Банки
Билал Суџубаши по осум години на чело на Халкбанк АД Скопје заминува на нова функција
По осум успешни години на чело на Халкбанк АД Скопје, главниот извршен директор Билал Суџубаши ја продолжува својата професионална кариера како прв човек на Halkbank Katilim во Турција. Одборот на директори на Халкбанк Туркије во мај оваа година донесе одлука за формирање партиципативна банка со филијали, назначувајќи го Суџубаши со неа да раководи во наредниот период.
Суџубаши е на чело на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје од 2017 година, а неговиот мандат лани беше продолжен за нови две години. Во текот на неговото раководење, Халкбанк ја зацврсти својата позиција на македонскиот банкарски пазар и се етаблираше како растечки и стабилен бренд што ја реализира својата глобална визија преку понуда на иновативни производи и услуги, паралелно со континуирано зголемување на довербата од страна на клиентите, што е најголемиот показател за успешноста.
Кога Суџубаши застана на чело на банката, на крајот на 2016 година активата на Халкбанк изнесуваше 582 милиони евра, а 2024 година банката ја заврши со актива од 1.852 милиони евра како резултат на органски раст, зголемена деловна активност и силна доверба на пазарот. Халкбанкденес е една од системски значајните банки во земјата која чекор по чекор се приближува до трите најголеми банки.
Банката изминатите години бележеше постојан раст на депозитната база и на кредитирањето, остварувајќи значајни профити. 2024 година банката ја заврши со кредитно портфолио од 1,17 милијарди евра што е за речиси 170 милиони евра повеќе од 2023, депозитна база од 1,325 милијарди евра, што е раст од 241 милиони евра и остваренането добивката од над 30 милиони евра.
Халкбанк како предводник во дигитализацијата на банкарскиот сектор во земјава, во изминативе години посвети големо внимание и на воведување услуги базирани на новите технологии и меѓу првите воведе низа дигитални производи и иновации.
Халкбанк е и прв избор за новоформирани компании, препознатлива по својата иновативност и лидерска позиција во воведување нови услуги.
Под водство на Суџубаши, банката посвети и сериозно големо внимание на општествената одговорност и поддршка на заедницата, станувајќи препознаена како еко ориентирана институција и како банка која придонесува за отворање и решавање на низа општествени и социјални теми. Но, најважно од се, Халкбанк под неговото раководство стана препознаена како бренд и компанија која се води и функционира во согласност со својот слоган – ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО.
Банки
Алта Банка започна со исплата на февруарските пензии
Алта Банка АД Битола ги информира своите клиенти дека исплатата на пензиите за февруари започна од 27 февруари 2026 година.
Средствата се веќе достапни на трансакциските сметки на пензионерите и можат да се подигнат во сите филијали на Банката, согласно вообичаената банкарска процедура.
Со оваа активност, Алта Банка обезбедува навремена, сигурна и ефикасна исплата на пензиите, со цел олеснет пристап до средствата за своите клиенти.
Банки
Комерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за февруари од денес (петок, 27 февруари).
Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата веднаш, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат.
За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 27 февруари и во секој работен ден после тоа.
Мапата со филијалите и експозитурите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch
Оваа мерка ја гарантира навремената и сигурна исплата на пензиите и ја олеснува пристапноста до средствата за сите корисници на услугите на Банката.
Банки
Халкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
Халкбанк АД Скопје ја известува јавноста дека пензиите за февруари 2026 година се веќе достапни за подигање.
Пензионерите можат да ги примат средствата на своите трансакциски сметки во сите филијали на Банката, преку банкомати, како и електронско и мобилно банкарство.
За корисниците кои дале согласност, подигањето на пензиите е можно и преку поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.
-
Интервјуапред 2 месециСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециГувернерот Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Останатопред 2 месециБугарија од денес официјално го прифаќа еврото
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Банкипред 2 месециНародна банка: Натамошен динамичен раст на дигиталните плаќања

