Connect with us

Банки

Како најдобро да се подготвите за патување?

Објавено

на

Подготовката за патување може да биде возбудлива, но и прилично напорна активност. За да се обезбеди непречено и пријатно патување, од клучно значење е сè да се испланира и подготви однапред. Од истражување на дестинацијата и пакување, до обезбедување патни документи и организација, пожелно е што подобро да се подготвите за вашата претстојна авантура.

Истражете ја вашата дестинација – Започнете со собирање информации за местото каде што ќе патувате. Информирајте се за неговата култура, обичаи и локални закони и идентификувајте ги популарните атракции и знаменитости што би сакале да ги посетите.

Резервирајте сместување и превоз – Врз основа на вашето истражување, однапред резервирајте го сместувањето и превозот. Споредете ги цените, читајте рецензии и изберете ги опциите што им одговараат на вашите преференции и буџет.

Подгответе ги патните документи – Проверете ги условите за пасош и виза за вашата дестинација. Погрижете се вашиот пасош да важи најмалку шест месеци по планираниот датум на поаѓање. Доколку е потребно, аплицирајте за виза однапред. Направете копии од вашите патни документи и чувајте ги физичките и дигиталните копии на безбедно место.

Креирајте буџет – Воспоставете реален буџет за патување за да можете да ги одредите вашите ограничувања за трошење. Истражете ги просечните трошоци за вашата дестинација и соодветно распределете ги средствата, а бидете сигурни да вклучите и фонд за непредвидени трошоци. Секако, потребно е навреме да аплицирате и за платежна картичка, која ќе ги задоволи сите ваши потреби и финансии за време на патувањето.

Халкбанк од неодамна својата палета на платежни картички ја дополни со нова кредитна платежна картичка Visa Travel. Оваа картичка е особено погодна за клиенти кои често патуваат или сакаат да патуваат низ Европа со автомобил.

Оваа картичка се карактеризира со: кредитен лимит до максимум 300.000 денари во зависност од кредитоспособноста, до 5 плати вкупна кредитна изложеност по кредитни платежни картички, достапност на средствата 24/7 преку АТМ или преку домашната и меѓународната мрежа на ПОС терминали кои овозможуваат плаќање со Visa картички и минимален месечен износ за враќање на средства од 3%, кој понатаму може повторно да се користи.

Со Visa Travel корисникот добива и дополнителни бенефиции како Халк Асистенција на пат (пакет Европа), бесплатно патничко осигурување со покритие од 10 дена за првата година, како и 10% намалување на цените на сите полиси за доброволно осигурување преку Халк Осигурување АД Скопје.

Халк Асистенција е техничка помош на пат за комерцијални возила која може да се искористи во случај на откажување на возилото, сообраќајна незгода/несреќа, невнимателно ракување со возилото како и при надворешни влијанијa. Со услугата Халк Асистенција на корисникот му следува и пристап до Drive Angel – мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа.

Покрај тоа, доколку со Visa Travel картичката се направи резервација на Booking.com преку линкот наведен на веб страната на Халкбанк АД Скопје, после  60 дена од  успешно реализираниот престој,  4% од платениот износ ќе биде рефундиран на трансакциската сметка која е поврзана со картичката.

Корисникот на картичката може да ги ужива и поволностите како плаќање на рати без камата и собирање на бонус поени кај одредени трговци  и користење на истите во секојдневните пазарувања на ПОС терминалите на Халкбанк АД Скопје.

За повеќе детали околу кредитната платежна картичка Visa Travel може да се информирате на следниов линк.

Банки

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2% и во четвртото тримесечје од 2027 година

Објавено

на

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2%. Одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со вториот квартал од 2026 година. Оваа стапка ќе важи од четвртото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови и на состојбите во банкарскиот систем.

Банкарскиот систем е стабилен и отпорен на шокови, што го потврдуваат резултатите од стрес-тестовите, а се гледа и преку соодветната капитализираност и ликвидност, ниската стапка на нефункционални кредити и солидната профитабилност.

Одлуката за задржување на истата стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот е поткрепена и со макропрудентните мерки преземени на крајот од минатата година и измените кај задолжителната резерва, во билансите на банките, при што се забележува подобрување на структурата на новоодобрените кредити според висината на ЛТВ и ДСТИ, а кај депозитите на домаќинствата и натаму се бележат поволни поместувања од аспект на рочната и валутната компонента.

Ваквата поставеност на макропрудентните мерки би придонесла за ограничување на системските ризици во следниот период и за натамошно задржување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и редовно, на квартална основа, ќе ја преоценува висината на стапката.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка ја исплати првата годишна камата на третата емисија корпоративни обврзници

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје на 18 септември 2026 година ја исплати првата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници од третата емисија, со ISIN MKTTKS200038 и шифра TTKO3.

Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – трета емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17 септември 2026 година.

Третата емисија на корпоративни обврзници ТТК Банка ја реализираше во септември 2025 година од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.000 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.000.000 евра и фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво

Со исплатата на првата годишна камата, ТТК Банка ја реализира првата каматна обврска кон инвеститорите по основ на оваа емисија корпоративни обврзници.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка и годинава поддржувач на фестивалот „Браќа Манаки“

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје и годинава ја продолжува својата поддршка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој од 19 до 25 септември ќе се одржува во Битола.

Фестивалот, кој веќе 47 години ја слави филмската уметност, традиционално ги собира врвните кинематографери од целиот свет, претставувајќи ги нивната визија, креативност и придонес во создавањето на филмската магија.

Под мотото „На страната на филмот“, Стопанска банка и оваа година е пријател и поддржувач на престижната културна манифестација.

Од Банката ги повикуваат љубителите на седмата уметност од 19 до 25 септември во Битола заедно да ја споделат магијата на филмот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange