Останато
5 причини зошто спортот треба да е дел од животот на младите
Олимпијадата е причина да зборуваме повеќе за спортот додека трае. Така и со менување на нашите навики, зборуваме за нив, сакаме да ги смениме, но најчесто остануваме само на зборови.
Но, и во нашиот случај да не остане недокажано еве 5 причини зошто да спортуваме и зошто да бидеме физички активни посебно во младоста.
1. Здравје
Сé повеќе забележуваме дека нашата младина е недоволно активна, има прекумерна телесна тежина и поминува премногу време пред екраните. Во минатото, децата поминуваа многу повеќе време на спортски терени каде што се занимаваа со различни спортови. Здравјето е дефинитивно најважната причина зошто новите генерации треба да се одлучат за спорт и активен начин на живот.
2. Социјализација
Преку организирано или неорганизирано вежбање или занимавање со некој спорт, децата повеќе ќе се дружат и ќе напредуваат како личности. Со тоа, тие полесно ќе се снаоѓаат во меѓучовечките односи и во иднина.
3. Самодоверба
Младите ќе се чувствуваат подобро и ќе имаат поголема самодоверба ако се занимаваат со физичка активност. Особено, ако по одредено време совладаат одредени пречки или предизвици, кои претходно не можеле, или ако станат посилни, побрзи и поиздржливи.
4. Забава и рекреација
Една од најважните придобивки од спортувањето е што младите се забавуваат и се рекреираат. Преку спортот, тие можат да уживаат во играта, да се смеат и да се ослободат од стресот што им го предизвикува динамичниот начин на живот. Спортувањето создава позитивни емоции и помага во градење здрави навики.
5. Носење паметни одлуки
Преку спортот, младите учат како да носат паметни одлуки, како да се справуваат со предизвици и да решаваат проблеми. Тие развиваат стратегиско размислување, способност да проценат ризици и да направат брзи и вистински одлуки под притисок. Овие вештини се многу важни и ќе им помогнат како во секојдневниот живот, така и во нивната професионална кариера.
Освен спортот и активниот начин за живот, една од најмудрите одлуки на младите претставува и вистинскиот избор на банка што ќе биде вистински пријател и поддржувач на нивниот развој и клучен чекор за нивната финансиска стабилност и успех во иднина. Следејќи ги потребите на младите и нивниот динамичен стил на живот, Халкбанк АД Скопје креираше нов, иновативен банкарски пакет Halk EZ (Halk Easy), кој што е прилагоден на стилот и животните навики на секој современ млад човек. Покрај низата финансиски услуги и поволности, пакетот претставува и платформа за едукација, забава, дружење и вмрежување, а идејата е Halk EZ да прерасне во платформа што ќе овозможи сосема поинакво, брзо и лесно банкарско искуство. Нуди голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на возраст од 16 до 24 години: бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка без надоместок за годишна членарина, со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги како GarminPay, SmartSend и SmartCash.
И додека спортот ги учи младите да носат паметни и одлуки, така ХалкЕз им помага да направат мудри финансиски избори.
Останато
Новиот рок за поднесување на ДДВ пријавите е 27 април
Управата за јавни приходи ги потсети даночните обврзници дека рокот за поднесување на пријавата за данок на додадена вредност, образец ДДВ-04, за периодите од 1 јануари до 31 март 2026 година и од 1 март до 31 март 2026 година првично е утврден на 25 април.
Бидејќи овој датум паѓа во неработен ден, крајниот рок се поместува на 27 април 2026 година, понеделник.
Според податоците на УЈП, досега се поднесени 13.934 пријави од вкупно очекувани 42.605, односно околу една третина од вкупниот број месечни и тримесечни пријави.
Од институцијата апелираат обврзниците да не го чекаат последниот момент и навремено да ја поднесат документацијата, со цел да се избегнат можни казни и дополнителни трошоци. Воедно, навременото поднесување овозможува поефикасна обработка и подобро планирање на деловните активности.
Останато
Флекс Кредит со награди за клиенти во пресрет на Superior Runs во Штип
Флекс Кредит повторно се вклучува како спонзор на тркачкиот настан Superior Runs, најавувајќи дополнителни активности и награди за граѓаните во пресрет на трката.
Компанијата информира дека во периодот од 20 до 25 април, покрај спортската атмосфера поврзана со настанот, ќе понуди и промотивна акција во своите филијали во Штип. Според најавата, секој клиент со одобрен кредит во овој период ќе добие вредна награда.
Од Флекс Кредит посочуваат дека целта е да се внесе дополнителна динамика и позитивна енергија, поврзувајќи го спортскиот дух со активности насочени кон клиентите.
Акцијата ќе се реализира во филијалите на компанијата во Штип, каде граѓаните ќе можат да се информираат за условите и да учествуваат во промотивната понуда.
Флекс Кредит и годинава ја продолжува својата поддршка на Superior Runs, како дел од активностите за поддршка на спортски настани и локалната заедница.
Берза
Намалување на цените на горивата: бензините и дизелот поевтинуваат за 1,5 денари
Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13 проценти во однос на претходната одлука од 14 април.
Според новата пресметка, од 21 април 2026 година од 00:01 часот, цените на бензините и дизелот се намалуваат за 1,5 денари за литар. Новите максимални малопродажни цени ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 80,50 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 82,50 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94,00 денари за литар
Истовремено, цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари и ќе изнесува 97,00 денари за литар, додека мазутот М-1 НС поевтинува за 2,939 денари по килограм и ќе се продава по цена од 46,288 денари за килограм.
Одлуката е донесена врз основа на намалувањето на референтните цени на светските пазари, каде во споредба со претходната пресметка цените на бензините се пониски за 1,8 проценти, на дизелот за 9,6 проценти, на екстра лесното масло за 8,2 проценти, а на мазутот за 6,5 проценти.
Во пресметката се вклучени и повластената стапка на ДДВ од 10 проценти (освен за мазутот и дизелските фракции), како и намалените износи на акцизите – за еуродизелот за 4 денари по литар и за бензините за 2 денари по литар.
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециХалкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Павле Гацов | Готовината и сивата економија „јадат“ 500 милиони евра годишно




