Банки
Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје: Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
НЛБ Банка Скопје успешно го комплетираше новиот Управен одбор. Откако Народната банка додели согласности на тројца нови членови на Управниот одбор, истовремено продолжувајќи го мандатот на еден постоечки член, проширениот Управен одбор, под раководство на претседателот Тони Стојановски, е целосно конституиран и подготвен да ја води Банката во следното поглавје.
Како што беше претходно соопштено, во јули годинава, Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје донесе одлуки за ре-именување на постоечки член и именување на тројца нови членови на Управниот одбор. Со ова, НЛБ Банка го зголеми бројот на членови на Управниот одбор од досегашните четири, на пет члена во одборот, правејќи значаен чекор во зајакнувањето на раководната структура на Банката.
Во 2026 година, НЛБ Банка влегува со нов состав на Управниот одбор. По регулаторното одобрување од Народната банка, за нови членови на УО се назначуваат Бојан Стојаноски, Драгиша Тадиќ и Кирил Бухов. Откако доби нов мандат од Народната банка, во одборот продолжува и Катерина Јанковиќ. Овој лидерски тим, под раководство на претседателот Тони Стојановски, е целосно подготвен и посветен кон извонредност, обезбедување долгорочна стабилност и стратешки раст на Банката.
„Проширениот состав на Управниот одбор претставува дополнително зајакнување на управувачките капацитети на Банката и создава силна основа за реализирање на нашите стратешки приоритети. Упатувам искрени честитки до сите членови на Управниот одбор, моите колеги, за нивното назначување. Уверен сум дека нивната докажана експертиза, професионален интегритет и посветеност ќе дадат значаен придонес во натамошниот развој и стабилноста на Банката. Заедно, со јасна визија и одговорно управување, ќе продолжиме да ја водиме Банката кон нови хоризонти и одржлив раст, создавајќи вредност за нашите клиенти, вработените и заедницата. Воедно, изразувам длабока благодарност до досегашните членови на Управниот одбор, Петер Зелен и Игор Давчевски, за нивниот ангажман, професионализам и придонес во работењето на Банката и им посакувам успех во идните професионални предизвици“, истакнува Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски.
Новиот Управен одбор ја истакнува посветеноста на НЛБ Банка Скопје кон силно корпоративно управување, искусно и напредно лидерство, усогласено со долгорочните цели и визијата на Банката и НЛБ Групацијата. НЛБ Банка останува непоколеблива во својата посветеност кон извонредност, иновации, врвно корисничко искуство и финансиски решенија што им овозможуваат на поединците и бизнисите да ги постигнат своите цели, истовремено одржувајќи ги највисоките стандарди на интегритет и одговорност.
Кои се новите членови на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје
Бојан Стојаноски – (надлежен за областа Корпоративно банкарство) е банкарски експерт со над 20 години искуство на високо раководни позиции во банкарскиот сектор, во областа на корпоративното банкарство, управување со ризици, кредитирање, финансиски менаџмент и управување со средства. Во НЛБ Банка Скопје доаѓа од Стопанска банка АД Скопје, каде што од 2020 година е член на Управниот одбор и Генерален директор за управување со ризици. Во периодот од 2012 до 2019 година, работи во Халкбанк АД Скопје, најпрво како Заменик генерален директор задолжен за продажба, финансиски пазари и средства, а подоцна како Заменик генерален директор за кредитни ризици и финансии. Стојаноски е магистер по економски науки при Економскиот институт – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и има диплома по економија на истиот универзитет.
Драгиша Тадиќ – (надлежен за областа Ризици) доаѓа од НЛБ Комерцијална Банка, Белград, од позицијата Извршен директор за кредитни ризици, која ја извршуваше и во периодот помеѓу 2015 и 2020 година во НЛБ Банка, Белград. Од 2020 до 2022 година, тој е помошник на Управниот одбор на Комерцијална банка, Белград. Неговото искуство е поврзано и со лизинг операции. Тадиќ моментално е член на Надзорниот одбор на НЛБ Leasing&Go, Белград, а до 2015 година работеше во ПроКредит Лизинг, Белград. Има диплома од универзитетот во Белград во областа на меѓународната економија и трговија, како и од универзитетот во Љубљана во областа на деловната администрација.
