Банки
Halk EZ Cashback за младите со динамичен стил на живот
Појадок во пекара, на вежбање барем два пати неделно, ручек или вечера во ресторан, во кино со друштвото, на супер забава во ноќен клуб. Халкбанк започна нова Cashback кампања за младите на кои овие активности им се дел од неделната рутина. Сите корисници на Halk EZ пакетот кои плаќаат со Visa PayWave дебитната картичка, а и корисниците на Visa Platinum дебитните картички имаат можност да добијат 10% поврат на средства (cash back) за трансакциите направени на одредени продажни места низ земјата.
Кампањата важи за плаќања на локации како ресторани и други места за јадење, пекари, дискотеки и ноќни клубови, кино сали и центри за вежбање. Оваа Cashback акција започна на 15 декември и ќе трае до 15 март. При тоа, корисниците имаат можност да добијат поврат на средства до 1.000 денари на секои 30 дена од времетраењето на кампањата.
Halk EZ пакетот е креиран за да им понуди на младите ново банкарско искуство кое е прилагодено на нивниот динамичен начин на живот. Со новата Cashback кампања, на младите лица на возраст од 16 до 24 години, корисници на ХалкЕз пакетот практично им е овозможено и да заштедат додека уживаат во нивните омилени активности или се забавуваат со друштвото.
Повратот на средствата ќе се реализира по завршувањето на секој месец од стартот на кампањата директно на платежната сметка на корисникот. При тоа, важно е да се напомене дека оваа акција важи само за трансакции направени на ПОС терминали во одредените локации.
Преку оваа Cashback кампања, Халкбанк ја наградува лојалноста на членовите на Halk EZ заедницата. Пакетот Halk EZ (Halk Easy) е иновативен банкарски пакет за млади со голем број поволности и динамични содржини. Пакетот опфаќа бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење, и иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.
Банки
АЛТА Банка Белград го зголеми уделот во АЛТА банка Битола на 95,266%
АЛТА БАНКА АД Белград дополнително ја зацврсти својата сопственичка позиција во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со уште 60 обични акции од македонската банка.
По последната трансакција, белградската банка располага со вкупно 372.468 обични акции, односно со 95,266 отсто од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола.
Известувањето е објавено согласно Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, кои предвидуваат објавување на промени кај акционери со значителни удели.
Банки
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 1 октомври
Комерцијална банка АД Скопје информира дека исплатата на септемвриските пензии ќе започне од четврток, 1 октомври.
Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со својата пензија истиот ден. Од банката препорачуваат средствата да се користат безбедно и удобно, преку безготовинско плаќање во продавници или онлајн, како и преку подигнување готовина од банкомат.
За пензионерите кои сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 1 октомври и во секој работен ден после тоа.
Од Комерцијална банка посочуваат дека мапата со локациите на филијалите и експозитурите е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch
Банки
Базелскиот комитет предупредува: Финансиските ризици стануваат сè поповрзани
Ризиците во глобалниот финансиски систем стануваат сè поповрзани, додека меѓународната соработка меѓу банкарските супервизори слабее, предупреди претседателот на Базелскиот комитет за банкарска супервизија, Ерик Тедеен.
Говорејќи на Меѓународната конференција на банкарски супервизори во Бали, Тедеен посочи дека фрагментацијата на глобалната супервизија може да го отежне навременото препознавање и управување со ризиците кои лесно се пренесуваат од една земја и финансиски пазар на друг.
Според него, послабата меѓународна координација може да создаде и поголем простор за таканаречена регулаторна арбитража, односно финансиските институции да ги насочуваат активностите кон пазари каде што правилата и надзорот се поблаги.
Посебен предизвик претставуваат новите технологии, вклучително и вештачката интелигенција, кои можат да создадат нови видови ризици и да ја зголемат меѓусебната поврзаност на финансиските институции.
Базелскиот комитет истовремено продолжува да инсистира на целосна примена на реформите познати како Базел III, воведени по глобалната финансиска криза со цел банките да располагаат со поголем капитал и подобра заштита од идни финансиски шокови.
Пораката до банкарскиот сектор е дека во услови на геополитички тензии, технолошки промени и сè поголема поврзаност на финансиските пазари, националниот надзор сам по себе не е доволен и дека прекуграничната соработка останува клучна за финансиската стабилност.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот





