Останато
ЕОЅ Матрих – 20 години успех на домашниот пазар
На 05.04.2023 ЕОЅ Матрих ДООЕЛ Скопје го одбележа својот јубилеј со уникатна гала вечер по повод 20 успешни години делување на македонскиот пазар. Заедно со главниот извршен директор на Групацијата ЕОЅ, г-дин Марвин Рамке и г-дин Карстен Тидоу, одговорен за регионот источна Европа во ЕОЅ Групацијата, за дваесеттиот јубилеј менаџментот на ЕОЅ во Македонија организираше свечена гала и концерт на Симон Трпчески и квинтетот „Македонисимо“.
Во своето обраќање, генералната директорка на ЕОЅ Македонија и ЕОЅ Косово, д-р Катерина Бошевска се осврна на постигнатото: „Од компанија со само една услуга за своите клиенти во процесот на управување со побарувањата, се трансформиравме во инвеститор предводен од технологијата. Денеска, ЕОЅ на своите клиенти им нуди лепеза на услуги за управување со побарувањата, некои подобрени, некои иновативни, но сите сигурни.“

Покрај услугите за наплата на побарувања, од 2015 година ЕОЅ Матрих Македонија успешно реализира активности на откуп на побарувања, а воедно располага со напредни услуги за меѓународна наплата на побарувања (cross-border), откуп на обезбедени побарувања (secured debt purchase), како и други Б2Б услуги.
Преку новата подружница на ЕОЅ во Македонија, ЕОЅ Итек (EOS ITech) – која ја започна својата работа во 2021 година, компанијата сега нуди и развој на софистицирани софтверски решенија за потребите на меѓународната мрежа на ЕОЅ компании во Eвропа.

„Денес сме компанија која инвестирала над 9 милиони евра на нашиов пазар и располага со портфолио од 76 милиони евра и 54 илјади број на случаи во својата база на податоци. Компанија која инвестирала речиси 2 мил евра во развој и имплементација на системи за управување со податоци и системи за безбедност при управување со тие податоци. Во 2022 година се стекнавме со сертификат ИСО 27701 кој само ја потврди нашата определба за заштита на информациите поставена уште од 2016 година со воведување на сертификатот ИСО 27001. Особено задоволство ми е што нашата компанија е четврта во оваа земја која се здоби со овој сертификат и единствена во финансискиот сектор којашто ги имплементира овие стандарди.“ – изјави д-р Бошевска. „Бевме мотивирани да докажеме на нашите колеги од европскиот пазар во нашата групација, на нашите клиенти, на нашиот пазар, дека и овде во Македонија може да се работи по европски стандарди, дека ЕОS е партнер секаде. Пред 5 години ЕОS ви даде ветување и се обврза, денес можам гордо да кажам дека го исполнуваме тоа ветување.“

Долгото искуство на пазарот кое го поседува ЕОС Матрикс, стекнато низ изминатите две децении, заедно со експертизата која ја поседува како меѓународна комапнија докажува дека ЕОЅ Матрикс е сигурен избор, доверлив и стабилен партнер за управување со побарувањата.
На настанот, во знак на благодарност за богатото минато и постигнатите резултати, но и со јасна цел за понатамошно продолжување на унапредувањето на домашниот финансиски пазар, ЕОЅ Матрих додели неколку признанија. Стопанска Банка АД Скопје, како прв и најдолг клиент и соработник на ЕОЅ Матрих беше препознаена за успешната соработка и лојалност. Ова признание, во име на Банката го прими Генералниот Извршен Директор и Претседател на Управниот Одбор на Стопанска Банка, г-дин Диомидис Николетопулос.

Второто признание кое беше доделено ѝ припадна на Шпаркасе Банка АД Скопје, по повод успешната имплементација на европскиот модел на управување со нефунцкционални пласмани, банка со која ЕОЅ за прв пат на домашниот пазар реализише откуп на побарувања во 2015 година. Признанието го прими Златица Трпеска Цивкароски, директор на Дирекцијата за наплата и управување со колатерали во Шпаркасе Банка.

