Банки
ЕУ оцени дека одговорот на монетарната политика е соодветен и банкарскиот сектор е стабилен
Инфлациските притисоци во македонската економија, главно се движени од цените на примарните производи при високо учество на храната и енергијата во потрошувачката кошничка. Во услови на зголемена неизвесност, поради надворешните шокови забележани се и одредени притисоци врз валутните преференции. Народната банка даде соодветен одговор на растот на инфлацијата и повисоката склоност за странска валута, со соодветно затегнување на монетарната политика. Ова се посочува во заклучоците од овогодинешниот економски и финансиски дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и Турција, кој има за цел да ги подготви земјите за идното учество во координацијата на економските политики на ЕУ (Европски семестар).
Во заклучоците се потенцира дека и покрај пандемијата и енергетската криза, банкарскиот сектор останува стабилен, односно високо капитализиран и ликвиден, со ниско учество на нефункционалните пласмани. Во оваа насока делува и воведувањето на противцикличниот заштитен слој на капиталот, a воведувањето на други дополнителни макропрудентни мерки би ги ублажиле потенцијалните ризици во однос на кредитирањето на недвижностите. Во заклучоците, се нагласува потребата од натамошно будно следење и соодветно реакција на политиката доколку е потребно, а со цел одржување на ценовната стабилност на среден рок. За остварување на овие цели во заклучоците се наведува потреба од одржување и заштита на независноста на централната банка.

Во рамки на економскиот и финансискиот дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и Турција, којшто се води врз основа на поднесената Програма за економски реформи 2023-25 година од страна на земјите кандидати, институциите на ЕУ даваат свој осврт и оценка на реформите во различни сфери на економијата и финансискиот систем. Оваа година, просечната реализација на препораките за нашата земја изнесува 48,6%, што е подобрување во однос на лани (43,1%) и воедно втор резултат во групата земји. Во рамки на препораките од доменот на работењето на Народната банка, препораката во однос на внимателно следење на инфлацијата и подготвеност за затегање на монетарната политика доколку е неопходно за одржување на среднорочната ценовна стабилност, е единствена пропорака за нашата земја која што е оценета како „целосно спроведена“. Препораката за натамошно подобрување на регулаторната рамка за банкарскиот систем е оценета како „значително спроведена“, согласно донесениот Закон за финансиска стабилност, како и очекувањето за донесување на Законот за решавање на банка
Вицегувернерката Емилија Нацевска ја претставуваше Народната банка на ЕУ дијалогот. Во своето излагање, таа истакна дека креаторите на политиките се наоѓаат пред сериозни предизвици да управуваат со повеќе кризи кои се преклопуваат. Централните банки ја заменија долгогодишната олабавена со затегната монетарна политика. Притоа и нашата централна банка започна со постепено прилагодување на монетарната политика, соодветно на новите предизвици. Зборувајќи за одговорот на Народната банка, вицегувернерката Нацевска истакна дека реакцијата на монетарната политика започна на крајот на 2021 година, најпрво преку интервенциите на девизниот пазар за зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот, а од април 2022 година и преку постепено но континуирано зголемување на каматната стапка на монетарните инструменти. Дополнителни мерки беа преземени и кај задолжителната резерва, насочени кон поттикнување на растот на заштедите во домашна, наместо во странска валута, а беа донесени и макропрудентни мерки за унапредување на отпорноста на банкарскиот сектор. „Промената во монетарната политика влијаеше на условите на финансирање, ги стабилизираше очекувањата и придонесе кон забавување на инфлацијата“, посочува Нацевска и објаснува дека инфлацијата кај нас кон крајот на минатата година го достигна својот врв и оттогаш растот забавува. Годинава имајќи ги во предвид намалувањето на глобалните ценовни притисоци, како и затегнатите финансиски услови, се очекува инфлацијата да се стабилизира на 8-9%, пред да се врати на историската „нормала“ од околу 2%.
Вицегувернерката истакна дека и покрај постојаната појава на разни кризни ситуации, успешно е задржана стабилноста на курсот на денарот, кој е пак сидро и на ценовната и на финансиската стабилност. Едновремено, мерките кои ги презема Народната банка придонесоа кон поттикнување на штедењето во денари, со видливи ефекти во валутната структура кај штедните влогови од крајот на 2022 година наваму.
