Кариера
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
Доколку сакаш да ги оствариш твоите желби и амбиции за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.
Работна позиција: Помлад соработник – Cashier
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.
Работно време: 40 часа неделно.
Почетна основна нето-плата: 34,890.00 денари
Огласот важи до: 27.12.2024 година
Работни цели и задачи:
- Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет
- Понуда на депозитни производи
- Промоција и продажба на банкарски производи
- Брз трансфер на пари
- Менувачко работење
- Учество во промотивни кампањи
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економските науки
- Познавање на англиски јазик и MS Office алатки
- Со или без работно искуство
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност
- Прецизност во извршување на работните задачи
- Ориентираност кон потребите на клиентите
- Адаптибилност во динамична работна средина
- Комуникациски вештини за работа во тим
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции
- Доброволно приватно здравствено осигурување
- Програма за спорт и рекреација
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Би бил одличен дел од тимот ако ги поседуваш потребните вештини, се препознаваш во овие вредности и имаш силна мотивација за успех.
Аплицирај на: веб страницата на Банката на следниот линк https://kb.mk/vrabotuvanje.nspx#!#jobs , преку e-mail: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Помлад соработник – Cashier”.
Телефон за контакт: (02) 3168-412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на твојата апликација за работа согласен со твоите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, твоите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.
Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.
Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.
Кариера
Стопанска банка бара агент за грижа на корисници
Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.
Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.
Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.
Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.
Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
