Connect with us
no baners

Банки

Придобивка повеќе за корисниците на НЛБ haPPy, единствената кешбек картичка – Намалена каматна стапка на безготовински трансакции

Објавено

на

Единствената картичка на пазарот со загарантиран поврат на средства со секоја направена безготовинска трансакција на продажно место во земјава и странство, и единствената картичка со која и кога пазарувате – заштедувате, во неколку месечниот промотивен период добива уште поголема вредност, овозможувајќи им на оние кои ја поседуваат опуштено пазарување и правејќи ја најдобриот пријател на нивниот џеб.

Имено, од почетокот на април па сè до 31 јули годинава, НЛБ Банка ја намалува каматната стапка на трансакциите направени со НЛБ haPPy картичката. Намалената каматна стапка која во промотивниот период изнесува 8,9% се однесува на сите безготовински трансакции направени со НЛБ haPPy картичката на ПОС терминали, но и при он-лајн пазарување.

За потсетување, НЛБ haPPy картичката е кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard со меѓународна важност која може да се користи секојдневно. Со НЛБ haPPy, за секоја трансакција направена на продажно место клиентите на Банката добиваат поврат на средства до 12% од износот на трансакцијата во рамките на партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити која брои преку 250 трговци и над 1.000 продажни локации, во повеќе од 25 различни дејности. Клиентите добиваат загарантиран cashback и надвор од партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити во висина од 0,6% од прометот реализиран на продажни места во земјата и во странство.

Програмата за лојалност ги обединува водечките трговски брендови во Македонија чиј продажен асортиман во најголема мера ги задоволува секојдневните потреби, па така сосема доволно е клиентот да ја поседува кобрендираната НЛБ haPPy картичка во својот паричник. Минималниот месечен износ за отплата на картичката изнесува 5% од вкупните доспеани обврски, а НЛБ Банка овозможува бескаматен грејс период за отплата на средствата до 45 дена.

Прочитајте повеќе на www.happycard.mk и аплицирајте за НЛБ haPPy картичките во која било од експозитурите на НЛБ Банка низ државата или во продажните салони на Нептун Македонија.

Банки

Новата Централа на Стопанска банка – прва LEED Gold сертифицирана зграда во земјата

Објавено

на

Новата централна зграда на Стопанска банка е првиот објект во земјата што доби LEED Gold сертификат, една од најпрестижните светски сертификации за одржливост во градежништвото. Постигнувањето го позиционира овој проект како пример за одржлив развој во нашата земја и ја демонстрира долгорочната посветеност на Банката кон заштитата на животната средина, иновациите и благосостојбата на вработените и клиентите.

LEED претставува кратенка за „Leadership in Energy and Environmental Design“ (Лидерство во енергетски и еколошки дизајн) и е глобално признат систем за сертификација, а развиен од Американскиот совет за зелени градби (U.S. Green Building Council). Неговата цел е да промовира поздрави, поефикасни и еколошки објекти. Со оглед на тоа што изградениот простор е одговорен за речиси 40 отсто од глобалните емисии на јаглерод диоксид и значителна потрошувачка на суровини, одржливата градба повеќе не е исклучок, туку неопходност за иднината на нашите градови и заедници.

Седиштето на Стопанска банка ги отсликува овие принципи, поставувајќи нови стандарди за начинот на кој се проектираат, градат и управуваат објектите во Скопје. Проектот постигна високи резултати во повеќе категории на LEED, вклучувајќи: ефикасност на искористување на водата, енергијата и атмосферата, материјали и ресурси, квалитет на внатрешната средина, одржливи локации, локација и транспорт, иновации и регионален приоритет. Преку стратегии, како значително намалување на потрошувачката на вода во затворен и надворешен простор, висока оптимизација на енергетската ефикасност, примена на обновливи извори на енергија и одговорно управување со градежниот отпад и рециклирањето, зградата значително го намалува својот еколошки отпечаток, истовремено создавајќи поздрава и поудобна внатрешна средина за вработените на Стопанска банка.

Одржливите принципи беа интегрирани уште од најраните фази на проектирање на објектот. Ефикасните системи за греење, вентилација и климатизација (HVAC), осветлувањето, еколошки одговорните материјали, производите со ниски емисии, водоефикасните инсталации и внимателно избраните градежни решенија беа координирани во согласност со LEED барањата. Постигнувањето на оваа сертификација бараше блиска соработка меѓу архитекти, инженери, технички консултанти, изведувачи, производители и LEED консултанти во текот на сите фази од проектот – од концепт до финална изведба и пуштање во употреба.

По повод ова постигнување,  Хрисула Кутуди, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка, изјави:

„Развојот на нашето ново седиште, покрај градежниот проект, го означува и нашиот пат на трансформација. Заедно со сите наши партнери и со вредната и значителна поддршка  на NBG Групацијата, поставивме цел да изградиме објект што ги исполнува највисоките меѓународни стандарди, а воедно ги одразува и нашите вредности како одговорна институција. Добивањето на LEED Gold сертификацијата е доказ за посветеноста, експертизата и соработката на сите инволвирани страни. Исклучително сум горда на проектниот тим на Стопанска банка, чија посветеност беше непоколеблива и клучна за оваа визија да стане реалност.“

Лоцирано во срцето на Скопје, седиштето на Стопанска банка претставува повеќе од само сертифицирана зграда – тоа симболизира визија насочена кон иднината на градот. Проектот ја одразува посветеноста на Банката кон одговорни инвестиции, грижа за животната средина и благосостојбата на вработените, клиентите и пошироката заедница, зацврстувајќи ја позицијата на Стопанска банка како лидер, не само во банкарството, туку и во одржливите корпоративни практики. Како прва LEED-сертифицирана зграда во Скопје, таа поставува значаен пример за идните проекти и придонесува за подигање на свеста за одржливите градежни практики во регионот.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка ги промовира Visa Business картичките за поефикасно деловно работење

Објавено

на

Комерцијална банка ги промовира своите Visa Business картички, наменети за компании и претприемачи кои сакаат побрзо, поедноставно и поефикасно управување со деловните финансии.

На клиентите им се достапни три решенија – Visa Business Debit, Visa Business Revolving и Visa Corporate, кои нудат различни погодности и привилегии во зависност од потребите на бизнисот.

Од банката посочуваат дека со Visa Business картичките компаниите добиваат поголема контрола врз трошоците, непречено функционирање на деловните активности 24 часа дневно и поедноставно управување со финансиските трансакции.

„Со Visa Business картичките секој деловен чекор е успех бидејќи вашиот бизнис функционира едноставно и ефикасно 24/7, а вие ја имате целосната контрола без непотребно да трошите време и пари“, наведуваат од Комерцијална банка.

Од банката ги повикуваат компаниите да ја изберат картичката што најдобро одговара на нивните деловни потреби и да ги искористат придобивките што ги нудат Visa Business производите.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со викенд-понуда: Подигнување готовина без провизија од кој било банкомат на Стопанска банка

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје објави специјална викенд-понуда за своите клиенти, овозможувајќи им подигнување готовина без провизија од кој било банкомат.

Промоцијата важи само овој викенд и се однесува на корисниците на VISA и MasterCard кредитни картички издадени од Стопанска банка.

„Овој викенд искористи ја можноста да подигнеш готовина од кој било АТМ со твојата VISA или MasterCard кредитна картичка – без провизија“, соопштија од банката преку своите социјални мрежи.

Од Стопанска банка посочуваат дека понудата е временски ограничена и важи исклучиво во текот на викендот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange