Кариера
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на:
Референт на пријавница во Служба за небанкарски дејности
Потребни квaлификации:
- Завршено средно образование;
- Познавање на англиски јазик и работа со компјутери;
- Организациски и комуникациски вештини;
- Професионален однос кон клиенти и вработени;
- Љубезност, флексибилност и енергичност;
- Самоиницијативност, одговорност и посветеност на работата;
- Висока мотивираност за остварување на зададените цели и за стекнување на нови знаења.
Одговорности и задачи:
- Врши прием и упатување на странки до просториите за состаноци во Банката;
- Приготвување и послужување со пијалок (кафе,вода, чај и сл.) на странките;
- Води грижа за чајната кујна и салите за состаноци;
- Врши ситни набавки за потребите на банката;
- Ја заменува вработената на пријавница при нејзино отсуство;
- Врши прием на надворешна пошта и пратки кои пристигнуваат во банката;
- Води евиденција за патни налози и доделува бројчиња;
- Води дневна евиденција за посетители;
- Врши преим и проследување на барања за месечни требовања на канцелариски материјали.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 12.02.2023 година.
Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: [email protected]
Кариера
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Раководител на експозитура Чаир.
Локација: Скопје
Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- ја организира, координира, раководи, дава иницијативи за унапредување на работењето и е одговорен за целокупната работа во Експозитурата;
- ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво при контакти со јавноста, органите и слично;
- има активна улога во привлекување нови коминтенти и задржување на постоечките;
- се грижи и предлага можности за зголемување на профитот на експозитурата за која е назначен;
- одговорен е за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио;
- решава сериозни поплаки од коминтенти, специјални барања и останати комплексни прашања во врска со коминтентите;
- потпишува договори за кредит, договори за издавање банкарски гаранции, акредитиви и други производи на Банката, одобрени од надлежниот орган или лице со право на одлучување, во нејзино име и за нејзина сметка, a во својство на доверител/заложен доверител, согласно интерните акти на Банката и во рамките на дадените поединечни писмени овластувања;
- врши менторирање и пренос на знаење на останатите ваботени во Експозитурата;
- ја оценува работата на вработените во Експозитурата со која раководи и дава предлози до Управниот одбор за нивно унапредување, наградување и предлага изречување мерки за неисполнување работни обврски, кршење на работен ред и дисциплина, утврдени со закон, актите на Банката и договорот за вработување;
- го контролира следењето и применувањето на процедурите и упатствата на Банката како и прописите од доменот на банкарството од страна на вработените на кои е претпоставен;
- врши и други работи и работни задачи по налог и насоки на Управниот одбор поврзани со работното место согласно интерните акти на Банката.
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Високо образование (Eкономски факултет или друго соодветно високо образование);
- Најмалку 3 години работно искуство од конкретната област во банкарски сектор;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Способност за продажба;
- Комуникациски вештини;
- Организациски способности;
- Способности за раководење и работа со луѓе;
- Поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката;
- Познавање на прописите поврзани со банкарството.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, , испратете CV и пропратно писмо на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 06.03.2026 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Кариера
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
НЛБ Банка АД Скопје го проширува својот тим и ја отвора следната работна позиција за амбициозни и мотивирани професионалци:
Специјалист за банкарски операции во сегментот на механичка, физичка и техничка безбедност
Работни цели:
- Планирање и управување со имплементација на безбедносни стандарди (технички, механички и физички) во сите сегменти на работењето на Банката;
- Спроведување на процедурите и упатствата на безбедносните системи на Банката, редовна проверка на исправноста и функционалноста на техничката опрема поврзана со безбедност на Банката (видео надзор, алармни системи, системи за контрола на пристап и слично) по потреба одржување/интервенции во итни случаеви;
- Навремено реагирање при безбедносни инциденти и дефекти на опремата;
- Соработка со надворешни добавувачи и сервисери на безбедносна опрема и контрола на квалитетот на услугите од нивна страна;
- Изработка на технички извештаи и документација поврзана со безбедносните системи;
- Вршење на контрола од подрачјето на безбедност уредени во интерните акти на Банката (Експозитури, Банкомати, Трезор, Граѓански сефови, останати локации);
- Учество во изработката на идејни решенија на проектите за изградба, адаптација или реновирање на сите локации на Банката каде е потребно да се имплементираат мерки за техничка, механичка и физичка безбедност;
- Следење на иновациите во областа на безбедносните решенија и подготовка на проекти за подобрување на нивото на безбедност во Банката;
- Изработка на извештаи, известување и буџетски план од областа за безбедноста.
Потребни квалификации и компетенции:
- Завршено средно или високо образование (безбедност, технички области);
- Работно искуство на иста или слична позиција од областа на физичка, техничка и механичка безбедност;
- Познавање и следење на стандардите од областа на безбедноста и авање на системи за техничка безбедност;
- Компетенции за изготвување на извештаи, упатства за работа и процедури и давање на стручни мислења и советување во однос на техничките, механичката и физичката безбедност на локациите на банката и преземените објекти;
- Високо ниво на свесност за безбедносните процедури, доверливост, интегритет и комуникациски вештини;
- Напредно користење на дигитални алатки (MS Office) и англиски јазик.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди, вклучително и ден за роденден;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд);
- Политика за наградување на високи перформанси и позитивен придонес кон тимот и организацијата;
- Настани и активности за подобрување на благосостојбата на вработените;
- Одбележување на значајни денови и фамилијарни настани;
- Платено отсуство за татковство.
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на: [email protected], најдоцна до 03.03.2026 година.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Кариера
Комерцијална банка вработува Помлад соработник за оперативно работење во Филијала Кочани
Доколку сакате професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим од професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.
Работна позиција: Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата на Банката во Кочани.
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување.
Работно време: 40 часа неделно.
Огласот важи до: 27.02.2026
Работни цели и задачи:
- Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет;
- Понуда на депозитни производи;
- Промоција и продажба на банкарски производи;
- Брз трансфер на пари;
- Менувачко работење;
- Учество во промотивни кампањи.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економски науки со најмалку 180 ЕКТС кредити или VII /1 степен;
- Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
- Со или без работно искуство;
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Ориентираност кон потребите на клиентите;
- Адаптибилност во динамична работна средина;
- Комуникациски вештини за работа во тим.
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Програма за спорт и рекреација;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: веб страницата на Банката на следниот линк, или преку e-mail: [email protected], со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник за оперативно работење во Филијала Кочани”.
Телефон за контакт: (02) 3168-412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 4 неделиУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Банкипред 2 месециНародна банка: Натамошен динамичен раст на дигиталните плаќања
-
Останатопред 4 неделиАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година