На овој посебен настан кој се одржа во Македонска Филхармонија присутните меѓу кои претставниците на Министерството за финансии на Р. С. Македонија, амбасадорот на Р. Германија, претставниците на Народната Банка на Република Северна Македонија, банките, финансиските друштва и здруженија, претставниците на медиумите, партнер компаниите и соработниците како и претставниците на компаниите ЕОЅ во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Словенија, заедно со вработените на ЕОЅ во Македонија имаа посебна можност во поинаква атмосфера да се осврнат на 20 успешни години постоење на ЕОЅ.
ЕОЅ Матрих Македонија на гала настанот ги најави и активностите кои следат во текот на годината, преку кои компанијата ќе го продолжи одбележувањето на овој значаен јубилеј. Сите новини можете да ги следите на социјалните мрежи на ЕОЅ: LinkedIn и Facebook.
Останато
Државата ќе издаде државни записи од 57 милиони евра на 7 април
Министерството за финансии на Северна Македонија ќе понуди едногодишни државни записи во вкупен износ од 3,5 милијарди денари (околу 56,8 милиони евра) на аукција закажана за 7 април, покажуваат податоците на централната банка.
Државните записи ќе доспеваат на 7 април 2027 година и ќе имаат каматна стапка од 4%, се наведува во објавата за аукцијата.
Продажбата на хартии од вредност ќе ја спроведе централната банка во име на Министерството за финансии, преку т.н. волуменска аукција, при што цената и купонската стапка се однапред утврдени, а примарните дилери учествуваат со понуди за износите што сакаат да ги купат.
Според курсот, едно евро изнесува 61,63 денари.
Бизнис
Велика Британија бара поблиски економски врски со ЕУ поради војната со Иран
Велика Британија ќе се стреми кон зајакнување на економската соработка со Европската Унија во услови на зголемена глобална нестабилност предизвикана од војната со Иран, изјави британскиот премиер Кир Стармер.
Тој најави дека на претстојниот самит со ЕУ подоцна годинава ќе побара поголема соработка во областа на економијата, безбедноста и енергетиката. Според него, актуелниот конфликт веќе има значително влијание врз економските перспективи, особено преку растот на цените на нафтата и гасот.
Премиерот предупреди дека продолжената блокада на Ормутскиот теснец, еден од најважните глобални транспортни коридори за нафта може дополнително да ги зголеми цените на енергијата и да ги оптовари домашните буџети на граѓаните. Воедно, најави дека Владата ќе продолжи со мерки за ублажување на трошоците за живот, вклучително и корекции на енергетските давачки и зголемување на минималната плата.
Според проценките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Велика Британија би можела да биде меѓу најпогодените економии од конфликтот, со забавување на економскиот раст.
Во меѓувреме, опозициските партии бараат дополнителни мерки за заштита на граѓаните, како што се укинување на ДДВ за сметките за струја и одложување на зголемувањето на акцизите за гориво.
Стармер нагласи дека зајакнувањето на односите со Европа е во долгорочен интерес на земјата, посочувајќи дека и покрај Брегзит, постојат значајни можности за економска и безбедносна соработка. Сепак, тој повтори дека Владата нема планови за повторно приклучување кон единствениот пазар или царинската унија.
Во однос на односите со САД, британскиот премиер истакна дека Лондон нема намера да избира меѓу Вашингтон и Брисел, туку ќе работи на одржување на силни врски со двата партнери.
Бизнис
Годишно собрание на АЕТМ: 950 милиони евра потрошени онлајн во 2025 – раст од 32%
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТСМ на 31 март 2026 година го одржа своето Годишно собрание, во присуство на членови, партнери и соработници од бизнис заедницата и институциите.
На Собранието беа презентирани извештаите за работењето во 2025 година, како и планот и програмата за работа за 2026 година, кои беа едногласно усвоени од присутните членови. Во рамки на дискусиите беше истакната важноста на развојот на е-трговијата и улогата на Асоцијацијата за е-трговија како клучен двигател на овој процес во земјата.
„Е-трговијата бележи континуиран раст. Во 2025 година се реализирани онлајн
трансакции вредни 950 милиони евра, што претставува годишен раст од 32%. Ова е јасен показател за зголемената доверба во онлајн купувањето, растот на понудата и развојот на дигиталните плаќања, но и поттик да продолжиме со унапредување на условите за понатамошен раст.“ – посочи претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Ангеловска Станков, во своето поздравно обраќање.

