Connect with us
no baners

Продукти

Денес (1 февруари) е Mastercard ден – го направи ли својот priceless избор?

Објавено

на

Mastercard ја лансира новата кампања „Твојот Mastercard ден“, создадена за да го претвори првиот ден од секој месец во вистинска прослава.

И во текот на 2026 година, сите корисници на Mastercard картички ќе можат да уживаат во ексклузивни поволности и директен поврат на средства.

Како функционира?

👉 На 1-ви во секој месец направете плаќање со Mastercard картичка во ресторан, бар или преку услуга за достава на храна.

👉 Автоматски добивате 10% поврат на средства, директно на вашата сметка.

👉 Со оваа кампања, Mastercard овозможува секој почеток на месецот да стане нова омилена традиција.

Регистрација и дополнителни информации

За учество во кампањата потребна е регистрација на следниот линк: www.priceless.com/MKden.

Таму можете да ги откриете и сите други ексклузивни придобивки кои ги нуди Mastercard.

Со „Твојот Mastercard ден“, корисниците добиваат повеќе од обична трансакција – добиваат можност секој месец да започнат со мала, но значајна прослава.

no baners

Продукти

Комерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка

Објавено

на

Со цел унапредување на безбедноста на онлајн трансакциите Комерцијална банка од 1 март воведува нов начин на потврда на интернет плаќањата со картичка и на трансакциите преку мБанка, со кој обезбедува уште поголема заштита на паричните средства на клиентите.

Од 1 март, интернет плаќањата со картичка ќе се потврдуваат со единствен безбедносен код генериран преку бесплатната апликација мТокен, наместо како досега со СМС код. Сите трансакции преку мБанка ќе се потврдуваат со ПИН или со биометриска автентикација, кои се користат и при најава на апликацијата.

Овие промени се спроведуваат согласно важечката законска регулатива, а нивната цел е зголемена заштита од злоупотреби и неовластени трансакции, побезбеден процес на автентикација и дополнителна сигурност при секое онлајн плаќање.

За да можат непречено да вршат интернет плаќања со картичка од Комерцијална банка, сите клиенти, физички и правни лица, треба да ја активираат бесплатната алатка мТокен, која е достапна во мобилната апликација мБанка.

Клиентите што ја немаат преземено апликацијата мБанка може бесплатно да ја преземат од Google Play, App Store или App Gallery и веднаш да активираат мТокен. Алатката мТокен е бесплатна и едноставна за користење, наменета е за сигурна потврда на дигитални трансакции и достапна е за Android, iOS и Huawei уреди.

Активацијата се врши на брз и едноставен начин, а еднаш активиран мТокен овозможува континуирана практична и безбедна потврда на плаќањата без потреба од СМС пораки.

Детални информации и упатства за инсталација се достапни на следниот линк.

За дополнителна поддршка, на располагање на клиентите е Контакт центарот за техничка поддршка на телефон 02 / 3296 800, изберете 2, со работно време понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот и сабота од 08:00 до 13:00 часот.

Комерцијална банка останува посветена на создавање сигурна и модерна дигитална средина, во која клиентите со доверба и леснотија ги управуваат своите финансии.

Продолжи со читање

Банки

Извлечени добитниците од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција” на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка ги извлече среќните добитници од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција“ со Mastercard картичките на Банката.

Извлечени се добитниците на Главната награда – Патување и посета на карневалот во Рио де Жанеиро за две лица и на останатите вредни награди:

  • 5 мобилни телефони – iPhone 17 PRO 265 GB
  • 10 Ray Ban AI Meta Wayfarer очила за сонце
  • 10 смарт часовници – Samsung Galaxy Watch 7
  • 50 подарок-картички во вредност од 3.000 денари за шопинг во Skopje City Mall
  • 50 подарок-картички во вредност од 3.000 денари за шопинг во East Gate Mall

Комерцијална банка им честита на сите добитници!

За да проверите дали сте добитник на награда, кликнете на следниот ЛИНК или посетете ги профилите на Комерцијална банка на социјалните мрежи.

Правилата за Наградната игра и информации за подигнување на наградите се објавени на веб-страницата на Банката.

Продолжи со читање

Анализи

Може ли БРИКС да развие алтернатива на SWIFT преку дигиталните валути на централните банки?

Објавено

на

Резервната банка на Индија (RBI) им предложи на земјите-членки на БРИКС да ги поврзат своите официјални дигитални валути на централните банки (CBDC), со цел да се олесни прекуграничното тргување и плаќањата поврзани со туристичките патувања, пренесува „Reuters“, повикувајќи се на извори запознаени со иницијативата.

Според централната банка, ваквиот чекор би можел значително да ја намали зависноста од американскиот долар, особено во услови на зголемени геополитички тензии и фрагментација на глобалниот финансиски систем.

Иницијатива за самитот на БРИКС во 2026 година

Резервната банка на Индија ѝ препорачала на индиската влада предлогот за поврзување на дигиталните валути на централните банки на земјите-членки на БРИКС да биде вклучен на агендата на самитот на економската организација, кој е планиран за 2026 година и ќе се одржи под претседателство на Индија.

Идејата за создавање заедничка платна инфраструктура на БРИКС не е нова. Таа беше дискутирана и на самитот на БРИКС одржан во Рио де Жанеиро во јули 2025 година, кога во завршната декларација земјите-членки повикаа на продолжување на работата за развој на прекугранични платни системи меѓу државите основачи на групата – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Технолошки и регулаторни предизвици

Сепак, имплементацијата на ваквиот систем би можела да се соочи со одложувања поради неподготвеноста на дел од земјите-членки да ги користат технолошките платформи на други држави. За да се постигне конкретен напредок, ќе биде неопходен широк консензус околу технолошките решенија, безбедносните стандарди и регулаторната рамка.

Како можна преодна мерка за управување со потенцијалните трговски нерамнотежи, се разгледува и користење на билатерални договори за размена на валути (swap agreements) меѓу централните банки на земјите од БРИКС.

BRICS Pay – алтернатива на западната платна инфраструктура

Предложениот прекуграничен дигитален платен систем BRICS Pay, кој го развиваат земјите-членки, има за цел да го зајакне финансискиот суверенитет на групата и да ја намали зависноста од доларот. Иницијативата е насочена кон создавање алтернативна глобална платна инфраструктура која би функционирала независно од западно-контролираните финансиски механизми, како што се SWIFT и доларските клиринг-системи.

Наместо воведување единствена заедничка валута, BRICS Pay е замислен како дигитален „обединувачки слој“, преку кој би се овозможиле директни плаќања во националните валути и/или во идните дигитални валути на централните банки на земјите-членки.

Намалување на финансиската ранливост

Системот има за цел да ја намали изложеноста на финансиските системи на земјите од БРИКС на надворешни шокови, ризикот од „замрзнување“ на финансиски средства и политички притисоци. За разлика од постојните платни системи со концентрирана управувачка моќ, BRICS Pay е планирано да функционира врз основа на заеднички надзор и колективно донесување одлуки, со цел да се обезбеди неутралност и рамноправност меѓу земјите-членки.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange