Криптовалути
БИТКОИНОТ НАДМИНА 100.000 долари – Што велат експертите за историската цена на биткоинот!?
Вредноста на биткоинот го надмина прагот од 100.000 долари за прв пат во неговата историја. Оваа вредност најголемата криптовалута ја достигна само неколку часа откако новиот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека ќе го номинира Пол Аткинс, да ја води Комисијата за хартии од вредност.
Аткинс е познат како голем поддржувач на криптовалутите.
Најголемата криптовалута во светот последно се тргуваше по цена од 103.225 американски долари за еден биткоин.
Од победата на Доналд Трамп на 5 ноември, цената се зголеми за околу 45%, поттикната од енормните вложувања кои придонесоа наплив на капитал во американските фондови кои тргуваат со биткоин попознати како Биткоин спот ЕТФ (Exchange-Traded Funds).
Историски највисоката цена на биткоинот предизвика различни реакции од експертите, кои истакнуваат значајни аспекти на овој раст и потенцијални последици за криптоиндустријата.
Шоки Омори, главен стратег во јапонскиот „Mizuho Securities“: „Индивидуалните инвеститори мора да бидат возбудени кога ќе видат дека цената на биткоинот достигна вредност од над 100.000 долари по веста дека Пол Аткинс е номиниран за претседател на Комисијата за хартии од вредност на САД. Пазарите беа во исчекување на одлуката Гери Генслер да се повлече и да дојде некој којшто е помалку агресивен во однос на крипто регулативите. Се разбира, ова не значи дека вредноста на биткоин ќе расте засекогаш, бидејќи ќе има ситуации кога инвеститорите ќе повлекуваат профит.
„Мислам дека ако биткоин профитираше најмногу досега, време е и другите криптовалути да го следат темпото на биткоинот, како што е етериум. Крипто заедницата бара позитивни наслови за да ги подигне цените на криптовалутите на уште повисоко ниво.“
Џеф Меи, крипто аналитичар и косопственик во „BTTSE“, Хонг Конг: „Порастот на биткоинот на ниво од над 100.000 долари не е само пресвртница, туку тоа претставува клучен момент за индустријата за криптовалути.
„Довербата во биткоинот расте, поттикната од сè поповолното регулаторно опкружување во САД, особено со назначувањето на Пол Аткинс за претседател на Комисијата за хартии од вредност на САД.
„Гледајќи напред, биткоинот би можел да достигне уште поголеми височини бидејќи повеќе институции почнуваат да го перцепираат како реално остварлива вредност (store of value) и се повеќе да вложуваат средства во Биткоин спот ЕТФ фондовите. Исто така, очекувам се повеќе институции и физички лица да почнат да вложуваат средства во Етериум спот ЕТФ фондовите, кои се уште не се толку популарни како оние на Биткоинот“.
Џеф Кендик, глобален раководител на истражување на дигитални средства во „Standard Chartered“: „На крајот на денот, тоа е само бројка…но реалноста е дека успеавме да дојдеме до ова ниво благодарение на институционализирањето на крипто индустријата особено оваа година, со значителен прилив на средства преку Биткоин спот ЕТФ фондовите (Exchange-Traded Funds).“
„Околу 3% од вкупната понуда на биткоини што се во оптек биле купени во 2024 година од институционални пари преку ЕТФ фондовите“.
Тони Сајкмор, крипто аналитичар, „IG Sydney“: „Откако ги помина минатите 12 сесии работејќи на прекумерно купените читања и обнова на енергијата, Кралот на крипто секторот денес го надмина своето патување и достигна вредност од над 100 илјади долари во тргувањето.
Ова веројатно ќе биде катализатор за следниот бран на купување на моментум што ќе го одведе кон следната психолошка граница од 105 илјади долари, пред да тргне кон 120 илјади долари во 2025 година.“
Кајл Рода, виш аналитичар на финансискиот пазар „Capital.com-Melbourne“: „Тоа е огромeн пресврт за вистинските верници и веројатно доказ за легитимитет на имотот. Ако зборуваме каде ќе стигнеме почнувајќи од тука, има причина да веруваме дека вредноста на биткоинот може да продолжи да расте.
Криптовалути
Биткоинот се задржа над 65.000 долари, надежите за договор меѓу Иран и Оман ги смирија пазарите
Биткоинот се стабилизираше над нивото од 65.000 долари на почетокот на неделата, откако извештаите дека Иран би можел да постигне договор со Оман за повторно отворање на Ормускиот Теснец ги намалија стравувањата на инвеститорите и ги поттикнаа ризичните средства.
