Connect with us

Банки

Билал Суџубаши: Халкбанк со рекордни резултати во 2024 и амбициозни планови за 2025

Објавено

на

Изминатата 2024 година беше уште една исклучително успешна година за Халкбанк АД Скопје, која ја потврди својата позиција како една од водечките и најстабилните банки во земјата. Благодарение на стратегијата заснована на иновации, стабилност и општествена одговорност, банката постигна значаен финансиски раст – профитот порасна за 48% во однос на претходната година, кредитното портфолио се зголеми за 152 милиони евра, а депозитната база достигна речиси 1,5 милијарди евра.

Посебно значајно е зголемувањето на поддршката за физички лица, со рекордни 189 милиони евра исплатени преку кредити за населението. Во корпоративниот сектор, Халкбанк ја продолжи својата стратегија на поддршка на проектно финансирање, обезбедувајќи основа за раст на многу бизниси.

Покрај финансиските успеси, Халкбанк ја истакна својата улога како општествено одговорна институција. Со иницијативи како „Пакет за жени“, банката даде поддршка на над 300 жени претприемачи низ државата, овозможувајќи им економска независност и деловна афирмација. Исто така, се позиционира како прва банка што понуди вистинска поддршка за старт-ап компании, поттикнувајќи ја иновациската сцена во земјата.

Во текот на годината, банката значително инвестираше во дигитализација, воведувајќи нови е-услуги и алатки кои ја подобрија достапноста и квалитетот на услугите за клиентите. Овој фокус на технолошки напредок ѝ овозможи на Халкбанк да го зајакне својот статус на лидер во е-банкарството.

Халкбанк исто така продолжи со своите заложби за одржлив развој преку еколошки иницијативи како проектот „Еден милион садници за пет години“, кој има за цел обновување на деградирани подрачја и поддршка на биодиверзитетот.

За 2025 година, банката најавува уште поамбициозни цели – од понатамошно проширување на услугите и производите, до силен фокус на дигитална трансформација, иновативни решенија и нови општествено корисни проекти. Халкбанк останува посветена на долгорочниот одржлив развој, кој ќе создава вредност за клиентите, заедницата и македонската економија во целина.

Целосното обраќање на Билал Суџубаши, Главен Извршен Директор на Халкбанк АД Скопје, можете да го прочитате тука.

Банки

Вицегувернерката Нацевска: Побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра од октомври 2025 година

Објавено

на

„Од октомври 2025 година, деловните банки од земјава ќе можат да се приклучат кон платните системи на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), со што се отвора патот за побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра. Народната банка активно го следи процесот на подготовка на банките за пристап кон СЕПА, којшто опфаќа правна, техничка и оперативна усогласеност со европските стандарди“, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интeрвју за националниот сервис МТВ.

Придобивките за граѓаните и компаниите ќе бидат значајни – намалени трошоци, поедноставени постапки и многу пократко време за трансакциите. Парите испратени од странство, вклучително и оние од иселениците, ќе пристигнуваат во текот на истиот или следниот работен ден, со значително пониски трошоци, а банките ќе треба да им ги пренесат овие придобивки и на клиентите преку пониски надоместоци.

Заради поедноставување на процедурите, Народната банка веќе ги укина обврските за доставување документација за тековните трансакции со странство, меѓу кои и за плаќање одмор или школарина во странство, а ќе се укине и за капиталните трансакции, освен за мал број трансакции за кои постојат експлицитни законски обврски. Ова значително ќе го олесни онлајн и шалтерското банкарство и ќе го поттикне користењето електронски и мобилни платежни услуги. Податоците покажуваат дека електронските плаќања во земјава веќе бележат годишен раст од над 40% во 2024 година.

Исто така, се работи и на олеснување на процедурите за приливните плаќања. Целта е средствата добиени од странство, вклучително и хонорарите, да се ставаат на располагање веднаш или најдоцна следниот ден, без потреба од приложување договор или фактура, освен во специфични случаи каде што тоа е законски обврзано.

Покрај ова, не се предвидуваат ограничувања за износите коишто може да се префрлат на основа на подарок, освен лимитот од 100 илјади евра кај инстант плаќањата, а контролите за спречување перење пари и финансирање тероризам и натаму ќе се применуваат, во согласност со меѓународните стандарди.

Продолжи со читање

Банки

Силк Роуд Банка со добивка од 206,9 милиони денари за 2024 година – исплата на дивиденда од 5.119 денари по акција во 2025 година

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ја заврши 2024 година со добивка од 206,9 милиони денари, покажуваат поединечните финансиски резултати на Банката заклучно со 31 декември 2024 година. Вкупните приходи на Банката достигнаа 706,7 милиони денари, додека добивката од редовно работење пред оданочување изнесува 230 милиони денари.

Нето готовинскиот тек за годината изнесува значајни 678,3 милиони денари, што ја потврдува стабилната ликвидност и ефикасното управување со ресурсите на Банката. Добивката по акција е пресметана на 17.224 денари.

Во согласност со остварените резултати, во 2025 година Банката ќе исплати дивиденда врз основа на добивката од 2024 година. Исплатата ќе изнесува 5.119 денари бруто по обична акција.

Овие резултати ја позиционираат Силк Роуд Банка како стабилен финансиски субјект со континуирана поддршка кон своите акционери и зголемена вредност за вложувачите.

Продолжи со читање

Банки

Видео обраќање на д-р Маја Стевкова Штериева по повод Годишниот извештај на Комерцијална банка АД Скопје за 2024 година

Објавено

на

Комерцијална банка ја заокружи 2024 година со извонредни резултати, кои претставуваат потврда за нашето одговорно, одржливо и стратешки насочено работење. Преку ефикасно управување со ризиците и постојано унапредување на производите и услугите, создадовме зголемена вредност за нашите клиенти, акционери и сите засегнати страни.

Во своето видео обраќање, д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, ги претставува финансиските резултати на Банката и зборува за новите производи и дигитални иновации што нè позиционираат како сигурен и модерен банкарски партнер. Дополнително, таа го нагласува и значајниот придонес на Банката кон заедницата и нашата заложба за општествен напредок.

Погледнете го целосното обраќање на д-р Стевкова Штериева на следниот линк:

Продолжи со читање

Популарно