Connect with us

Банки

Ангеловска-Бежоска: Западен Балкан има понизок БДП за 18% поради помала вклученост на жените

Објавено

на

Малата инволвираност на жените во општеството, не значи само загуба за самите жени, туку значи загуба за целото општество, порачува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Блумберг Адриа“. Согласно спроведена анализа на Светската банка,  економиите во регионот на Западен Балкан губат во просек околу 18% од БДП поради помалата вклученост на жените во економијата. За да се подобрат состојбите потребен е холистички пристап во креирање на политики кои ќе го подобрат квантитативното и квалитативното учество на жените во работната сила, а со тоа ќе се придонесе кон економскиот раст и унапредување на животниот стандард, истакнува гувернерката.

Стапката на активност на жените во регионот на Западен Балкан во просек е околу 45%, додека во ЕУ оваа стапка е околу 70%, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска. Кај нас, податоците се слични, со стапката на активност на жените од околу 45-46%, за разлика од стапката на активост кај мажите којашто е околу 65%, што покажува голем јаз од околу 20 п.п. „Не само што жените се помалку активно вклучени на пазарот на трудот, туку и оние кои се вклучени, се помалку застапени во управувачките структури во корпоративниот сектор, во јавниот сектор и слично. Ако ги погледнеме последните податоци објавени од страна на Берзата, учеството на жените во раководните структури, во котираните компании во 2023 година е околу 23%, што е релативно мала бројка“, истакнува гувернерката.

Гувернерката посочува и на податоците дека кај нас учеството на работоспособното население во вкупното население низ годините се намалува, што укажува дека постои структурен проблем со недостиг на човечки потенцијал, кој е еден од клучните фактори за раст. Од друга страна, има голем потенцијал кај жените кои не се активни. Оттаму, треба да се преземат политики за нивно активирање на пазарот на труд.

Народната банка во соработка со Европската банка за обнова и развој ќе работи на проект во насока на поголема финансиска инклузија на жените, најавува Гувернерката. Народната банка ќе биде национален координатор на овој проект, во кој ќе бидат вклучени повеќе институции, во зависност од надлежностите. Целта на проектот е да се овозможи поголема вклученост на жените во општеството, особено да се помогне на жените во сферата на претприемништвото, што подразбира поголем пристап до финансии.

Ангеловска-Бежоска во интервјуто истакна и дека Народната банка е добар пример во земјата, но и во меѓународни рамки, каде застапеност на жените е висока, вклучително и во раководните функции, во просек околу 70%. Ова е препознаено и неколку години наназад од страна на британскиот тинк-тенк ОМФИФ, кој ја рангира нашата централна банка како прва во светот според број на раководни позиции исполнети од жени.

Банки

Даниела Ѓоршевска нов член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Нова промена во органите на управување на Стопанска банка а.д. Битола. Банката преку соопштение на Македонска берза известува промени во органите на управување на Банката.

„Врз основа на Одлука од Надзорен одбор бр. 02-14266/1/II-3 од 22 ноември 2024 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-758/1 од 10 јануари 2025 година, за член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е именувана м-р Даниела Ѓоршевска“, се вели во соопштението на Стопанска банка а.д. Битола објавено на Македонска берза.

Според податоците за новоименуваниот член на Управниот одбор, м-р Даниела Ѓоршевска досега била на позицијата Раководител на сектор за финансиско сметководство и надворешно известување во Стопанска банка а.д. Битола.

Истовремено, од Стопанска банка а.д. Битола известуваат дека д-р Гордана Балтовска повеќе не ја извршува функцијата член на Управен одбор.

Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола во моментов го сочинуваат:

  • Александра Радевска – Претседател и член на Управeн одбор;
  • м-р Даниела Ѓоршевска – член на Управeн одбор;
Продолжи со читање

Банки

Континуиран растечки тренд на користењето на дигиталните канали за извршување на електронските плаќања

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија ги објави податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2024 година, кои покажуваат постојан тренд на зголемена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата. Овие податоци се особено значајни, бидејќи ја истакнуваат промената во навиките на граѓаните во насока на сѐ поголема  употреба на платежните картички при иницирање на плаќањата, како и  користење на решенијата за мобилно плаќање кај електронските кредитни трансфери (платните налози). 