Најголемата криптовалута по пазарна капитализација поскапе за 0,54 отсто и достигна 65.209 долари, додека етерот порасна за 0,86 отсто, на 1.925 долари. Позитивното расположение се пренесе и на традиционалните пазари, при што фјучерсите на индексот Nasdaq 100 забележаа раст од 0,45 отсто.
Инвеститорите реагираа на шпекулациите дека Техеран е подготвен да постигне договор со Оман кој би овозможил повторно отворање на Ормускиот Теснец, една од клучните светски рути за транспорт на енергенси.
На криптопазарот вниманието сега е насочено кон тоа дали биткоинот ќе успее да продолжи кон зоната меѓу 68.000 и 72.000 долари. Таквото движење би можело да отвори простор за поголем прилив на капитал и во алткоините.
Податоците од пазарот на деривати покажуваат благо подобрување на расположението. Долгите позиции учествуваат со околу 52 отсто во обемот на тргување со криптофјучерси, што укажува на зголемени очекувања за раст.
Истовремено, активноста кај биткоин фјучерсите останува умерена, а отворениот интерес повторно падна под 750.000 BTC. Кај етерот, отворениот интерес се намали на 13,35 милиони токени, најниско ниво од 3 мај.
Меѓу алткоините, PUMP порасна за 5,39 отсто, Ethena за 4,84 отсто, а NEAR за 3,79 отсто. Worldcoin забележа раст од околу 13 отсто во последните 24 часа, иако и натаму се наоѓа значително под својот историски максимум.
Индексот на CoinMarketCap за таканаречената „алткоин сезона“ изнесува 37 од 100 поени, што покажува дека вниманието на инвеститорите и понатаму во голема мера останува насочено кон биткоинот.
Криптовалути
Црвен ден за криптопазарот: Биткоинот и водечките криптовалути повторно во минус
Криптопазарот денеска забележа претежно негативно движење, при што најголем дел од водечките дигитални средства ја завршија трговската сесија во негатива. Инвеститорите остануваат претпазливи поради неизвесноста на глобалните финансиски пазари и очекувањата за нови макроекономски сигнали.
Биткоинот, како најголема криптовалута според пазарната капитализација, се тргуваше по цена од 64.321 долар, што претставува дневен пад од 0,62%. И Етереум забележа благо намалување, при што неговата вредност се спушти на 1.900,17 долари, или 0,38% пониско во однос на претходниот ден.
Поголеми загуби беа регистрирани кај останатите водечки криптовалути. „BNB“ ја намали вредноста за 1,06%, „Solana“ загуби 1,49%, додека „XRP“ го забележа најголемиот дневен пад меѓу најтргуваните дигитални средства, намалувајќи се за 2,43%.
Од друга страна, стабилните криптовалути „Tether“ (USDT) и „USD Coin“ (USDC) останаа речиси непроменети, задржувајќи ја вредноста околу еден американски долар.
Според пазарните аналитичари, актуелните движења претставуваат дел од краткорочна корекција, додека инвеститорите внимателно ги следат економските показатели, движењето на американскиот долар и можните нови регулаторни мерки кои би можеле да влијаат врз криптопазарот.
Криптовалути
Биткоинот пред клучен тест: Пробив над 64.500 долари може да донесе нов раст
Биткоинот на 30 јули продолжува да се движи во тесен ценовен опсег меѓу 63.180 и 64.500 долари, додека инвеститорите го очекуваат следниот посилен пазарен потег.
Според техничката анализа, за продолжување на растот потребен е убедлив пробив над отпорот од 64.500 долари. Доколку купувачите успеат да ја задржат цената над ова ниво, следната цел би можела да биде околу 65.700 долари.
Од друга страна, пад под границата од 63.000 долари би можел да го зголеми продажниот притисок и да ја насочи цената кон 61.709 долари.
Индексот на релативна сила изнесува 45,46 поени, што покажува дека продавачите имаат мала предност, но биткоинот сè уште не е во зоната на прекумерна продажба. Другите технички показатели даваат мешани сигнали, при што дел од нив укажуваат на присутна побарувачка, а дел на слаб краткорочен моментум.
Неутралното сценарио предвидува биткоинот да остане меѓу 63.180 и 64.500 долари, сè додека купувачите или продавачите не воспостават појасна контрола врз пазарот.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово
-
Банкипред 2 месециНов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули





