Connect with us
no baners

Банки

Во Халкбанк секоја трансакција е важна, откријте како најдобро да ги искористите бонус поените

Објавено

на

no baners

Пазарувањето некогаш е обврска, а некогаш претставува задоволство. Но, и во едниот и во другиот случај значи трошење средства. Сепак, постои можост за одредени купувања што ги правите да добиете поврат на средства во вид на бонус поени кои можете да ги искористите за некои идни плаќања. Токму тоа го овозможува програмата за бонус поени на Халкбанк АД Скопје која што е наменета за сите корисници на Мастеркард и Виза кредитни картички издадени од банката и може да биде одличен начин да заработите од купувањата што секојдневно ги реализирате.

Бонус поени можете, на пример да заработите доколку купувате лекови, козметички средства и сé друго што се продава во аптеките. Бонус поени се добиваат и  доколку точите гориво во вашиот автомобил во текот на викендот или ако плаќате осигурување за вашето возило, за домот или купувате патничко осигурување. Поени на вaшата картича ќе „легнат“ и ако пазарувате во некој од брендовите кои се вклучени во бунус прогамата на Халкбанк. Или, пак, ако онлајн плаќате сметки за вода, нарачувате храна или купувате различни производи од домашни онлајн продавници и притоа ја користите кредитната каричка од Халкбанк. За секоја од овие трансакции можете да добиете бонус поени.

А бидејќи бонус поените се вредносно еднакви на пари, односно 1 поен=1денар истите можете веднаш да ги искористите во најблиското продажно место каде постои ПОС терминл на Халкбанк. Со едноставно вметнување на картичката во терминалот, се користи опцијата – искористи бонус поени, се наведува сумата на поени која сакате да ја искористите и плаќањето ќе биде реализирано откако ќе ја потврдите трансакцијата со вашиот ПИН код.

Халкбанк континуирано спроведува различни бонус кампањи во различни периоди од годината. Во моментов се активни повеќе бонус програми. На пример, со секоја трансакција направена со Халкбанк кредитна картичка на ПОС терминал на Халкбанк на бензинските станици во време на викенд (од петок 16:00 часот до недела 00:00 часот) добивате 3% бонус поени од секоја трансакција. При вршење на набавки со кредитни картички на Халкбанк во аптеките во земјата на ПОС  терминали на Халкбанк добивате исто така 3% бонус поени. Иста висина на бонус поени се добива и при онлајн пазарување кај над 300 е-трговци, додека доколку плаќате за било која осигурителна полиса издадена од Халк Осигурување, бонусот изнесува 5% од осигурената сума. Бонус програми има и за низа продавници за козметика, облека, спортска опрема, играчки, производи за домаќинство, здрава храна и други, во кои што при пазарување со кредитните картички на Халкбанк се пресметува одреден процент на бонус поени.

Во моментов сé уште активна е и кампањата која банката ја подготви за Денот на вљубните со која што, со секоја трансакција направена со Халкбанк кредитна картичка во парфимерии каде Халкбанк има поставено ПОС терминали, добивате 5% бонус поени и истата е активна до 10.03.2024 год.

Затоа проверете ја листата на активни бонус програми на Халкбанк, користете ја својата кредитна картичка при плаќањата и освојте дополнителни средства. Пазарувањето ќе ви се исплати!

Листата на активни кампањи и продажните места што се вклучени во кампањите можете да ги проверите тука.

no baners

Банки

Централна кооперативна банка: Исплатени пензиите за февруари

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека средствата по основ на пензии за месец февруари 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.

Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (2 март 2026 година).

Продолжи со читање

Банки

Нето-добивката на Erste Групација лани достигна 249 милиони евра

Објавено

на

Нето-добивката на „Erste&Steiermärkische Bank“ (ESB) на ниво на групација, по одбивање на малцинските интереси, во 2025 година изнесува 249 милиони евра, што претставува раст од 0,8 проценти во однос на претходната година.

Нето-приходот од камати на ESB групата достигнал 442 милиони евра, што е зголемување од 1,8 проценти во споредба со 2024 година. Истовремено, нето-приходот од провизии и надоместоци изнесувал 144 милиони евра, што претставува значителен раст од 7,5 проценти на годишно ниво.

Вкупната актива на групата на крајот на декември 2025 година достигнала 17,6 милијарди евра, што е за 6,8 проценти повеќе во однос на крајот на 2024 година, кога изнесувала 16,5 милијарди евра. Кредитите кон клиентите на крајот на минатата година изнесувале 10,5 милијарди евра, бележејќи раст од 8,5 проценти. Истовремено, депозитите на клиентите достигнале 13,6 милијарди евра, што претставува зголемување од 8,3 проценти во однос на претходната година.

„Во текот на 2025 година ги задржавме стабилните и позитивни оперативни трендови, што резултираше со солидни финансиски резултати на банката и локалната групација. Забележавме раст на кредитирањето и во сегментот на населението и во сегментот на корпоративните клиенти, додека депозитите продолжија со стабилен пораст. Истовремено, користењето на нашите дигитални канали бележи силен и континуиран раст“, изјави претседателот на Управата на „Erste&Steiermärkische Bank“, Кристоф Шефбек.

Според неревидираниот неконсолидиран финансиски извештај, кој ги опфаќа резултатите на банката без зависните друштва, нето-добивката на Erste банката во 2025 година изнесува 230 милиони евра, што е зголемување од 1,8 проценти во однос на претходната година.

Во истиот период, нето-приходот од камати е зголемен за 5,9 проценти и достигнал 397 милиони евра, додека нето-приходот од провизии и надоместоци пораснал за 15,3 проценти, на 113 милиони евра. Најголем дел од овој раст се должи на интеграцијата на сегментот за издавање кредитни картички од Erste Card Club во рамки на Erste банката, се наведува во соопштението.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка ја зајакнува заштитата на готовинскиот платен промет со нова напредна технологија

Објавено

на

Дирекцијата за трезорско работење при Народната банка ја унапреди својата техничка опременост со современ уред за спектрална анализа од типот „Regula“, со цел дополнително зајакнување на сигурноста на готовинскиот платен промет и заштитата на граѓаните од фалсификувани банкноти.

Со примената на оваа напредна технологија се овозможува брзо, прецизно и детално откривање на најсуптилните разлики меѓу оригиналните и фалсификуваните банкноти, без разлика дали станува збор за денари или за други валути што циркулираат во оптек. Новиот систем овозможува и засилена контрола на квалитетот на новите изданија на банкноти, што дополнително ја зголемува безбедноста и довербата во готовинските плаќања.

Со ова се очекува:

  • Поголема заштита од фалсификати
  • Побрза и поточна анализа на сомнителни банкноти
  • Засилена контрола на квалитетот кај новите изданија банкноти

Од Народната банка истакнуваат дека ваквите инвестиции значат директна заштита на финансиските средства на граѓаните и компаниите и претставуваат дел од континуираните напори за примена на највисоки стандарди и современи технологии во функција на стабилен и безбеден финансиски систем.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange