Connect with us
no baners

Банки

Раст, стабилност и иновации го одбележаа успешниот трет квартал на НЛБ Банка

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2024 до 30.09.2024 година, НЛБ Банка Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2024 година.

Во анализираниот период, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 2.716.926 илјади МКД, што претставува зголемување за 11,6% во однос на остварената нето – добивка истиот период претходната година. Зголемувањето се должи на континуирани продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, зголемен број на корисници на платните сервиси на Банката, како и позитивните трендови на финансиските пазари.

Банката е системски значајна банка врз основа на Одлуката за методологијата за идентификување системски значајни банки на Народната банка на Р.С.Македонија, со силна пазарна позиција и висок пазарен удел во банкарскиот сектор на Република С.Македонија.

Биланс на состојба

Заклучно со 30.09.2024 година билансната сума изнесува 119.625.978 илјади МКД, односно се зголеми за 3.219.317 илјади МКД или 2,8 % во однос на 31.12.2023 година.

Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 22.720.949 илјади МКД и бележат зголемување од 1,2% во однос на 31.12.2023 година.

Кредитите и побарувањата од банки бележат намалување од 243 илјади МКД во однос на 31.12.2023 година.

Вкупните Кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 77.217.292 илјади МКД и бележат зголемување од 4,2% во однос на 31.12.2023 година. Зголемувањето произлегува од зголемување кај кредитирањето во секторот домаќинства за 6,0% во однос на 31.12.2023 година како резултат на зголемен пласман на станбени кредити, потрошувачки кредити и автомобилски кредити.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 17.062.941 илјади МКД и се зголемени за 7,7% во однос на 31.12.2023 година поради поголемо вложување во државни обврзници.

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) изнесуваат 95.162.259 илјади МКД и во однос на 31.12.2023 година се зголемени за 2,5%.

Зголемувањето се должи на зголемување на тековните сметки и орочени депозити на домаќинства за 7,5% и зголемување на тековните сметки и орочени депозити на финансиски друштва (освен банки) за 47,1%.

Обврски по кредити и субординирани обврски се намалени во однос на 31.12.2023 година за 293.556 илјади МКД поради редовни отплати од Развојна банка и Европска банка за обнова и развој.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката се зголемени за 6,9% и изнесуваат 17.911.709 илјади МКД.

Биланс на успех

Нето каматните приходи, заклучно со 30.09.2024 година се повисоки за 20,1% споредено со претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 21,0%, пред се поради пораст на приходите од камата кај станбените и потрошувачките кредити на домаќинства, повисоки приходи од камата од вложувања во хартии од вредност и како резултат на наплатени претходни отпишани побарувања преку продажба на побарувања во првиот квартал од 2024 година, додека расходите за камати се повисоки за 29,0% пред се поради зголемување на висината на каматната стапка и салдата на орочените депозити на домаќинства.

Нето приходите од провизии се повисоки за 15,3% споредено со претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 2,7% како резултат на повисоки приходи од работење со платежни сметки, банкоосигурување, брокерски услуги, зголемени приходи од реализирани трансакции со картички и трансакции на ПОС терминали и картично порамнување. Расходите за провизии се намалени за 12,6%, главно поради пониски расходи од картично работење кон меѓународните картични системи.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 413.813 илјади МКД и се намалени во однос на претходната година за 23,1%.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 5.038.748 илјади МКД и се повисоки за 13,8% во однос на претходната година во најголем дел поради повисоки каматни приходи.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 2.075.709 илјади МКД и се зголемени за 10,4%, при што трошоците за вработени се повисоки за 7,6%, трошоците за амортизација се повисоки за 0,5 %, а останатите расходи од дејноста се повисоки за 15,7% во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 30.09.2024 година, се ослободени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансната изложеност на нето основа во износ од 74.187 илјади МКД и бележат зголемување, во најголем дел поради еднократен настан поврзан со реализација на колатерал од нефункционална кредитна изложеност кон сегментот претпријатија.

Бруто добивката на Банката заклучно со 30.09.2024 година изнесува 3.018.807 илјади МКД и е зголемена за 11,6% во однос на претходната година.

Нето добивката на Банката заклучно со 30.09.2024 година изнесува 2.716.926 илјади МКД и е зголемена за 11,6% во однос на претходната година.

Банки

Сите банки во земјава приклучени на СЕПА: полесни и поевтини трансфери во евра

Објавено

на

Народна банка на Република Северна Македонија информира дека целиот банкарски сектор во земјава е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра – СЕПА, откако и последната банка се приклучи на системот.

Со ова, како што наведуваат од централната банка, се заокружува процесот на интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор. Очекувањата се дека тоа ќе придонесе за побрзи, поефикасни и потранспарентни прекугранични плаќања за граѓаните и компаниите.

Целосното приклучување на банките значи и поширока достапност на услугите поврзани со СЕПА, како и зголемена конкуренција на пазарот на платежни услуги. Според Народната банка, тоа треба да доведе до намалување на трошоците за трансакции и подобрување на условите за компаниите, особено за оние што активно соработуваат со земјите од Европската Унија и другите членки на СЕПА.

Од институцијата посочуваат дека во соработка со банките и другите чинители ќе продолжат активностите за модернизација на платежната инфраструктура и усогласување со европските стандарди. Во наредниот период се најавува и дополнително проширување на учеството на домашните институции во останатите шеми на СЕПА, со цел обезбедување современи и сигурни платежни услуги.

Продолжи со читање

Банки

Отворена нова модерна експозитура на НЛБ Банка на локацијата „Универзална Сала“

Објавено

на

Следејќи ги сoвремените трендови и потребите на клиентите, НЛБ Банка Скопје ја продолжува трансформацијата на својата деловна мрежа. Вчера попладне, беше отворена новата модерна експозитура на локацијата „Универзална Сала“, во непосредна близина на претходниот објект.

Експозитурата која сега се наоѓа на Бул: „Партизански Одреди“ бр. 47 е простор со современ концепт и унапредена функционалност, креиран да одговори на денешните потреби на клиентите – побрзо, поедноставно и поудобно.

Во присуство на своите колеги и вработените во експозитурата, новиот објект официјално го отворија Претседателката на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Хедвика Усеник и Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски заедно со Алеш Ипавец, Заменик Претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје и Катерина Јанковиќ, Член на Управниот одбор на Банката.

На отворањето, Претседателот Стојановски истакна: „Продолжуваме со модернизација на експозитурите како дел од ‘Стратегијата 2030’, подготвувајќи ги нашите експозитури за иднината. Додека секојдневното банкарство сè повеќе се одвива преку дигиталните канали, нашите експозитури се трансформираат во современи простори што овозможуваат персонализирана поддршка и стратешко советување, но и поудобни и подобри услови за работа. Преку интегриран пристап, нудиме сеопфатни финансиски решенија на едно место и поставуваме нови стандарди во банкарството.“

Претставниците на Надзорниот одбор, Хедвика Усеник и Алеш Ипавец изразија задоволство од новиот простор, но и од темпото со кое се одвива трансформацијата на деловната мрежа на Банката, и упатија искрени честитки до тимовите вклучени во процесот.

За потсетување, НЛБ Банка ја заврши минатата година со осум обновени експозитури, како дел од проектот за целосна трансформација на деловната мрежа до 2030 година.

Новиот концепт на експозитурите на Банката е во рамките на пошироките напори на НЛБ Групацијата за модернизација и развој на продажната мрежа, со фокус на дигитализација и креирање современи банкарски простори што комбинираат технологија и персонализирана услуга.

Експозитурата го задржува досегашното работно време од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот и со нетрпение ги очекува своите клиенти.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка официјален партнер на Саемот за мебел 2026

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година е официјален партнер на Саемот за мебел, кој ќе се одржи од 25 до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“.

Настанот носи богата и одбрана понуда за сите што планираат уредување и освежување на домот, а посетителите ќе имаат можност да ги искористат саемските попусти и атрактивните финансиски решенија од Комерцијална банка.

На специјалниот штанд на Комерцијална банка, посетителите на Саемот ќе најдат различна кредитна понуда, меѓу која се и брзо достапниот Онлајн потрошувачки кредит и флексибилниот СМАРТ кредит преку картичка.

Банкарските советници ќе обезбедат директни информации за условите на кредитите и помош при избор на најсоодветно финансиско решение за секој дом.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange