нелегален, но отвора системски прашања.

„Гледам дека младите се економски многу внимателни, за разлика од нас, постарата генерација која сакавме да ја заштитиме државата“, посочува тој.

Како функционира моделот? Работниците се пријавуваат на минимална плата и на тој износ плаќаат социјални придонеси, додека остатокот од средствата го насочуваат кон доброволни пензиски фондови или животни осигурувања.

„Стартуваат со регистрација на минимална плата и разликата ја уплатуваат во доброволни пензиски фондови или животни осигурувања“, објаснува Гацов.

Објаснувањето кое го даваат младите е прагматично.

„Велат: 15 години ќе плаќаме минимална плата, бидејќи државата гарантира минимална пензија. Со многу малку уплатено, добиваш повеќе“, вели тој.

Сепак, според Гацов, доколку овој тренд продолжи, последиците би можеле да бидат сериозни за јавните финансии.

„Ако продолжи овој тренд, изворите што генерираат приходи, односно платите врз кои се плаќаат придонеси ќе се намалуваат. Граѓаните препознаваат лоша економска логика во формирањето на пензискиот систем“, предупредува тој.

Дали станува збор за рационално однесување на поединците или за сигнал дека системот бара реформа?

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange