Connect with us
no baners

Бизнис

Финансиските друштва пред нови правила: Кредитите ќе се исплаќаат само на трансакциска сметка

Објавено

на

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за финансиските друштва со кои се предвидува заострување на контролите и воведување нови правила за работа на овие компании.

Според најавите, една од клучните промени е укинувањето на можноста кредитните средства да се исплаќаат во готовина. Во иднина, исплатата на кредити ќе се врши исклучиво преку банкарска сметка, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и следливост на финансиските трансакции.

Предложените измени предвидуваат и формирање задолжителни внатрешни тела во финансиските друштва, меѓу кои одбор за внатрешна ревизија, одбор за кредитен ризик и надзорен одбор. Дополнително, отворањето нови деловни простории ќе биде условено со претходна согласност од Министерството за финансии и исполнување на пропишани критериуми.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во интервју за Телма изјави дека потребата од законските измени произлегла од спроведените контроли, при кои биле утврдени слабости и недоречености во постојната регулатива.

Таа посочи дека дел од контролите откриле неправилности во работењето на одредени финансиски друштва, а во поединечни случаи биле преземени и санкции, вклучително и одземање лиценци. Како што нагласи, значаен придонес во откривањето на неправилностите имале и пријавите од граѓаните.

Со новите законски решенија, Министерството за финансии очекува да се зајакне надзорот врз секторот и да се воспостават повисоки стандарди за работење на финансиските друштва.

Бизнис

Бензините поевтинија, дизелот со повисока цена од полноќ

Објавено

на

Од полноќ на сила се новите цени на горивата, со кои бензините бележат намалување, додека дизелот поскапува.

Според новиот ценовник, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 86 денари по литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88 денари за литар. И двата бензина се поевтини за 2 денари во однос на претходните цени.

За разлика од нив, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 1,50 денари и од денеска се продава по цена од 87 денари за литар.

Новите малопродажни цени стапија во сила од 00:01 часот.

Продолжи со читање

Бизнис

ЕУ се договори за европски дигитален деловен паричник за полесна прекугранична комуникација

Објавено

на

Земјите-членки на Европската Унија постигнаа договор за воспоставување европски деловен паричник, дигитална алатка која треба да ја поедностави и обезбеди прекуграничната комуникација меѓу компаниите, како и меѓу бизнисите и јавната администрација.

Новото решение ќе им овозможи на компаниите да дигитализираат голем број административни процеси и безбедно да разменуваат документи при работење во различни земји од Унијата.

Според претставниците на ЕУ, деловниот паричник ќе придонесе за намалување на административните бариери, зајакнување на единствениот пазар и поттикнување на конкурентноста и иновациите во европската економија.

Компаниите што ќе го користат системот ќе можат дигитално да го потврдуваат својот деловен идентитет, да складираат и споделуваат доверливи документи, како и електронски да потпишуваат дозволи, сертификати и други официјални документи. Предвидена е и можност за пренесување овластувања на законски застапници.

Дополнително, алатката ќе овозможи сигурна комуникација со други компании и институции преку единствен дигитален канал.

Од Советот на ЕУ нагласуваат дека европскиот деловен паричник нема да ги замени постојните национални системи за комуникација меѓу компаниите и јавните институции, туку ќе функционира како нивно дополнување. Новиот дигитален модел ќе има ист правен статус како и традиционалните процедури базирани на хартиена документација.

За зајакнување на сајбер-безбедноста, ЕУ воведува построги критериуми за давателите на услуги, а националните регулатори ќе имаат рок од 60 дена за оценување на поднесените барања.

Целта на европските институции е политички договор за проектот да биде постигнат до крајот на годинава, по завршувањето на преговорите со Европскиот парламент.

Продолжи со читање

Бизнис

Iute и Техномаркет со нова акција: Ваучер од 2.000 денари за купувања над 20.000 денари

Објавено

на

Компанијата Iute Macedonia започна нова промотивна акција во соработка со Техномаркет, преку која купувачите можат да добијат дополнителен попуст од 2.000 денари.

Понудата важи за сите купувања во Техномаркет направени преку услугата iute flexi, а услов е вредноста на сметката да надминува 20.000 денари. Купувачите имаат можност производите да ги платат на повеќе месечни рати и притоа да добијат ваучер со дополнителен попуст.

Од Iute посочуваат дека акцијата е наменета за оние кои планираат да го уредат или обноват својот дом со нов мебел, техника или апарати за домаќинство, правејќи ги потребните производи подостапни за граѓаните.

Повеќе информации за понудата и производите се достапни преку продажната мрежа и онлајн платформата на Техномаркет.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange