Connect with us
no baners

Банки

Ангеловска-Бежоска на започнувањето на втората фаза од проектот со ИНФЕ-ОЕЦД и МФ на Холандија: Преку финансиска едукација до ползување на придобивките од финтек-секторот

Објавено

на

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, на покана на министерката за финансии на Холандија и ОЕЦД, учествуваше на настан посветен на финансиската едукација. Средбата истовремено го означи и почетокот на втората фаза на проектот финансиран од холандското министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД, насочен кон поддршка на финансиската писменост и инклузија во регионот на ЦЈЕ. Средбата ја отвори потпретседателката на Владата на Холандија и министерка за финансии, Сигрид Кааг, со обраќање кон присутните.

„Дигитализацијата во финансиите носи бројни предности, вклучително и подобар пристап до финансиите, којшто, пак, е важен за намалување на сиромаштијата и за повисок економски раст. Според некои истражувања, со полесен пристап до финансиите може да се зголеми растот и за околу 2 процента, а ако станува збор за дигитален пристап до финансиите, дури и повеќе. Сепак дигиталната ера носи и нови ризици. Ризиците од дигиталните иновации, како што се евентуалните нови видови на е-измама, откривањето, прашањата околу безбедноста и доверливоста на податоците, полесниот пристап до краткорочни кредити и потенцијалната презадолженост на домаќинствата, мора да се третираат внимателно, не само од регулаторна гледна точка, туку и преку зголемување на свеста за нив во рамките на процесот на финансиска едукација“, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата со наслов „Финансиска писменост и финансиска едукација: нови предизвици и стратегиски приоритети“.

Таа додаде дека покрај новите можности за инклузија, треба да се има на ум дека недостатокот на дигитални вештини и писменост може всушност да ја ограничи инклузивноста и придобивките од дигиталните финансиски услуги. Затоа, треба да се развиваат ефективни иницијативи за финансиската едукација коишто ќе ги опфатат финансиите во дигиталниот свет, да се поддржат дизајнот и употребата на дигиталните алатки за да се обезбеди финансиско образование за помладите генерации, но и да се подигне свеста и кај постарите генерации.

На панел-дискусијата гувернерката истакна дека во рамките на првата фаза на проектот, во изминативе неколку години, е направен значителен напредок што беше потврдено и од страна на меѓународните институции. Така, во 2021 година е донесена првата  национална Стратегија за финансиска едукација и инклузија, неколку стратегиски документи, а спроведени се и бројни едукативни активности, со кои меѓу другото, се посветува внимание и на дигиталната писменост. За ефективно спроведување на Стратегијата, Народната банка ги зема предвид потребите на младата и на постарата популација и нуди различни видови образовни можности за целото население, што вклучуваат онлајн предавања, едукативни објави на веб-страницата и социјалните мрежи, едукативни видеоигри и онлајн квизови. Народната банка неодамна објави и брошура за користење на дигиталните финансиски услуги што содржи лесно разбирливи совети за безбедно користење на овие услуги.

Настанот, на кој присуствуваа гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и главната економистка на Народната банка, Анета Крстевска, се одржа во Хаг, Холандија, во рамките на Годишниот состанок за регионалниот проект − Техничка помош за финансиска едукација. На настанот присуствуваа високи претставници од 10 земји од ЦЈЕ кои се вклучени во проектот.

Банки

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.

На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки. 

Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.

Продолжи со читање

Банки

ПроКредит Банка го отвори новиот Центар за работа со население во Кисела Вода

Објавено

на

ПроКредит Банка го отвори новиот и модерен Центар за работа со население во Кисела Вода во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон, кој на клиентите ќе им понуди ново клиентско искуство, сеопфатни банкарски услуги, 24/7 зона, како и тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски совети, поддршка и брза услуга за сите нивни банкарски потреби.  

Отворањето на центарот во Кисела Вода е со стратешка цел да се биде поблиску до граѓаните обезбедувајќи имперсонализиран пристап и банка партнер која ќе им помогне во оставарувањето на нивните цели. Дополнително, центарот е опремен и со 24/7 Зона, со современи банкомати кои им овозможуваат на клиентите самостојно да вршат банкарски операции како уплата и исплата на денари и евраи внесување на дневен промет во “drop box” сеф. 

Сакаме да го скршиме стереотипот за тоа како се работи со банка, каде што обично се чека во ред на шалтер со цел да завршите некоја обврска или пак чекање со денови за да се добие одобрување за кредит. Ние сме банка која нуди персонализирана и модерна услуга. Кај нас може да потпишете кредит директно на таблет и истиот може да го добиете за еден час. Банките треба да одат напред со нови,модерни филијали и 24/7 зони и навистина сме горди што ние сме пример и првата банка која што го спроведува тоа.”– истакна Стевче Кузмановски, Член на Управниот одбор во ПроКредит Банка.

ПроКредит Банка покрај модерната услуга, нуди ипромотивна понуда за сите нови клиенти на Центарот за население во Кисела Вода. Во таа насока, сите физички лица кои ќе отворат сметка во оваа филијала во периодот до 25.12.2025 ќе добијат бесплатно одржување на сметка, електронско и мобилно банкарство и бесплатни интерни трансфери во првите 12 месеци. 

Центарот за работа со население на ПроКредит Банка се наоѓа на ул. Борис Трајковски бр. 1 во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон и е со работно време од 08:30 до 16:30 часот.

Продолжи со читање

Банки

Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

Објавено

на

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел.

На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност. Се разменија мислења за светските предизвици и за потребата од соработка помеѓу централните банки.

Гувернерот Славески ја нагласи важноста на постојаната комуникација со водечките монетарни институции и на размената на искуства како значаен придонес за стабилен и отпорен финансиски систем.

Продолжи со читање

Популарно

no baners