Во третиот квартал од 2024 година се забележува  значителен годишен раст кај бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во трговијата во земјата. Трансакциите  со картички, издадени од домашните даватели на платежните услуги, пораснале за 10,2% по број и за 13,6% по вредност. Овој раст најмногу се должи на високиот годишен раст на бројот на плаќањата во е-трговијата во земјата, кој изнесува 29,2%, како и растот од 8,8% на плаќањата преку терминалските уред ПОС.

Покрај тоа, забележан е и годишен раст во бројот на  плаќањата на граѓаните со платни налози. Бројот на платежните трансакции се зголемил за  9,9%, а вредноста на остварените трансакции пораснала за 22,2%. Ова укажува на натамошно зголемување на употребата на дигиталните канали за иницирање на овие плаќања. Најзначајни се резултатите од употребата на апликациите за мобилно плаќање, кои покажуваат годишен раст од 50,2% во бројот на платежните трансакции споредено со истиот период од 2023 година. Во рамките на овие податоци, се истакнува податокот дека граѓаните извршиле 65% од вкупниот број електронски иницирани платни налози преку мобилните платежни апликации, што покажува дека мобилните апликации за плаќање стануваат сѐ попопуларни, бидејќи нудат побрзи и поедноставни решенија за  иницирање на платежните трансакции.

Податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2024 година, освен што ги опфаќаат платежните трансакции на граѓаните во земјата, вклучуваат и податоци за платежните трансакции на правните лица во земјата. За повеќе информации, податоците се достапни на следнава врска.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка ќе финансира 11 нови проекти за подобрување на условите во општеството за лицата со попреченост

Објавено

на

На денот кога го прослави јубилејниот 80. роденден, Стопанска банка ги објави добитниците на нови 11 грантови за асоцијации на лица со пречки во развојот како дел од шестото издание на општествено-одговорната кампања „Сонуваме.Менуваме“. Оваа долгогодишна кампања на Банката е наменета за подигнување на јавната свест за поголема инклузија на лицата со попреченост и градење подобро општество за сите.

Доделените грантови се во вкупна вредност од 30.000 евра и се наменети за реализација на различни проекти со кои се подобруваат и олеснуваат условите во општеството за лицата со попреченост. Стопанска банка, како и во годините претходно, објави јавен повик до сите асоцијации, училишта и здруженија на лица со попреченост, при што пристигнаа 26 барања.

Специјална комисија на Банката ги оценуваше сите пристигнати барања, по што избра 11 проекти кои ќе бидат реализирани во следните месеци со финансиска поддршка на Стопанска банка и со кои значително ќе се подобрат условите за секојдневна дружба, социјализација и едукација на децата со пречки во развојот низ земјата. Добитниците на грантовите и нивните проекти се објавени на веб-страницата на Стопанска банка. Преку платформата „Сонуваме.Менуваме“, во оваа и претходните години, Стопанска банка има инвестирани над 115.000 евра за реализација на повеќе од 60 инклузивни проекти.

Во рамки на шестото издание на „Сонуваме.Менуваме“ вчера се реализираа и две прикажувања на музичко-театарскиот спектакл „Необичен ден“ во кој главните ликови се омилените јунаци од „5+ Фамилија“ заедно со деца со попреченост. Со впечатлива игра на актерите и нивните пријателчиња со попреченост, колоритни костими, одлична музика и спектакуларни визуелно-сценски елементи, учесниците во „Необичен ден“ пред многубројната публика уште еднаш ја пренесоа пораката дека сите заедно треба да влијаеме на менување на свеста за значењето на инклузијата, со што ќе создаваме свет без предрасуди и поделби.

Претставата „Необичен ден“, зад која стојат Стопанска банка во соработка со ОXО продукција,  ќе се прикажува во Македонскиот народен театар (МНТ) и во јануари.

Продолжи со читање

Популарно