Кирил Бухов – (надлежен за областа Операции) се приклучи на тимот на НЛБ Банка Скопје во јануари годинава како помошник на Управниот одбор. Професионалната кариера ја започнува во областа на телекомукациите во 2001, а во банкарството преминува во 2006 година. До 2025 година работи во Халкбанк АД Скопје каде напредува до позицијата Директор на сектор за информациски системи. Бухов е дипломиран инженер на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде завршува и магистерски студии по проектен менаџмент. Поседува богато искуство од областа на дигиталната трансформација, кибер безбедноста, банкарските операции и информациските технологии.
Банки
ММФ ја подобри прогнозата за раст на британската економија, но предупреди на инфлациски ризици
Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми прогнозата за раст на британската економија за оваа година, но истовремено предупреди дека војната во Иран и растот на цените на енергенсите создаваат дополнителен притисок врз монетарната политика на Банката на Англија.
Според најновата проценка, ММФ очекува британската економија во 2026 година да порасне за еден процент, додека претходната прогноза изнесуваше 0,8 проценти. Од Фондот наведуваат дека економијата на Обединетото Кралство покажала отпорност во последните години, иако конфликтот на Блискиот Исток негативно влијае врз краткорочните изгледи.
Поради обновените инфлациски притисоци, финансиските пазари сѐ повеќе очекуваат Банката на Англија да ги задржи каматните стапки на сегашното ниво, а дел од инвеститорите не ја исклучуваат ниту можноста за ново зголемување на каматите.
ММФ смета дека монетарната политика треба да остане рестриктивна за да се спречи повисоките цени на енергијата да се прелеат врз основната инфлација и растот на платите.
Според проценките на Фондот, задржувањето на клучната каматна стапка на сегашните 3,75 проценти до крајот на годината би било доволно за ограничување на секундарните инфлациски ефекти и за стабилизирање на долгорочните инфлациски очекувања.
Сепак, ММФ предупредува дека централната банка мора да остане флексибилна и подготвена да реагира во двата правци, зависно од економските движења. Доколку економијата ослабне повеќе од очекуваното, можно е и намалување на каматните стапки.
Фондот проценува дека повисоките цени на енергенсите привремено ќе ја зголемат инфлацијата и ќе го одложат враќањето кон целта од два проценти за околу една година, односно до крајот на 2027 година.
Банки
Халкбанк АД Скопје со понуда за онлајн штедење и фиксни камати
Халкбанк АД Скопје промовира понуда за онлајн депозити, со можност за брзо и едноставно отворање преку електронско банкарство и фиксни каматни стапки за штедење во денари и евра.
Од банката информираат дека корисниците можат целосно онлајн да отворат депозит, без посета на филијала, преку услугите за електронско банкарство.
Понудата опфаќа неколку рокови на орочување и каматни стапки:
- 3,20 проценти во денари и 2,40 проценти во евра за депозит на 13 месеци
- 3,40 проценти во денари и 2,60 проценти во евра за депозит на 25 месеци
- 3,50 проценти во денари и 2,70 проценти во евра за депозит на 36 месеци
Од Халкбанк велат дека услугата е наменета за клиенти кои сакаат едноставно и дигитално управување со своите заштеди.
Банки
Стопанска банка го организира десеттото издание на „Вози право, вози здраво“ на 6 јуни во Скопје
„Вози право, вози здраво“ по десетти пат – настанот ќе се одржи на 6 јуни во Скопје
Традиционалната велосипедска манифестација „Вози право, вози здраво“ годинава ќе го има своето десетто издание, а организаторите најавуваат дружење, рекреација и можност за освојување вредни награди.
Настанот ќе се одржи на 6 јуни 2026 година со почеток во 17 часот, пред Порта Македонија.
Заинтересираните учесници можат да се регистрираат преку платформата на Стопанска банка АД Скопје, каде е објавен и формуларот за пријавување: Регистрација за „Вози право, вози здраво“
Од банката информираат дека и оваа година ќе донираат за развој на урбаниот велосипедизам, а најавена е изградба на детски велопарк во населбата Карпош 4 во Скопје.
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Анализипред 2 месециРеалната нето плата во Северна Македонија порасна за 4,9% во јануари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје: Отворена позиција за работа со мали и средни претпријатија