Банки
АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР СТАБИЛЕН, ЈЕНОТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – инвеститорите будно ги следат ФЕД и Банката на Јапонија!?
Јапонскиот јен падна за 0,3% на 153,15 за американски долари по силните добивки минатата недела, откако економијата на Јапонија порасна за минимални 0,2% во декември, далеку под очекувањата за 1,6%. Разочарувачките податоци ја нагласуваат тешката задача на премиерката Санае Такаичи и потенцијално го искомплицираат патот за затегнување на монетарната политика на Банката на Јапонија, чија клучна каматна стапка е на 0,75%, која останува далеку под нивото на повеќето големи светски економии.
Американскиот долар остана стабилен, поддржан од податоците за инфлацијата кои ги зајакнуваат аргументите за можно олабавување на каматните стапки од Федералните резерви подоцна оваа година. Фјучерсите имплицираат намалување од околу 62 базични поени, со најверојатна следна промена во јуни.
Еврото се тргуваше на 1,1863 долари, фунтата на 1,36395 долари, а швајцарскиот франк благо ослабна на 0,7686 за американски долар. Австралискиот долар се зацврсти на 0,70865, додека новозеландскиот долар падна на 0,6033 пред очекуваниот состанок за монетарна политика на Резервната банка на Нов Зеланд.
Аналитичарите предупредуваат дека глобалните валутни движења остануваат чувствителни на фискални мерки, централнобанкарски политики и економските податоци во Кина, Јапонија и САД.
Банки
Беркан Имери, Александар Иљов и Мухаммед Хаџипази реименувани за Извршни директори и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје
Халкбанк АД Скопје соопштува дека согласно решението на Извршниот одбор на Народната банка на Северна Македонија, од 3 февруари 2026 година, е одобрено продолжување на мандатите на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и г-дин Мухаммед Хаџи-Пази.
„Согласно Решението на Извршниот Одбор на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и на г-дин Мухаммед Хаџи – Пази, сметано од 03.02.2026 година“, се вели во соопштението на Халкбанк.
Промените се официјално упишани во Централниот регистар на 6 февруари 2026 година. Тројцата ќе продолжат да ги извршуваат функциите на Извршен директор и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје.
Халкбанк ја истакнува стабилноста и континуитетот во менаџментот како клучен предуслов за понатамошен развој и успешни финансиски резултати.
Во моментов Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:
- Д-р Фатих Шахбаз – Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор;
- Д-р Беркан Имери – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Александар Иљов – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Мухаммед Хаџипази – Извршен Директор и член на Управен одбор;
Банки
ЕЦБ го отвора Фондот за ликвидност во евра на глобално ниво – нов чекор за јакнење на меѓународната улога на еврото
Европската централна банка (ЕЦБ) најави проширување на својот Фонд за ликвидност во евра, со што механизмот ќе стане достапен за централните банки ширум светот, со цел зајакнување на меѓународната позиција на единствената европска валута.
Преку REPO линиите, централните банки ќе можат да обезбедат евро-ликвидност под поволни финансиски услови. Досега, овој инструмент беше ограничен на помал број земји, главно од Источна Европа.
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, истакна дека во услови на зголемена глобална нестабилност, централната банка мора да биде подготвена и флексибилна. „Овој механизам е важен инструмент за зацврстување на еврото на светската сцена“, изјави Лагард на Минхенската безбедносна конференција.
Се очекува новиот модел да биде операционален од третиот квартал на 2026 година. Исклучок ќе бидат институциите поврзани со перење пари, финансирање тероризам или субјекти под меѓународни санкции.
Одлуката доаѓа во период на зголемена несигурност околу доларот и американските економски политики, што дополнително го зајакнува интересот за еврото како стабилна глобална валута.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 2 месециСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината – во 2025 обновени осум експозитури на Банката
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециГувернерот Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка со предвремена исплата на пензии
-
Банкипред 2 месециГолема празнична кампања на НЛБ Банка проследена со донација





