Банки
Ангеловска-Бежоска на конференција во Приштина: Индексот на финансискиот развој на ММФ ја позиционира нашата земја меѓу најдобро рангираните во регионот
„Индексот на финансискиот развој на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој го отсликува опсегот, пристапот и ефикасноста на финансиските институции и финансиските пазари, за нашата земја изнесува 0,26, што не позиционира меѓу најдобро рангираните во регионот. Ова покажува забележителен напредок во нивото на финансиското посредување и неговото унапредување. Сепак се уште постои јаз во однос на земјите од Европската Унија, што укажува на потребата за понатамошно финансиско продлабочување, преку коешто ќе се забрза и процесот на доходна конвергенција кон ЕУ “. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која заедно со вицегувернерот Фадил Бајрами учествуваше на конференцијата „Премостување граници, градење иднина: интеграција во СЕПА за финансиска инклузија“, којашто се одржа во Приштина, Косово, во организација на Централната банка на Косово по повод 25-годишнината од нејзиното формирање.
Гувернерката посочи дека банкарскиот сектор остана потпора на економиите во регионот и за време на последната инфлациска криза. Зборувајќи за домашниот банкарски сектор, Ангеловска-Бежоска истакна дека тој оствари највисок раст на адекватноста на капиталот во регионот, нефункционалните кредити се на историски најниски нивоа, додека ликвидноста останува висока. Сепак, за да се постигне побрза конвергенција и за да се зголеми потенцијалот за економски раст, потребен е понатамошен развој на финансискиот систем со повеќе алтернативи за финансирање.
„Земјите во регионот имаат релативно ниска стапка на домашно штедење, при што домашните пазари на капитал се плитки и не нудат доволно финансиски алтернативи. Оттука, финансирањето на структурната трансформација на економиите наметнува потреба од дополнителни извори, како на пример влез на странски капитал, вклучително и во банкарскиот систем, поттикнување на домашното штедење, искористување на странската готовина во оптек во овие земји за продуктивни цели, меѓународно финансирање. Во овој контекст, понатамошната консолидација и дигитализација на банкарскиот систем, како и понатамошното усогласување со европските стандарди ќе ја зголеми неговата конкурентност, овозможувајќи побрза интеграција со финансиските системи во ЕУ“, порача гувернерката Ангеловска-Бежоска, при што додаде дека земјите од регионот се посветени на овој процес преку пристапувањето кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА).
Претставниците на меѓународните финансиски институции коишто присуствуваа на конференцијата искажаа поддршка за заложбите на централните банки од регионот за усогласување на националната правна рамка со европската, што е предуслов за пристапувањето во СЕПА.
На конференцијата, беше ставен фокус и на модернизацијата на платните системи кои се клучни за јакнењето на економските врски помеѓу државите во регионот. Членството во СЕПА, носи мноштво на придобивки, како за граѓаните, така и за стопанството преку намалување на трошоците и времето за прекуграничните трансакции. Нашата земја, Албанија и Црна Гора имаат висок степен на усогласеност со правната рамка на ЕУ и се првите три земји од Западен Балкан коишто наскоро очекуваат одговор на барањата за скорешно пристапување во СЕПА.
Банки
АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР СТАБИЛЕН, ЈЕНОТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – инвеститорите будно ги следат ФЕД и Банката на Јапонија!?
Јапонскиот јен падна за 0,3% на 153,15 за американски долари по силните добивки минатата недела, откако економијата на Јапонија порасна за минимални 0,2% во декември, далеку под очекувањата за 1,6%. Разочарувачките податоци ја нагласуваат тешката задача на премиерката Санае Такаичи и потенцијално го искомплицираат патот за затегнување на монетарната политика на Банката на Јапонија, чија клучна каматна стапка е на 0,75%, која останува далеку под нивото на повеќето големи светски економии.
Американскиот долар остана стабилен, поддржан од податоците за инфлацијата кои ги зајакнуваат аргументите за можно олабавување на каматните стапки од Федералните резерви подоцна оваа година. Фјучерсите имплицираат намалување од околу 62 базични поени, со најверојатна следна промена во јуни.
Еврото се тргуваше на 1,1863 долари, фунтата на 1,36395 долари, а швајцарскиот франк благо ослабна на 0,7686 за американски долар. Австралискиот долар се зацврсти на 0,70865, додека новозеландскиот долар падна на 0,6033 пред очекуваниот состанок за монетарна политика на Резервната банка на Нов Зеланд.
Аналитичарите предупредуваат дека глобалните валутни движења остануваат чувствителни на фискални мерки, централнобанкарски политики и економските податоци во Кина, Јапонија и САД.
Банки
Беркан Имери, Александар Иљов и Мухаммед Хаџипази реименувани за Извршни директори и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје
Халкбанк АД Скопје соопштува дека согласно решението на Извршниот одбор на Народната банка на Северна Македонија, од 3 февруари 2026 година, е одобрено продолжување на мандатите на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и г-дин Мухаммед Хаџи-Пази.
„Согласно Решението на Извршниот Одбор на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и на г-дин Мухаммед Хаџи – Пази, сметано од 03.02.2026 година“, се вели во соопштението на Халкбанк.
Промените се официјално упишани во Централниот регистар на 6 февруари 2026 година. Тројцата ќе продолжат да ги извршуваат функциите на Извршен директор и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје.
Халкбанк ја истакнува стабилноста и континуитетот во менаџментот како клучен предуслов за понатамошен развој и успешни финансиски резултати.
Во моментов Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:
- Д-р Фатих Шахбаз – Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор;
- Д-р Беркан Имери – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Александар Иљов – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Мухаммед Хаџипази – Извршен Директор и член на Управен одбор;
Банки
ЕЦБ го отвора Фондот за ликвидност во евра на глобално ниво – нов чекор за јакнење на меѓународната улога на еврото
Европската централна банка (ЕЦБ) најави проширување на својот Фонд за ликвидност во евра, со што механизмот ќе стане достапен за централните банки ширум светот, со цел зајакнување на меѓународната позиција на единствената европска валута.
Преку REPO линиите, централните банки ќе можат да обезбедат евро-ликвидност под поволни финансиски услови. Досега, овој инструмент беше ограничен на помал број земји, главно од Источна Европа.
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, истакна дека во услови на зголемена глобална нестабилност, централната банка мора да биде подготвена и флексибилна. „Овој механизам е важен инструмент за зацврстување на еврото на светската сцена“, изјави Лагард на Минхенската безбедносна конференција.
Се очекува новиот модел да биде операционален од третиот квартал на 2026 година. Исклучок ќе бидат институциите поврзани со перење пари, финансирање тероризам или субјекти под меѓународни санкции.
Одлуката доаѓа во период на зголемена несигурност околу доларот и американските економски политики, што дополнително го зајакнува интересот за еврото како стабилна глобална валута.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 2 месециСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината – во 2025 обновени осум експозитури на Банката
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециГувернерот Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка со предвремена исплата на пензии
-
Банкипред 2 месециГолема празнична кампања на НЛБ Банка проследена со донација