Поздравно обраќање имаше и м-р Елена Петрова, директорка на Управата за јавни приходи, која ја истакна важноста на институционалната поддршка и дигиталната трансформација за развојот на економијата.
„Дигитализацијата на фискалните процеси е клучна за понатамошен развој на е- трговијата и за создавање фер и транспарентен пазар. Како институција, остануваме посветени на изнаоѓање практични и лесно применливи решенија за е-фискализација, во тесна соработка со бизнис заедницата. Нашата цел е да овозможиме раст на секторот, притоа намалувајќи ја сивата економија и зајакнувајќи ја довербата кај потрошувачите” – изјави м-р Елена Петрова, во своето поздравно обраќање.

Пред работниот дел од Собранието, за членовите беше организирана и презентација од страна на претставници на Народната банка на Република Северна Македонија за придобивките, практичните аспекти и предизвиците за компаниите од членството на земјата во СЕПА при што беше истакнато значењето за унапредување на платежната инфраструктура, олеснување на прекуграничните трансакции и поголема интеграција на домашните компании на европскиот пазар.
На Собранието беше и официјално најавено 9-тото издание на регионалната конференција за е-трговија, кое ќе се одржи на 3 ноември 2026 година во Националната опера и балет, а се очекува да собере повеќе од 900 учесници од целиот Западен Балкан.
Дополнително, на Собранието беа презентирани и активностите на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, подружница на АЕТСМ, при што беше истакнато дека во 2025 година се реализирани бројни иницијативи за унапредување на родовата еднаквост, а за 2026 година е најавено и 5-тото јубилејно издание на конференцијата EqualXchange, кое ќе се одржи на 19 мај.

АЕТСМ и во наредниот период ќе продолжи активно да придонесува кон унапредување на е-трговијата, деловното окружување и регулативата, во интерес на своите членови и развојот на секторот. Во фокусот на асоцијацијата ќе останат унапредувањето и проширувањето на понудата во е-трговијата и придружните индустрии, зајакнувањето на дигиталните вештини, градењето стратешки партнерства за раст, намалувањето на сивата економија, како и продлабочувањето на соработката со институциите преку јавнo-приватен дијалог и развојот на дигиталните плаќања. Значаен фокус ќе биде ставен и на јакнење на регионалната соработка и поттикнување на прекуграничната е-трговија, со цел подобра интеграција на домашните компании на регионалните и европските пазари.
-
Бизниспред 2 месециУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 2 месеци„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Анализипред 2 месециПрофитот на најголемите македонски банки се броеше во милијарди денари – со колкав профит ја завршија 2025 година водечките три банки?
-
Продуктипред 2 месециГрупацијата Иуте го лансираше Iute Affinity – за целосно дигитални осигурителни решенија
-
Берзапред 2 месециНеколку акции ја носат ликвидноста: кој доминираше на Македонската берза во јануари 2026-1?
-
Банкипред 2 месециЗлатници од Комерцијална банка за паметна и сигурна инвестиција и подарок што станува наследство
-
Бизниспред 2 месециПлатите во јавната администрација наскоро повисоки – Владата го прифати барањето на УПОЗ!



